3 Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членството
Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
2Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
ЕвропаИдентификуван осомничениот за бомбашкиот напад врз украинскиот олигарх во МонакоВластите на Монако го идентификуваа осомничен за бомбашки напад во кој сериозно беа повредени украински мултимилионер Јермолијев, кој е под санкции на својата земја, и уште две лица. Францускиот весник „Фигаро“ и телевизијата BFMTV објавија дека истражителите веруваат дека осомничениот, кој бил снимен на безбедносните камери како носи црна рибарска шапка, всушност е жена која се обидела да се маскира како маж. Канцеларијата на државниот обвинител на Монако објави дека е издадена потерница за осомничената. Станува збор за странски државјанин кој повеќе не е на територијата на Монако. Властите, исто така, објавија и издавање црвена потерница од Интерпол. Во понеделникот вечерта, надзорните камери снимија лице како остава пакет на влезот од зграда во Монако. Кратко потоа се случи експлозија во која беа повредени три лица додека влегуваа во зградата. Истражителите го третираат случајот како обид за убиство, а не како терористички напад. По експлозијата во станбената зграда во близина на границата меѓу Монако и Франција, осомничената била видена како бега кон француската општина Босолеј. Јавниот обвинител на Монако, Стефан Тибо, одби да ги коментира наводите дека осомниченото лице е жена, но им се заблагодари на полициските сили на Монако и на Франција за соработката што овозможила „идентификација на лицето осомничено за извршување на нападот во многу краток рок“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаМицкоски и Филипче продолжија со размена на аргументи „За“ и „Против“ изградбата на дата центриПроспертитетна или погубна политика- изградбата на дата центри и денеска во фокусот на премиерот и лидерот на опозицијата.Проспертитетна или погубна политика- изградбата на дата центри и денеска во фокусот на премиерот и лидерот на опозицијата, Мицкоски и Филипче. Развојот е неповратен процес, опозицијата се однесува неодговорно и изолирано, изјави Мицкоски, кој рече дека и претседателот на САД Трамп им укажа на тие кои се противат дека економските придобивки од дата центрите се големи. Филипче пак ги повтори неговите аргументи дека загрозени ќе бидат водата и струјата. -Секогаш кога ќе појдете на Исток, особено во азиските земји, кога ќе ги видите хуманоидните роботи, кога ќе видите како функционираат современите сообраќајни решенија и кога ќе се соочите со тие технолошки достигнувања, тогаш се враќате со воодушевување. А кога овде Владата ќе ви каже: Ајде луѓе ние да направиме нешто’, е тогаш сте против, тогаш работата не чини. Така што, тие нека си продолжат со својот талог и со своето политичко мочуриште. Ние знаеме каде да ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет и иднина.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада -Ќе има ли вода за наводнување на земјоделските површини? Тоа никој не го кажува.. Пото а, ќе има ли потреба од увоз на струја? Јас мислам дека тоа е главната работа. Една од причините зашто ги дислоцираат или не дозволуваат развиените земји е затоа што има енормна неподнослива бука. Има нејонизирачно електромагнентно зрачење околу, кој ќе сака да живее во таква средина? - Венко Филипче – претседател на СДСМ Премиерот Мицкоски и лидерот на опозицијата разменија обввинувања и за јавниот долг на државата.. Филипче изјави дека вчера на Влада било усвоена потреба за ново задолжување од милијарда и 300 милиони евра, додека пак Мицкоски вели дека сега се враќаат стари долгови од времето на СДСМ и ДУИ. -Значи Владата повторно ја задолжува земјата, граѓаните, со нови 1,3 милијарда евра. Пари дополнително на оние 2,5 милијарди евра, со кои што го зголемија долгот на државата во изминатите две години. Пари кои што ќе ги враќаме сите ние, зашто поради нивните лоши економски политики.- Венко Филипче – претседател на СДСМ -2017 во споредба со 2026 година е три спрема еден во делот на каматите, а тоа е долгот што го остави тогашната влада – владата на СДСМ и ДУИ, и долгот што го плаќа оваа Влада, која го наследи од владата на СДСМ и ДУИ.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада Мицкоски ги обвини претходните влади дека не воделе сметка за добра фискална политика и смета дека ја уништиле македонската економија со потези како прогресивниот, а потоа и со солидарниот данок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВештакот Горан Марковски: Инспекторот можел и морал да дејствува „Пулс“ да биде затворенВо судницата во Идризово продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека Пулс.Одговарајќи на прашања на обвинетите, вештакот и професор Горан Марковски кажа дека пренамената, реорганизацијата на просторот, промените на електричната, водоводната и на канализациската инсталација и вградувањето несоодветни материјали непосредно влијаеле врз исполнување на основните барања за безбедност на дискотеката „Пулс“ . Професорот посочи дека во согласност со законот за градењето, надлежните органи морале да реагираат на незаконските зафати, но таква реакција изостанала сè до 16 и 18 март 2025 година кога првпат биле изготвени записници од инспекциски надзор за веќе опожарениот објект. На прашање на обвинетите Марковски рече дека градежниот инспектор имал право и обврска да побара објектот да се врати во првобитна состојба бидејќи немало проектна документација, немало одобрение од општината и дека објектот бил користен како дискотека, што носи висок ризик за безбедноста на посетителите. На паузата од рочиштето родителите на загинатите со емотивни пораки побараа одговорност и целосно расветлување на институционалните пропусти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Европа Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членствотоНе прифаќајте го наративот дека Европската Унија е пропаднат проект. По студениот туш од Исланд, кој пред три дена на референдум ја отфрли можноста да се врати на европскиот пат, еврокомесарката за проширување Марта Кос уверува дека Унијата е најмоќниот глобален политички проект. Во пресрет на 30-ти септември, кога Брисел треба да ја усвои новата стратегија за проширување, Кос од панел на Бледскиот Форум во Словенија објасни која е клучната цел на документот кој предвидува постепена интеграција, построги проверки на земјите кандидатки и нова методологија. -Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки како да се членки, пред да станат земји членки. Денеска треба да имплементирате 100 проценти за да станете членка. Имаме делови како СЕПА И како роаминигот, со кои им овозможуваме да ни се приклучат порано. Можностите се многу поголеми. , изјави Марта Кос, еврокомесарка за проширување. Кос на панелот ја отфрли можноста неколку земји членки од Западен Балкан одеднаш да влезат во Унијата, посочувајќи дека процесот се заснова на заслуги. Ги повика земјите од регионот да ги остават сенките од минатото и да се посветат на иднината. -Западниот Балкан е полн со отворени рани. Понекогаш политичарите наместо да користат бетантен крема за да ги залечат раните, тие ставаат сол, повторно и повторно и повторно за да ги отворат раните. Ве молам не прифаќајте го наративот дека ЕУ е изгубен случај. Toa e најдобриот политички проект што некогаш сме го имале во светот. Секако дека имаме проблеми, дека некогаш сме бирократи. , рече Кос А, токму забелешка дека Брисел проширувањето повеќе го гледа низ бирокатска, наместо низ стратешка логика, синоќа на Бледскиот форум упати и министерот Муцунски. -Вистинска пресвртница би било неколку земји од регионот да станат членки на Европската Унија. Тоа би било доказ дека термините ‘моментум’ и ‘прозорец на можности’, кои ги слушаме веќе неколку години, конечно се целосно разбрани и сфатени. Нашето единствено барање е европската интеграција да се гледа како модел за трансформација на институциите, а не како обид да се трансформира нашиот идентитет. , вели Муцунски. Европските медиуми денеска објавија дека 11 земји членки, меѓу кои и Германија и Франција, побарале да се стави крај на опструктивните вета, односно преоѓање од едногласно во гласање со квалификувано мнозинство во надворешната политика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter