И Волво отвори М оддел како BMW - Канал 5

И Волво отвори М оддел како BMW

И Шведскиот производител на автомобили отвори М оддел , како она на германскиот  BMW.

И Волво отвори  М оддел како BMW

За разлика од одделот на BMW , каде приоритет се спортските перформанси , од Волво најавуваат дека нивното М значи мобилност. Тие објавија интеграција на сите свои мобилни услуги под новиот бренд М. Брендот е создаден за да овозможи пристап до автомобилите и услугите на барање, а тоа би можело да го вклучи и системот "Care by Volvo".

Но , пред се ќе го интегрира сервисот за позајмување автомобили "Sunfleet" , кој во Шведска опфаќа 1 700 возила кои служат како алтернатива на такси превозот. Стокхолм ќе биде база на операциите на брендот М , а следната пролет Волво планира системот за мобилност да го пренесе и во САД.

,,Препознаваме дека урбаните потрошувачи размислуваат за промена на традиционалната сопственост на автомобилите. М е дел од нашиот одговор на тоа . Ние се развиваме да станеме понудувач на услуги директно на потрошувачот во рамките на нашата мисија ,,Слобода на движење”. Лансирањето на М создава нови извори на приходи за Волво и ќе биде клучно за исполнување на амбициите на компанијатаза да изгради над 5 милиони директни потрошувачки односи до средината на наредната деценија.” изјави извршниот директор на Волво , Хакан Самуелсон при лансирањето на М одделот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карпош и Витина отвараат можности за прекугранична соработка

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, оствари работна средба со градоначлникот на Општина Витина, Република Косово, Сокол Халити.

Карпош и Витина отвараат можности за прекугранична соработка

Во фокус на средбата беа можностите за воспоставување и унапредување на меѓуопштинската соработка, како и заедничко аплицирање на јавни повици за проекти од областа на прекуграничната соработка. Општина Карпош, согласно својата географска положба, има можност да користи средства од фондовите на Европската Унија наменети за прекугранична соработка со Косово.

Во таа насока, особено значајни се можностите за подготовка и реализација на заеднички проекти во областите на заштитата на животната средина и развојот на туризмот, со што би се придонело кон создавање дополнителни придобивки за граѓаните и локалните заедници. На работната средба присуствуваа и претставници од релевантните сектори и области од двете општини.

Беа разменети искуства и информации во однос на организациската структура и надлежностите на локалните самоуправи, областите на нивното функционирање, како и можните теми и приоритети за идна заедничка соработка. Средбата претставува иницијатива за воспоставување конкретни форми на партнерство меѓу Општина Карпош и Општина Витина, со цел заеднички настап пред европските фондови и искористување на расположливите можности за развој на локалните заедници.

Општина Карпош останува посветена на воспоставување нови партнерства и искористување на европските фондови за реализација на проекти кои носат долгорочни придобивки за граѓаните и придонесуваат кон одржлив локален развој.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Елитниот арамија Мицкоски вели го заработил скапиот часовник со професорска плата?

Колку се сеќаваме, Мицкоски во кампањата велеше дека тешко се живее и дека тој живее исто така тешко како и сите останати - со професорска плата.

СДСМ: Елитниот арамија Мицкоски вели го заработил скапиот часовник со професорска плата?

Зар не беше така?

А да… тој лаже штом ќе зине.

Го заработил во времето на Груевски? Кога ја водеше ЕЛЕМ?

Вели дека скапите часовници му биле „слабост“. A кој има слабост? Зависник.

Значи зависност од скапото, односно од парите.

Уште едно признание од Мицкоски.

Бидејќи сака да го спомнува Фројд и често со проекција ги обвинува другите за она што самиот го прави (како на пример криминал), еве уште малку Фројд за Мицкоски.

Фројд во есејот „Character and Anal Eroticism“ (1908) ја поврзал таканаречената анална карактерна структура со особини како: силна потреба да се поседува и задржи нешто.

Парите во таа симболика имаат несвесна врска со задржување, контрола и поседување.

Затоа екстремната врзаност за пари, гомилање и тешко одвојување од предмети може да се гледа како дел од таков образец.

Опсесијата со пари, луксуз, статус и моќ во поширока смисла подоцна ја објасниле и други психоаналитичари.

Ерих Фром многу подиректно пишувал како поседувањето пари и предмети може да стане начин човек да го надомести чувството на несигурност или сопствена вредност.

Ете, нека чита Мицкоски.

Треба да се спознае самиот себе.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска

Само во текот на изминатата недела, од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени од западно -нилска треска пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје. 

Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска

По еден од Скопје и од Свети Николе, а регистрирани се и два нови смртни исходи, двата во Скопје.

Во Македонија се регистрирани вкупно 58 случаи на западнонилска треска од кои 54 потврдени и четири веројатни, а досега како последица на вирусот починале осум лица, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Сите осум починати лица се мажи од скопје со просечна возраст од 71,9 години. Сите биле хоспитализирани, а кај седуммина од нив биле присутни и претходни хронични заболувања. Според местото на живеење, најголем број од случаите се лоцирани во Скопје – дури 55. По еден случај е регистриран во велес, Куманово и во Свети Николе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер