СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари
1СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаИ Здравје и Работа: Државата треба да го слуша стручниот глас за „Иловица Штука“Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди повеќе факти!Веруваме дека е време ова прашање конечно да се врати таму каде што припаѓа – кај науката, експертите и институциите. Кога се одлучува за проекти што влијаат врз животната средина, здравјето на граѓаните, економијата и иднината на државата, пресудни треба да бидат фактите, стручноста и законите, а не гласните ставови без стручна основа. Даваме целосна поддршка на универзитетските професори и експерти кои јавно ги презентираа своите стручни ставови за современите рударски технологии и проектот „Иловица – Штука“. Во демократско општество, научната аргументација мора да биде охрабрена и почитувана, а не замолчувана преку притисоци и дискредитации. Во современите демократии, одлуките за вакви проекти се носат врз основа на научни анализи, експертски мислења, законски процедури и независни институции. Денешното рударство е суштински различно од она од минатото. Напредокот на науката и технологијата овозможува далеку повисоко ниво на еколошка контрола, управување со ризици и заштита на животната средина. Затоа, секој проект треба да се оценува според конкретните решенија и стандарди што ги применува, а не според застарени претстави и искуства. За „Иловица – Штука“, надлежните институции треба темелно да ги разгледаат сите стручни анализи, Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и законските критериуми. Ако проектот не ги исполнува условите, не треба да добие одобрение. Но доколку ги исполнува највисоките технички, законски и еколошки стандарди, тогаш заслужува поддршка и фер можност за реализација. Истовремено, не смее да се занемари неговиот развоен потенцијал. Македонија има потреба од нови инвестиции, нови работни места и посилен економски раст. Проектот „Иловица – Штука“ може да донесе значајни економски придобивки, нови можности за домашните компании и поттик за развојот на југоисточниот регион. Во време кога државата се соочува со иселување на младите и недостиг од инвестиции, секоја сериозна развојна шанса заслужува објективна и професионална оценка. Затоа ги повикуваме Владата и надлежните институции да продолжат да одлучуваат врз основа на науката, стручноста и законите. Само така ќе обезбедиме и висока заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, но и ќе го искористиме природниот потенцијал на Македонија за повисок животен стандард, економски напредок и посигурна иднина за младите генерации. се вели во соопштението на „И здравје И работа“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни париУште еднаш се потврди дека арамијата Мицкоски штом отвори уста лаже.Вчера, дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говореа од самиот почеток. Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што. Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски јавно да објави каде завршија парите на граѓаните. Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми? Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти? Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови. Бараме Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во МакедонијаВрховниот суд ја укина пресудата за Ласкарци, каде загинаа 16 лица, и Стевчо излегува на слобода – сè што треба да знаете за судството под контрола на СДС и ДУИ, со 2 отсто доверба.Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај Ласкарци, каде загинаа 16 лица. 16 лица загинаа, а нема одговорни. Исто како што во правосудниот систем нема одговорност и за запалената модуларна болница на Венко Филипче, каде живи гореа луѓе. Во која друга држава и при кое друго судство може да загинат над 30 луѓе, а да нема виновни? Во исто време, на слобода е пуштен и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал. Ова е сè што треба да знаете за судството водено од ДУИ и СДС, со 2 отсто доверба. Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија. Сега е јасно дека инсталациите на СДС и ДУИ во правосудниот систем сè уште се активни. Затоа талогот останува најдолу. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
Свет Пет лица загинаа, а 67 други се ранети, руски дрон погодил трговски центар во ПавлоградУкраинските власти соопштија дека пет лица загинале, а 67 други се ранети кога руски дрон погодил трговски центар во Павлоград, град во регионот Дњепропетровск.Продавници и возила беа погодени во нападот, кој се случи вчера „кога улиците беа полни со луѓе“, рече министерот за внатрешни работи Иван Вихивски. Според украинските медиуми, уште два трговски центри - во градовите Запорожје и Суми - беа цел на руски воздушни напади претходно оваа недела. Русија пријави украински поморски напад со беспилотно летало врз туристичкиот град Сочи во текот на ноќта во средата, во кој беа повредени 28 лица,а имаше и три смртни случаи. Новите мировни напори на претставниците испратени од американскиот претседател Доналд трамп за време на викендот се чини дека дадоа малку конкретни резултати, по разговорите во Москва со Путин и во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тагови: дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook