И вечерва опозицијата на протести во Белград бара повторување на изборите - Канал 5

И вечерва опозицијата на протести во Белград бара повторување на изборите

Четвртиот по ред протест поради неделните избори во Србија почна вечерва по 18 часот пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во центарот на Белград.

И вечерва опозицијата на протести во Белград бара повторување на изборите

Стотици граѓани се собрани на повик на опозициската листа „Србија против насилство“.

Протестите пред седиштето на РИК почнаа во понеделникот вечерта, на повик на претставници на листата „Србија против насилството“ поради наводна кражба на гласови на неделните локални и парламентарни избори во Србија.

Насобраните носат транспаренти „Вклучи светло“, „Крадат пари, па крадат и гласови“, „Владетелите организираа беззаконие“, „Каде гласаше Илон Маск?“, а дел од демонстрантите носат и знамиња на ЕУ, пренсе Бета.

Претставниците на опозициската коалиција „Србија против насилство“, Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ вечерва соопштија дека нема да има откажување од барањето за поништување на декемвриските избори.

Тие се обратија пред новинарите пред седиштето на РИК во Белград, каде што се одржува четвртиот протест поради тврдењата на опозицијата за изборна кражба.

Тепиќ, која штрајкува со глад, најави дека ќе и се придружат пратеничките Јелена Милошевиќ од Ниш и Данијела Грујиќ од Нови Сад.

„Ние не отсуствуваме од оваа борба за гласови и против лажни избори“, рече таа и повторно ги обвини владејачката Српска напредна партија и српскиот претседател Александар Вучиќ дека се одговорни за тоа.

Алексиќ рече дека на тројца нивни претставници им било дозволено да ги разгледаат изборните материјали во штабот на РИК од 20:00 часот.

Опозициски партии днееска протестираа и во Нови Пазар каде тврдат дека локалните избори биле украдени, односно дека им бил одземен советнички мандат, поради што не можеле да формираат локална власт. Нивните претставници тврдат дека на секој начин ќе ја заштитат волјата на граѓаните изразена на локалните избори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшна несреќа во Бразил: Најмалку 22 мртви

Најмалку 22 лица загинаа во судир помеѓу минибус и камион на автопат во бразилската држава Парана, соопшти денес Федералната сообраќајна полиција.

Страшна несреќа во Бразил: Најмалку 22 мртви

Уште пет лица се повредени во несреќата, која се случи рано утрово, објави „CNN“. Повеќето од загинатите биле патници во минибус кој припаѓал на здравствената служба на општината Имбитува.

Возачот на камионот, исто така, починал. Повредените се однесени во болниците во Понта Гроса. Минибусот патувал од Имбитува до болниците во пошироката област Куритиба, додека камионот патувал од Карамбеј до Прудентополис.

На местото на несреќата интервенирале членови на Федералната сообраќајна полиција, цивилната полиција, брзата помош, противпожарната служба и екипи од концесионерот Виа Араукарија, кој управува со делницата.

Фото: X

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната

Иран ги предупреди земјите од заливот да не даваат никаква помош на американската војска, нагласувајќи дека тоа ќе го смета за поддршка на  воените операции на Вашингтон против Исламската република.

Иран до земјите од заливот: Секоја помош за американската армија ќе ја сметаме за учество во војната

„Сакаме да предупредиме: секоја помош или соработка што и се дава на агресорската американска армија е еднаква на учество во воените операции на САД“, изјави началникот на генералштабот на иранските вооружени сили, Али Абдолахи.

Во меѓувреме, Иран ги негираше обвинувањата дека вчера вечерта испалил ракети врз Обединетите Арапски Емирати, опишувајќи ги како „целосно неосновани“, јави ДПА. Претходно, министерството за одбрана на емиратите објави дека биле пресретнати две балистички ракети лансирани од Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО сојузниците

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испратила до земјите членки на НАТО прашалник со кој, со цел да ја оцени нивната лојалност со американската политика..

Вашингтон им ја мери „лојалноста“ на НАТО сојузниците

Како што објави Блумберг, прашалникот навлегува токму во темите што го делат Вашингтон од дел од европските сојузници, како американските воени активности против Иран и односот кон Николас Мадуро.

Земјите требале да одговорат и за европските набавки на оружје и дали тие ги насочуваат кон домашни или кон американски компании..Белата куќа, според медиумите, поставила и директни прашања за американската надворешна политика и од членките се бара да наведат дали јавно ги поддржале позициите на Вашингтон. Прашалникот стигнува и до американското воено присуство во Европа. Земјите исто така треба да наведат какви ограничувања поставиле за користењето на нивните бази од американските сили.. Извори од нато ваквите чекори ги доживуваат како обид за наметнување идеолошка линија. Според нив, политичката усогласеност се става во равенка со американската воена заштита.. Дел од сојузниците сметаат дека пристапот „безбедност преку лојалност“ ги поткопува темелите на трансатлантските односи воспоставени по Втората светска војна., пишува Блумберг..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер