Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FAST
1Директорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FAST
СветИДФ: 200 авиони учествувале во досега најголемиот воздушен напад на военото воздухопловствоИзраелските воздухопловни сили соопштија дека денеска ја извршиле својата досега најголема воена операција во Иран со околу 200 борбени авиони.Опсежните напади беа насочени кон иранските балистички ракетни фрлачи и системи за воздушна одбрана, соопшти израелската војска. ИДФ наведува дека борбените авиони фрлиле стотици муниции врз околу 500 ирански воени цели во западен и централен Иран, речиси симултано, во утринските часови како дел од операцијата. „Ова е најголемиот воздушен напад во историјата на израелските воздухопловни сили, извршен по детално планирање со висококвалитетни разузнавачки податоци, синхронизирајќи стотици авиони истовремено“, се вели во соопштението на војската. ИДФ соопшти дека нападите врз иранските системи за воздушна одбрана „овозможија проширување на воздушната надмоќ над иранското небо и му зададоа тежок удар на централниот офанзивен капацитет на режимот – локациите за лансирање во западен Иран“. Една од локациите што беше погодена во областа Табриз служела на иранската единица за балистички ракети, „и оттаму се планирало лансирање на десетици ракети кон Израел“, соопшти ИДФ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на БЈБ Александар Јанев учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на проектот EU4FASTНа состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција.Денеска (02.11.2026), во Скопје, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, учествуваше на состанокот на Управувачкиот комитет на регионалниот ИПА-проект на Европската Унија „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан“ – EU4FAST. На состанокот беа разгледани постигнатите резултати, тековните активности и идните приоритети на проектот, со акцент на унапредувањето на регионалната соработка и зајакнувањето на капацитетите на македонската полиција. Директорот Јанев истакна дека вложувањето во знаење, професионална експертиза, современа опрема и технологија е клучно за модернизација на безбедносните институции и поефикасно справување со современите безбедносни предизвици. Преку обуки, размена на искуства и донации на опрема, проектот придонесува за поефикасна гранична контрола, поквалитетни истраги за трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како и поуспешно откривање на нелегалните финансиски текови. Јанев ја нагласи важноста од отворена и ефикасна меѓународна соработка, поинтензивна размена на информации и координирани истраги, истовремено истакнувајќи ја посветеноста на македонската полиција на почитувањето на човековите права, владеењето на правото и заштитата на жртвите на трговија со луѓе. Директорот Јанев упати благодарност до Европската Унија и земјите членки за поддршката, нагласувајќи дека македонската полиција останува активен и рамноправен партнер во зајакнувањето на регионалната безбедност и европската безбедносна соработка.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаСрамно: Телефонот на Трамп е само евтина копија (ВИДЕО)Тестот за издржливост ја откри реалноста зад новиот „телефон на Трамп“ – а резултатите се полоши од очекуваното.Зак Нелсон, од „YouTube“ каналот „JerryRigEverything“, го подложи паметниот телефон „Trump Mobile T1“ на тест за издржливост и целосно го расклопи. Тестот потврди дека, под пластичното куќиште во златна боја, хардверот е практично идентичен со оној на моделот „HTC U24 Pro“. „Trump Mobile T1“ и „HTC U24 Pro“ имаат ист облик и резолуција на екранот, стапка на освежување од 120 Hz, сличен распоред на камерите и главен модул на камерата од 50 MP. Дури и елементите во интерфејсот на камерата се целосно идентични. Стаклото на екранот почнува да се гребе на ниво 6 според Мосовата скала за цврстина, а подлабоки траги се појавуваат на ниво 7 – што е типичен резултат за модерен паметен телефон. Сепак, се покажа дека страничната рамка е изработена од пластика, исто како и задниот панел во златна боја, чиј слој може лесно да се изгребе со сечило. На куќиштето од телефонот, исто така, има погрешно прикажано знаме на САД – со 11 ленти наместо 13. Новинарите ја забележаа оваа грешка уште при првиот контакт со готовиот уред. Расклопувањето откри практично идентичен распоред на матичната плоча, камерите, системот за ладење и другите компоненти, како кај моделот „T1“, така и кај „HTC U24 Pro“. Разликите се главно козметички. Претходно, „iFixit“ понуди уште поубедлива потврда за потеклото на овој паметен телефон: матичната плоча од „HTC U24 Pro“ функционираше во моделот „T1“, па дури и го прикажуваше логото на „HTC“ при вклучувањето. „Trump Mobile“ првично го рекламираше уредот како производ произведен во САД, но подоцна го отстрани тоа тврдење и почна да ја користи фразата „Гордо американски“. Во септември, цената на телефонот исто така се зголеми – од 499 на 749 долари. Тестот на каналот „JerryRigEverything“ не беше првиот што го откри вистинското потекло на моделот „T1“, но јасно покажа до каде одат модификациите: всушност, станува збор за „HTC U24 Pro“ со поинаков пластичен панел, завршна обработка во златна боја и брендирање „Trump Mobile“. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 26.10.2026 до 30.10.2026 зема 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook