Ибраими: Вакцините со погрешни декларации ќе бидат уништени - Канал 5

Ибраими: Вакцините со погрешни декларации ќе бидат уништени

 Сите МРП вакцини на кои стојат погрешно залепени декларации ќе бидат уништени од страна на компанијата „Македонија лек", која ги дистрибуира.

Ибраими: Вакцините со погрешни декларации ќе бидат уништени

Ова денеска за МИА го изјави директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Ќахил Ибраими.

Oд Министерството за здравство пред две недели по извршена внатрешна контрола во сите здравствени домови, соопштија дека било утврдено дека во вакциналните пунктови се пронајдени 635 кутии од МРП вакцината, на кои стојат погрешно залепени декларации.

На прашањето зошто е донесена одлука за уништување на вакцините со погрешно залепени декларации доколку рокот не им бил истечен, Ибраими посочи дека лекот можат да го прогласат за неисправен доколку е оштетена кутијата, поради грешка, испорака и погрешна налепница.

– Доколку е оштетена кутијата при увозот или превозот, или, пак, таблетите внатре биле отворени или под притисок тогаш можеме да ги назначиме како неисправни. За тоа одлучува Агенцијата. Сега за вакцините „Приорикс" не се оштетени кутиите, само декларацијата е погрешна за нив, има погрешен датум. Се консултиравме околу тоа. Ако ја тргнеме таа налепница и залепиме нова налепница ќе почне да се зборува меѓу народот – еве ги пуштиле тие со поминат рок. Никој не сфаќа дека апсолутно не се работи за вакцина со поминат рок, туку за вакцина со погрешно залепена декларација. Сто пати сме го рекле тоа. За недела дена треба да бидеме известени дека тие вакцини се изгорени во „Дрисла", нагласи Ибраими.

Тој смета дека во врска со уништувањето на вакцините нема да се зголеми сомнежот во јавноста.

Во врска со казната за компанијата „Македонија лек" рече дека таа ќе се движи од 25.000 евра до 50.000 евра.

– Ќе одлучиме. Малку има процедура, бидејќи оди преку адвокатите. Разгледуваме казната за компанијата да биде максимална од 25.000 до 50 илјади евра. Ќе видиме пак со правната служба, не можеме однапред да кажеме. Станува збор за грешка на фирмата и треба да бидат казнети, додаде Ибраими.

Од компанијата посочија дека при контролата откриена е помала техничка грешка која вработените ја направиле при аплицирање на декларациите.

– Имено, кај мал дел од пакувањата се аплицирани старите декларации со датумот од претходниот увоз, односно октомври 2018. Граѓаните може да бидат сигурни дека сите вакцини се со врвен квалитет и важечки рок, истакнаа на почетокот на месецов од компанијата и се извинија за пропустот и непријатностите кои биле предизвикани. Оттаму потенцираа дека пакувањата веднаш биле повлечени за да нема натамошни забуни во јавноста и соодветно се заменети. /МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4x4):

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

- пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

Има 57 години, а мажите губат глава по неа, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез видена со мистериозен маж .

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

57 годишната Џеј Ло е видена во друштво на мистериозен маж. Иако идентитетот на мажот е непознат, сцените од луксузна јахта поттикнаа шпекулации за нова љубовна врска на славната пејачка

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание во јавноста откако беше забележана на луксузна јахта во Мајами, во друштво на мистериозен маж.

На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледа како 57-годишната ѕвезда ужива во слободното време на јахтата, а особено внимание привлекоа кадрите на кои таа разменува нежности со непознатиот маж.

Идентитетот на мажот – како и природата на нивниот однос – засега остануваат непознати, но тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат за тоа кој би можел да биде овој нов маж во нејзино друштво.

Со децении, Лопез важи за една од најпознатите музички и филмски ѕвезди во светот, а нејзиниот приватен живот привлекува внимание речиси исто толку често колку и нејзината кариера.

Секојпат кога ќе се појави во јавноста или ќе биде фотографирана со непознат маж, тоа предизвикува бројни реакции – а овој случај не е исклучок.

Додека некои коментираат за нејзината самодоверба и изглед, други се обидуваат да го откријат идентитетот на мажот забележан со неа на јахта. Засега нема потврда дека станува збор за нова љубовна врска, но снимките од Мајами веќе предизвикаа лавина коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Ѓуриште, 9 Попова Шапка, 10 Струмица, 11 Крива Паланка, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 12 Крушево, Скопје – Петровец, Охрид, Прилеп, Тетово, Маврови Анови, 13 Битола, Штип, Претор, Демир Капија, Кавадарци, 14 Виница, Берово, Велес, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Дуваше слаб ветер од јужен правец. До крајот на денот во западните делови ќе има услови за повремен слаб дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер