Идентификацијата на жртвите ќе заврши за најмалку 7 дена, одземена лиценцата на „Беса транс"

Идентификацијата на 45-те загинати во завчерашната тешка сообраќајна несреќа ќе се прави откако ќе биде земен биолошки материјал од роднините на жртвите. 

Се очекува таа да трае најмалку седум дена и кога ќе заврши ќе биде организирано пренесување на нивните посмртни останки од Бугарија во земјава.

На средба со надлежниот главен обвинител, министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера во Софија разговарал да се забрза собирањето биолошки материјал од роднините, кој треба да се спореди со ДНК на жртвите, за што во Скопје ќе биде пратен бугарски тим истражители. По завршување на идентификувањето на загинатите, МНР односно државата, рече Османи, ќе ги преземе телата и ќе организира транспорт до Скопје.

Тој вчера ги посети и седумтемина патници кои ја преживеаја несреќата и рече дека се во стабилна и добра општа состојба, но дел од нив се во тешка психичка состојба и им е потребна професионална помош.

Тие се наоѓаат во софиската болница „Пирогов" – шест се хоспитализирани на Клиниката за изгореници и пластична хирургија и еден е на трауматологија и им се извршени сите потребни итни интервенции.

Нашето Министерството за здравство соопшти дека сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување, а потоа ќе се направи план за нивниот транспорт кон Скопје.

На истрагата за автобуската несреќа што завчера се случи на автопатот „Струма" работи бугарското Обвинителство, а шефот на дипломатијата очекува брзи резултати.

-Добив впечаток дека овде, во Обвинителството во Бугарија, е даден врвен приоритет на оваа истрага и дека сериозно се зафатени што побрзо да излезат со резултати. Се надевам дека оваа истрага ќе се одвива темелно за да се одредат вистинските причини за трагедијата, изјави Османи.

Со истражниот обвинител, рече, разговарале и за шпекулациите во однос на причините за несреќата, напомнувајќи дека тие се штетни за истрагата, ја оддолжуваат, а ја влошуваат и онака тешката емоционална состојба на семејствата.

Вештаци и истражители работат на утврдување на движењето на автобусот, местата каде што одморал и брзината со која се движел. Формиран е тим со претставници на Агенцијата за патна инфраструктура и од Дирекцијата за национална контрола во градежништвото во Бугарија, кој во рок од пет дена треба да изврши увид каде што се случи несреќата. Врз основа на наодите од увидот и проверките треба да презентира извештај за состојбата на делницата, како и да процени какви мерки ќе се преземат за нејзино обновување.

Бугарски експерти за безбедност на патиштата посочуваат можни причини за тешката сообраќајка, како избледени хоризонтални ознаки на автопатот, немање патна сигнализација, лоша состојба на рефлектирачката сигнализација, можен шверц на гориво или човечка грешка… Според Румен Дунев, автобусот имал двапати пат на сопирање, а возачот не спиел. Тој тврди дека автобусот се запалил уште пред да ја однесе заштитната ограда од свртувањето.

Министерството за транспорт и врски вчера информираше дека на фирмата-превозник „Беса транс БТБ" и се одзема лиценцата за работа, односно и се забранува вршење дејност. Соопшти дека за автобусот во кој загинаа 45-те патници немало издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту, пак, за друг вид јавен превоз на патници, а возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци.

Во соопштението беше посочено дека Министерството за транспорт и врски има регистрирано четири лиценцирани возила на фирмата „Беса транс БТБ", но меѓу нив не е автобусот што изгоре завчера.

Секторот за професионална одговорност на Царинска управа вчера на ГП „Деве Баир" вршеше детална контрола на постапувањето на превозникот и на царинските службеници на денот на излез на автобусот од државава, согласно надлежностите пропишани со Законот за превоз во патниот сообраќај.

Првичните наоди од внатрешната контрола, како што соопшти Царината, покажуваат дека на 18 ноември од царинските службеници електронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот „Беса транс" од Скопје, извршена е само заверка на евидентниот лист за превоз на патници. По досега утврдените неправилности во постапувањето, најавија дека двајца царински службеници, кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат суспендирани од работното место, а нивниот непосреден раководител ќе биде санкциониран.

Во земјава денеска е трет ден жалост за загинатите во несреќата и се откажани културни и спортски настани, а нема да се одржи ни собраниската седница за пратенички прашања.

Во Скопје вчера се одржа комеморативен марш на ученици и вработени во ОУ „Исмаил Ќемали" во Чаир оддавајќи им почит на пет загинати нивни соученици. Општина Чаир на вонредна седница донесе одлука за финансиска помош на семејствата на загинатите и одлучи за таа цел да ги пренамени средствата предвидени за новогодишно украсување. И Општина Гази Баба најави дека ќе се приклучи на хуманитарната акција на Црвениот крст за обезбедување финансиска помош за семејствата на настраданите.

Австралискиот превозник Квантас продавал билети на откажани летови- 100 милиони долари казна

Qantas постигнал договор со австралиската влада за надзор на потрошувачите да плати повеќе од 60 милиони долари казни за продажба на билети на откажани летови.

Превозникот, исто така, се обврзал на дополнителна компензација за патниците на кои им продавале билети за „непостоечки“ летови.

Qantas и Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи (ACCC) спогодбено ги решија судските постапки кои се во тек од август минатата година. ACCC започнале правна битка против Qantas за рекламирање и продажба на билети за летови откажани од авиокомпанијата.

Комисијата тврди дека Qantas продал билети за повеќе од 8.000 летови помеѓу мај и јули 2022 година, во просек две недели, а во некои случаи и 47 дена по нивното откажување, пренесува Aero Time.

Најголемата австралиска авиокомпанија во октомври минатата година соопшти дека биле направени одредени грешки, но дека ACCC „ја игнорира реалноста на авиоиндустријата“. Авиокомпанијата ги отфрли тврдењата дека продавала билети за т.н. непостоечки летови.

По неколку месеци расправија, двете страни конечно постигнаа пријателско решение. Qantas вчера објави дека се согласиле да платат 100 милиони австралиски долари или 66 милиони американски долари казна.

Превозникот ќе им исплати и надомест на патниците во износ од 225 до 450 австралиски долари (150 до 300 американски долари) покрај парите што веќе им ги вратиле за откажаните летови. Во соопштението на Qantas се вели дека компензација во вкупна вредност од 13 милиони долари ќе биде исплатена на повеќе од 86.000 патници.

Извршниот директор на Qantas Group, Ванеса Хадсон, им се извинила на патниците чие „известување за откажување на летот не пристигнало навреме“, признавајќи дека авиокомпанијата не обезбедила соодветна поддршка на патниците.

Затворен е автопатот Тетово-Скопје поради сообраќајна несреќа

Од 21,40ч сообраќајот на автопат Тетово-Скопје е затворен за сообраќај.

Од 21,40ч сообраќајот на автопат Тетово-Скопје е затворен за сообраќај, поради случена сообраќајна незгода. Истиот се пренасочува низ градот, па кон стариот пат, соопштија од АМСМ.

ДИК: Во дијаспората гласале 25,38% , над 60% во затворите и над 80% од болните и немоќните

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи, а во избирачкиот список за Парламентарните избори се запишани 1.815.350 гласачи.

ДИК: Во дијаспората гласале 25,38% , над 60% во затворите и над 80% од болните и немоќните

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи, а во избирачкиот список за Парламентарните избори се запишани 1.815.350 гласачи.

На 31 гласачко место во дипломатско конзуларните претставништва во странство, 2.569 гласачи кои се пријавиле и чии пријави се прифатени од Државната изборна комисија имаа можност да го остварат своето гласачко право за избор на Претседател на државата. Во дијаспората не се спроведе гласање за парламентарните избори поради неисполнетост на минималниот број гласачи пријавени за гласање за да може да се спроведе гласањето.

Се уште се отворени шест гласачки места во дијаспората каде гласањето ќе трае до 19 часот според временската зона на земјата каде што се гласа.

До 19 часот, според информациите кои ги добиваме од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство за претседателските избори изнесува 652 гласачи, односно 25.38 %. Напоменуваме дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени седум избирачки места каде што сеуште трае гласањето.

14-те гласачки места во казнено поправни установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2.147 гласачи за претседателските избори и 2140 гласачи за избор на пратеници во Собранието, се затворени. Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1298 гласачи или 60.46% од запишаните за претседателските избори, односно 1397 гласачи или 68.72 % за парламентарните избори.

Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица можеа да го остварат и 2 гласачи кои се водат како внатрешно раселени и истите го оствариле своето право и за двата вида на избори. Гласачкото место во центарот за раселени лица е затворено.

Вкупно 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа имаа можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени за претседателските и парламентарните избори.

Од вкупно 534 гласачи од 20 центри, гласале 401 гласач или 75.09 % за Претседател на државата односно 400 гласачи од 20 центри или 74.91% гласале за избор на пратеници.

Според информациите од општинските изборни комисии, гласале 8926 односно 80.45% болни или немоќни лица за претседател на државата односно 10036 или 92.04 % за пратеници во законодавниот дом.

Потсетуваме дека Државната изборна комисија досега издаде акредитации за набљудување на двата вида на избори на 1303 домашни, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.

На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук, Х, Инстаграм и каналот на Јутјуб. Таму можете да најдете правовремени и точни информации поврзани со изборите.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

притисни ентер