ID. 2all е комотен како Голф, голем како Поло и ќе чини помалку од 25.000 евра (ВИДЕО) - Канал 5

ID. 2all е комотен како Голф, голем како Поло и ќе чини помалку од 25.000 евра (ВИДЕО)

Може ли Volkswagen да го повтори успехот од 1970-тите кога го проби пазарот со Golf I?

ID. 2all е комотен како Голф, голем како Поло и ќе чини помалку од 25.000 евра (ВИДЕО)

Тоа е прашањето што конкуренцијата си го поставува по премиерата на концептот, за кој Фолксваген вели дека е добитна комбинација „за секого“. Имено, токму така го нарекоа најновиот член на семејството ИД, со кој, според сите проценки, конечно се израмнуваат со Тесла.

Токму така, новиот ID ќе биде првиот електричен модел кој ќе може да го понуди концептот на семеен автомобил за помалку од 25.000 евра, токму она што го најавија Илон Маск и Тесла со пристигнувањето на уште подостапниот Model 2. И. не само тоа - новиот модел на Volkswagen изгледа многу употреблив. Имено, станува збор за домет од 450 километри.

Навистина, естетиката можеби не му е силна страна, но целата понуда звучи многу примамливо. Новиот модел ќе пристигне во салоните во 2025 година, а потврдена е и изменетата платформа MEB (Entry). А колку се големи очекувањата на Фолксваген, најдобро говорат зборовите на извршниот директор Томас Шефер:

„Ние ја трансформираме компанијата брзо и темелно со јасна цел да го направиме Volkswagen вистински „бренд на љубовта“, а ID.2all покажува каде сакаме да го однесеме нашиот бренд. Сакаме да бидеме блиску до клиентите и да понудиме врвна технологија комбинирана со фантастичен дизајн. Се трансформираме со брзо темпо за да овозможиме електрична мобилност на масите“.

Ако читате меѓу редови, во Volkswagen сакаат да го повторат токму она што го направија во 1970-тите кога ја лансираа првата генерација на Golf - да го доближат автомобилот до што повеќе луѓе. Впрочем, не за џабе се вели дека Фолксваген е „автомобил за народот“.

Специфичните податоци кажуваат како ID. 2all се придвижува од електричен мотор со моќност до 226 КС, а според WLTP ќе има домет до 450 km. Малку безвременскиот дизајн дефинитивно ги носи гените на Golf, а зад него е многу удобна кабина со волумен на багажникот од 490 литри. Станува збор за автомобил со должина од 4050 mm, ширина од 1812 mm и висина од 1530 mm.

Познати се и перформансите, па 100 km/h стигнува за 7 секунди, а максималната брзина е 160 km/h. Батеријата ќе се полни од 10 до 80% капацитет за 20 минути.

Да повториме ИД. 2all е само еден од десетте нови производи најавени до 2026 година. Оваа година на пазарот излегуваат обновените ID.3, ID.Buzz со продолжено меѓуоскино растојание и ID.7.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со години ги запоставуваше студентските домови, а денес глуми загриженост

ВМРО-ДПМНЕ инвестира и го подобрува студентскиот стандард.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со години ги запоставуваше студентските домови, а денес глуми загриженост

СДС повторно се обидува да собира политички поени на грбот на студентите, заборавајќи дека токму во времето на нивното владеење студентските домови со години беа запоставени, без соодветни инвестиции и без сериозен пристап кон решавање на проблемите.

Денес, кога конечно се преземаат конкретни чекори за реконструкција на студентските домови и подобрување на студентскиот стандард, СДС се обидува да создаде политичка драма. Наместо да ги поздрават инвестициите, тие продолжуваат со старата практика, критики без одговорност и политички маркетинг без резултати.

Но, фактите зборуваат поинаку.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари директна средба со претставниците на студентските парламенти од сите универзитети во државата, со цел отворено да се разговара за реалните проблеми и потребите на академската заедница.

Притоа, на маса е и конкретен предлог за унапредување на студентскиот оброк, наместо сегашните 3.500 денари, неговата вредност да се зголеми на 4.500 денари преку дигитална апликација М-услуги, односно со додавање на М-Студентски оброк, со дополнителни попусти од 20 до 25 проценти во ресторани, маркети и други угостителски објекти.

Дополнително, беше пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ со капацитет за 1150 студенти со услови по европски стандарди, а до крајот на годината ќе се пушти во употреба и вториот студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ кој е во фаза на реконструкција. Исто така се гради кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ и се работи на подобрување на условите за студентите. Исто така со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ студентскиот стандард во 2026 година е двојно подобрен во однос на 2022 година.

Разликата е очигледна, СДС со години ги оставаше проблемите нерешени, само ветуваа студентски градови и ништо не реализираа, а ВМРО-ДПМНЕ презема иницијатива, отвора дијалог и предлага нови решенија.

На СДС му пречи што студентскиот стандард конечно станува приоритет, но студентите не живеат од нивните прес-конференции и политички конструкции. Студентите сакаат резултати, инвестиции и подобри услови, а токму тоа го овозможува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Нов инфраструктурен проект во Гази Баба преку владината програма за поддршка на општините

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Мицкоски од посетата на Општина Гази Баба.

Мицкоски: Нов инфраструктурен проект во Гази Баба преку владината програма за поддршка на општините

„Добар ден и од мене. Јас сум исклучително задоволен што можам да присуствувам на почеток на уште еден проект којшто е финансиран од онаа програма којашто ја имавме од Владата за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. Важно е што со овој проект речиси ова населено место ќе добие канализација онака како што треба да има во 21 век и јас сум навистина среќен што можам ваков тип на проекти коишто додаваат квалитет во животот на луѓето да ги отпочнуваме заедно со градоначалниците и заедно да ги пуштаме во употреба со граѓаните.

Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за посветената работа којашто ја врши овде во Општина Гази Баба, да се заблагодарам на поддршката на советниците кои ја поддржуваат неговата работа, се разбира и на вработените во општината коишто ја подготвуваат оваа документација којашто е неопходна за изработка на ваков тип на проекти. Да се заблагодарам на пратениците од Македонското собрание коишто се борат за проект повеќе за Општина Гази Баба.

Добро е што веќе размислуваат градоначалниците и проектираат нови проекти за следниот повик кога ќе биде отприлика некаде втората половина од следната година, за да можеме и од тој повик постепено да реализираме проекти.

Така што јас уште еднаш сакам од овде да ги поздравам реализирањето на вакви проекти и да посакам уште многу вакви проекти во периодот којшто следи да реализираме, бидејќи суштината е таа, на една влада и на една локална самоуправа да испорача во рамките на можностите, некогаш и повеќе, како што тоа и ние го правиме од можностите коишто ги имаме да реализираме за граѓаните.

Уште еднаш благодарам и благодарност до медиумите што нè следите во сите овие иницијативи.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чистка во Пекинг: Исклучени 33 члена од Комунистичката партија

На Петтиот пленум на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, 33 члена беа исклучени од партијата, откако истрагите покажаа дека тие извршиле сериозни прекршувања на дисциплината и законот.

Чистка во Пекинг: Исклучени 33 члена од Комунистичката партија

На состанокот, кој се одржува секоја година, присуствуваа 279 полноправни членови, а со него претседаваше кинескиот претседател Си Џинпинг. Тој поднесе извештај за работата на Партијата и за прашања поврзани со подобрување на партиското управување, пренесува „China Radio International“.

Меѓу исклучените се поранешниот генерал Џанг Јусија и поранешниот секретар на Партијата во Ксинџијанг, Ма Сингруи, двајцата претходно беа обвинети за корупција.

Исто така, се наведува дека Пленумот ја повикал Комунистичката партија уште поцврсто да се обедини околу Централниот комитет – на чие чело е Си Џинпинг – да се посвети на доброто управување и зајакнувањето на државата, како и да го унапреди сеопфатното и строго партиско управување.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер