Ибрахимовиќ: Како професионалец не можам да ги почитувам Аргентинците

Златан Ибрахимовиќ (41) не е воодушевен од однесувањето на аргентинските фудбалери по освојувањето на Светското првенство во Катар.

Централниот напаѓач на Милан смета дека однесувањето на Емилијано Мартинез и останатите аргентински репрезентативци за време на прославата не било соодветно.

"Меси важи за најдобар играч во историјата и ќе остане запаметен по освојувањето на Светското првенство, но другите? Како професионалец не можам да ги почитувам оние кои така се однесуваа", изјави Швеѓанецот. Ибрахимовиќ треба да биде во конкуренција за натпреварите меѓу Милан и Тотенхем во осминафиналето на Лигата на шампионите.

На крајот, тој додаде: „Не сум загрижен за Килијан Мбапе, тој сигурно ќе освои уште едно Светско првенство. Сепак, во Катар бев сигурен дека Аргентина ќе победи“.

Видео: Убава навивачка на новинар на линк му ги покажа голите гради

Млада навивачка на новинар му ги покажа градите за време на програма во живо.

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери сподели неверојатна ситуација која му се случила додека се јавувал во живо на програма во Италија кога една девојка му ги покажала градите.

Имено, навивачката на Хартс изјави дека се вика Наташа и дека доаѓа од Единбург. Таа сакаше да ја покаже својата посветеност кон својот фудбалски клуб, но и одбивноста кон Хибернианс.

Таа се обиде да ја покаже едната дојка и да му ја претстави својата тетоважа. Новинарот се обиде да ја спречи, а во намерата и се приклучил и момчето кое било со неа. Со раце и ги покриле градите.

- Градите ми се вистински - рече навивачката.

На крајот успеа да го покаже делот од телото што го наумила и тетоважата „5:1“.

Палмери беше во шок. Пред 20 години Хартс го победи Хибернијан со 5-1 во финалето на шкотскиот куп.

- Кога верна навивачка на Хартс ќе упадне во вашиот пренос во живо и сака да и ја покаже на цела Италија гордост против Хибернианс, од се срце. Би рекол од длабочината на душата – напиша Палмери.

Следните денови студено, од четврток локални врнежи претежно од снег

Во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, најавуваат од УХМР. Утре локално ќе има слаби врнежи од снег и ќе дува засилен северен ветер.

Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а од четврток попладне повторно се очекуваат локални врнежи претежно од снег.

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтер ја погоди Кина

 Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска јужен Синџан во Кина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа јавува дека во земјотресот нема повредени и не е причинета значителна материјална штета.

Земјотресот се случи на длабочина од 33 километри во 7:49 часот по локално време, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Кинескиот центар за следење на земјотресите го регистрираше земјотресот со прелиминарна јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт објави дека земјотресот бил со јачина од 5,7 степени.

Државната телевизија ЧТВ прикажа снимка на која се гледа како луѓето го напуштаат холот на аеродромот и како таванските делови се нишаат додека земјата се тресе. Не се забележани нарушувања на електричната мрежа, ниту на мрежата за производство и транспорт на нафта и гас.

притисни ентер