Ибраими за „Екипа“ : Во репрезентацијата нема резултати бидејќи има „кланови“ - Канал 5

Ибраими за „Екипа“ : Во репрезентацијата нема резултати бидејќи има „кланови“

По дебаклот од 5-1 на црвено жолтите од Србија на последниот квалификациски натпревар, во македонската јавност се појавија информации за караници меѓу нашите репрезентативци на полувремето по што еден од нашите најдобри фудбалери Агим Ибраими побарал да биде заменет и да не го игра второто полувреме.

Ибраими за „Екипа“ : Во репрезентацијата нема резултати бидејќи има „кланови“
Со цел да се расветли целата оваа непријатна ситуација Ибраими во интервју за порталот „Екипа “ ги кажа причините за неговата одлука да не го игра второто полувреме но и за слабите резултати на селекцијата во овој разочарувачки квалификациски циклус кој го завршивме на последното место во Групата -А со само 7 бодови од десет средби.

Ибраими во изјавата за Екипа потврди дека побарал замена поради тоа што бил навредувам на теренот од некои негови соиграчи . Според фудбалерот на Каљари,нашата најдобра селекција нема резултати и успеси поради лошата атмосфера и клановите во националниот тим.

„Во репрезентацијата нема хармонија. Поделени сме на ’кланови’, а некои си дозволуваат да диригираат и да навредуваат на теренот, наместо да гледаат и тие како играат. Ете, затоа побарав замена на полувремето, затоа што одредени фудбалери си дозволуваат да ’командуваат’, а не им е тоа работа. Немам проблем да ги слушам инструкциите на селекторот, да почитувам авторитети, но се знае кој може да коментира и да зборува на теренот, капитенот и лидерот на репрезентацијата. А, кај нас сите си дозволуваат да зборуваат, да се караат, да навредуваат. Најголем проблем е што немаме хармонија, а тоа посебно е изразено во последните неколку меча, во кои и имавме слаби резултати. А, кога има неуспеси, тогаш сите аномалии излегуваат на површина. Не треба да постојат ’кланови“ во репрезентацијата. Така нема просперитет. Ете, тоа е најголемиот проблем. “, изјави Агим Ибраими во интервјуто за порталот „Екипа“.

Агим Ибраими во овој квалификациски циклус можеби беше нашиот најдобар фудбалер, и затоа овие негови зборови треба добро да ги прочитаа луѓето од ФФМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

На 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко.

Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов

Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност.

Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која со пригодни активности ја одбележа 82-годишнината од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември 1944 година.

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, делегацијата положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, како и пред Споменикот на ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Со положувањето цвеќе и оддавањето почит на борците кои ги дадоа своите животи за слободата на градот, беше испратена порака за трајно почитување на нивната храброст, пожртвуваност и историски придонес.

13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, ден кој ја симболизира слободата, единството и непокорот на неговите граѓани. Одбележувањето на овој ден претставува потсетник за обврската да го негуваме историското наследство и вредностите врз кои се темели иднината на градот.

Со почит,

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер