Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ФудбалИбрахимовиќ ќе зема 10 пати помала плата отколку во Манчестер Јунајтед Новата ѕвезда на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ ќе заработува најмалку 10 пати помалку од времето кога настапуваше за Манчестер Јунајтед. Извори на „Спортс Илустрејтед“ тврдат дека шведскиот напаѓач склучил договор до крајот на 2019 година за 1,5 милиони долари годишно (околу 1,2 милиони евра). Границата за плататите во МЛС не дозволува основниот надоместок на Ибра да биде повисок. Само пред неколку месеци, Швеѓанецот настапуваше за многу поголем износ откако се пресели на „Олд Трафорд“ како слободен играч. Според различни извори, платата на Златан кај „црвените ѓаволи“ изнесувала помеѓу 15 и 20 милиони евра. Се очекува сепак ветеранот да заработи многу повеќе пари од спонзорски договори. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветЗаврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со деновиИлјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно. Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај. ,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува. ,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,, Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност. ,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,, Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина. 🚨Long queues of planes at US airports after the FAA grounded flights due to a glitch in the air traffic control system https://t.co/tU0nL9l4cy — The Tatva (@thetatvaindia) November 14, 2026 Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија19-годишна скопјанка проговори за ужасот од семејно насилство - апелира насилството да се пријавуваПрвото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. „Утрата почнуваа со навреди од свекорот со плукање по мене и викање и клоци, зошто сум го јадела лебот во куќата, а не сум го купила. Попладне добивав шлаканици од сопругот зошто сум се скарала со неговиот татко, бидејќи не можев да ги трпам навредите и клоците“ ова е почетокот на приказната на млада скопјанка која на почетокот се радувала на бракот, а потоа и на нивниот син. А сега, раскажава за одлуката да стави крај на семејното насилство од сопругот и неговите родители. Првото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. По молбите и извинувањата таа ја повлекла пријавата, но теророт не престанал. „Зошто ве нападна свекорот? Бидејќи сум го земала лебот да го јадам. Ми рекоа тоа што ќе го купам тоа да го јадам. Вие сте сега на породилно имате деветмесечно бебе и не сте во работен однос? Не сум. Му се јавив на сопругот да му каже да не ме вреќа и да не плука додека јадам и да ме колца. Кога се врати се скаравме за сите случувања и ме истепа“, раскажува 19 годишната скпојанка. Спас од ќотекот бил девет месечниот син, кога го држела во раце не ја тепале. Но, заканите продолжувале да го остави детето, за да заврши „лекцијата“ со тепање кон неа. По оваа пријава во полиција сопругот добил мерки да не си доближува, а свекорот само усмен укор за што таа регира дека тој е исто насилен колку и сопругот. Полицијата регаирала веднаш на јавувањето, но проблемот продолжува во институциите, и лекциите што ќе прави сама со детето? „Првиот пат ме убедуваа и ми рекоа да не ја повлечам пријавата од полиција, во социјално лошо се однесуваа ми викаше што ќе направам ако јас се оставам со мажот“, објаснува младата жена. Таа со детето заминува од Македонија, не верува во заштита од институциите, бидејќи само усна опомена од полицијата кон свекорот не е доволно, а голем чекор тој повторно да ја нападне, со образложение “јадела леб во неговата куќа“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСаем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај ШколкаВо Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter