ЗабаваИдентички близначки заработуваат купишта пари на порно сајтови: Делиме сѐ, па и момчето (ВИДЕО)Нивниот годишен приход достигнува неверојатни 3.000.000 долари, а пред да станат популарни на интернет, работеле како егзотични танчерки.Ејприл и Амелија, 18-годишни близначки од Голд Коуст во Австралија, се познати по тоа што работат заедно во речиси секој аспект од животот – од координирање на облеката и фризурите до заедничката работа. Сега, сепак, сакаат да поделат и дечко. Нивниот годишен приход достигнува неверојатни 3.000.000 долари, а пред да станат популарни на интернет, работеле како егзотични танчерки. Иако често се соочуваат со критики за правење пари од содржини за возрасни, девојките велат дека тоа не влијае на нив. Ејприл објасни: „Ние сме еднаа на друга број еден, па би било навистина чудно да имаме одделни дечковци. И тие би биле љубоморни на тоа колку време поминуваме заедно, па ајде само да му го посветиме на еден маж целото внимание“. Близначките додаваат: „Тоа е прилично лудо, но ние споделуваме сè, па едноставно ни е логично“. Неодамна отишле на состанок на слепо и го изненадиле мажот откривајќи дека всушност се две. Тој не бил премногу воодушевен од идејата. Иако нивната популарност им донесе богатство и среќа, близначките велат дека морале да платат цена за нивните кариери во индустријата за забава за возрасни. „Имавме членови на семејството кои целосно нѐ исклучуваа, што беше тешко, но ако не нѐ поддржувате, тоа е во ред“, велат тие. Исто така, често се соочуваат со негативни коментари. „Создавањето содржини за возрасни е една работа, но кога тоа да го правите со сопствениот братучед е чудно“, напиша еден корисник на YouTube. „Несоодветно, со оглед на тоа што се поврзани, се надевам дека ќе бараат терапија“, коментира друг. „Звучи добро, но мислам дека ова би било кошмар за дечкото со текот на времето“, додаде друг коментатор. Еден корисник го постави прашањето: „Ако една од нив раскине со своето момче, дали тоа значи дека и другата сестра ќе си замине?“ @maddisontwins23 🤭 ♬ original sound - . Ејприл и Амелија велат дека се обидуваат да ги игнорираат омразата и негативните коментари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваНекои мачки се враќаат дома иако биле оддалечени со километри, а други исчезнуваат засекогаш Еве што ја прави разликатаИскуството, навиките и темпераментот влијаат на снаоѓањето на мачките, но дури ни доброто познавање на територијата не гарантира дека ќе го пронајдат патот до домот. Мачките се познати по својата способност да се снајдат во просторот. Додека некои успеваат да го најдат патот до својот дом дури и кога се оддалечени со километри, други се губат и на многу помало растојание. Во што е тогаш тајната на нивниот „внатрешен GPS“? Јулија Малкова, експерт за однесување на мачките, објаснува дека на способноста за нивна ориентација влијаат искуството, навиките, темпераментот и генетиката на мачките. Затоа сите мачки не се снаоѓаат подеднакво добро, и нивниот инстинкт не е гаранција дека ќе го пронајдат патот до домот. Искуството и познавањето на територијата Мачките кои од мали имаат навика да престојуваат надвор обично имаат поголемо искуство да се снајдат во околината. Познатите звуци, мириси им помагаат во полесно препознавање на територијата и полесно пронаоѓање на местата што им се познати. Од друга страна, мачките кои цел живот го минуваат во затворен простор може да имаат потешко да се снајдат надвор. Непознатите улици, новите мириси, различната околина може да ги збунат, особено ако се исплашени и под стрес. Зошто некои мачки никогаш не се враќаат дома? Дури ни мачките кои добро ја познаваат својата околина, не се имуни на опасноста да се изгубат. Големите градови, густиот сообраќај, непознатите подрачја и стресот може да им го отежнат враќањето, додека стравот може да ги натера да се скријат и да останат на едно место. Врз нивната способност да се ориентираат влијаат повеќе фактори, па ни долгогодишното искуство не гарантира дека мачката ќе успее да го најде патот до дома. Не потпирајте се на мачешкиот инстинкт Иако мачките се исклучително снаодливи, нивната способност не треба да се преценува. На сопствениците им се советува да обезбедат сигурна околина, како и соодветна идентификација за да ги зголемат шансите за нивно пронаоѓање доколку залутаат. Многумина прашуваат дали нивната мачка треба да излегува надвор. Нивниот т.н. „внатрешен GPS“ е фасцинантна способност, но не е непогрешлив. Затоа најдобро е да го спречите неконтролираното лутање и да го намалите ризикот миленикот да се изгуби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Сотир КостовВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир КостовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопругКај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Раздразливост, недостаток на енергија, лош сон и намалена концентрација можат да бидат знаци на „синдром на несреќен сопруг“, што се поврзува со постепено опаѓање на нивото на тестостерон кај мажите. Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Помалку е познато дека и мажите, со текот на годините, минуваат низ хормонални промени кои влијаат како на телото, така и на расположението. Во науката, оваа фаза се нарекува андропауза – популарно позната како „машка менопауза“ – додека промените во расположението што ја придружуваат, во секојдневниот говор се нарекуваат и „синдром на несреќен сопруг“. Кај мажите, нивото на тестостерон почнува постепено да опаѓа веќе после триесеттите години. Додека кај жените производството на женски хормони нагло опаѓа за време на менопаузата, кај мажите овој процес се одвива побавно. Тестостеронот не исчезнува целосно, но телото го произведува во сè помали количини. Намаленото ниво на тестостерон може да предизвика изразени промени во расположението, при што раздразливоста е еден од главните симптоми. Мажот може да стане поимпулсивен и да се вознемирува поради ситници на кои инаку не би реагирал. Сепак, хормоните не се оправдување. Иако падот на тестостеронот придонесува за лошо расположение, мажот сепак е одговорен за своите емоции и постапки; истурањето на гневот врз партнерката е неприфатливо. Првиот чекор е да се препознаат промените и за нив да се разговара со лекар или специјалист. Чести симптоми се и губењето на енергијата и ентузијазмот. Ако мажот повеќе не покажува интерес за активности во кои претходно уживал, тоа може да биде знак за депресија, која може да биде поттикната токму од падот на нивото на хормоните. Депресијата може да се развие постепено или да се појави ненадејно. Во двата случаи, таа го нарушува квалитетот на животот – како на лицето што минува низ неа, така и на неговиот партнер, пишува „Your Tango“. Затоа се важни отворените разговори за менталното здравје, особено за мажите, кои често се учени дека ранливоста е слабост. Напротив, барањето помош е знак на сила и грижа за себе. Хормоналните промени можат да влијаат и на квалитетот на сонот. Ако мажот ноќе немирно се превртува во креветот, тоа исто така може да биде поврзано со андропаузата. Доволниот сон е неопходен за физичка и емоционална рамнотежа, па затоа е најдобро за промените во сонот да се разговара со лекар. Намаленото ниво на тестостерон може да го отежне концентрирањето, фокусирањето и краткорочното помнење, или пак да го промени начинот на кој мажот ги обработува информациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook