И Твитер по Мајкрософт, заинтересиран за купување на ТикТок - Канал 5

И Твитер по Мајкрософт, заинтересиран за купување на ТикТок

Твитер се обрати до кинеската компанија ByteDance, сопственик на „TikTok“ и изрази интерес за преземање на американските операции на таа апликација, пренесува Ројтерс.

И Твитер по Мајкрософт, заинтересиран за купување на ТикТок

Иако Ројтерс се повикува на извори запознаени со ситуацијата, експертите изразуваат сомнежи за можноста Твитер да ги собере средствата потребни за потенцијален договор.

Далеку е од сигурно дека Твитер ќе може да го надмине Мајкрософт Корпорејшн и да стави крај на ваквиот договор за трансформација во рок од 45 дена, што американскиот претседател Доналд Трамп му го даде на ByteDance да постигне договор за продажба, наведуваат извори на Ројтерс.

Веста дека Твитер и TickTock се во прелиминарни разговори и дека Мајкрософт се уште е лидер во трката да ги преземе американските операции на таа апликација, претходно беше објавена во Вол Стрит Журнал.

Твитер има пазарна вредност од околу 30 милијарди американски долари, што е скоро идентично со проценетата вредност на „ТикТок“, што значи дека Твитер би требало да собере дополнителен капитал за финансирање на договорот.

TikTok беше нападнат од американската администрација поради загриженост во врска со националната безбедност и во врска со прибирањето податоци.

Претходно оваа недела, Трамп воведе санкции за кинеските сопственици на апликациите Wichet и TickTook, што дополнително ги влошува тензиите меѓу двете земји.

Трамп оваа недела рече дека ќе ги поддржи напорите на „Мајкрософт“ да го купи американскиот „ТикТок“, доколку американската влада добие „значаен дел“ од придобивките.

Мајкрософт објави дека целта е да се залучат преговорите за договорот до средината на септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДОМ: Кога пријавата не спасува живот, кој ја презема одговорноста?

Убиството на 17-годишната девојка во Богданци не е „трагична несреќа“, ниту пак „уште една страшна вест“. 

ДОМ: Кога пријавата не спасува живот, кој ја презема одговорноста?

Ова е суров потсетник на институционалниот неуспех и на колапсот на системот што треба да ги штити граѓаните. До кога жртвите ќе ја бараат заштитата низ бирократски лавиринти, додека надлежните институции ги третираат пријавите како обична статистика?

Девојката претходно пријавила насилство. Побарала помош. Институциите имале сознанија за претходните случаи на насилство, а сепак таа не добила ефикасна заштита. Нејзиниот живот заврши во опожарено возило.

Која е смислата на законите, мерките за заштита и службите што постојат само на хартија, ако насилството може да ескалира до ваков исход? Институциите не смеат да се кријат зад фразата дека „постапувале според протокол“. Кога жена или девојка пријавува насилство, а потоа е убиена, тоа не може да се третира како обичен административен пропуст!

ДОМ бара итно, бескомпромисно и транспарентно утврдување на целата институционална одговорност:

• Кој конкретно во полицијата, обвинителството и центарот за социјална работа постапувал во овој случај? Како бил проценет ризикот, дали биле спроведени и контролирани мерките за заштита и зошто тие не го спречиле трагичниот исход?

• Истрагата мора да ги испита сите околности и евентуалните пропусти во постапувањето на институциите. Смртта на осомничениот не смее да значи и крај на утврдувањето на одговорноста на службените лица. Мора да има последици за секој за кого ќе се докаже дека со своето несовесно постапување придонел за овој трагичен исход.

Доста е од празни соопштенија, ветувања и експресни осуди што се повторуваат по секој нов фемицид. Секое следно убиство на жена или девојка е ново обвинение против државата, која декларативно зборува за родова еднаквост, а во пракса не успева да им обезбеди основна заштита на оние што бараат помош.

ДОМ бара одговорност! Бараме итна ревизија на сите активни пријави за семејно и родово базирано насилство, утврдување индивидуална одговорност и конкретни мерки за отстранување на институционалните пропусти. Не утре, кога ќе има нова жртва, туку сега – за да се спаси нечиј живот, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мечка со пиштол убила човек во Албанија?- шокантни изјави на осомничените мајка и син

Разјаснети се околностите околу смртта на маж во селото Годви, во регионот Булќиза во Албанија, каде што полицијата уапси 57-годишна жена и нејзиниот 33-годишен син под сомнение дека го убиле нивниот сопруг и татко, 53-годишниот Урим Фику.

Мечка со пиштол убила човек во Албанија?- шокантни изјави на осомничените мајка и син

Разјаснети се околностите околу смртта на маж во селото Годви, во регионот Булќиза во Албанија, каде што полицијата уапси 57-годишна жена и нејзиниот 33-годишен син под сомнение дека го убиле нивниот сопруг и татко, 53-годишниот Урим Фику, со огнено оружје и остри предмети, објавува Top-channel.tv.

Членовите на семејството првично пријавиле дека мажот починал откако бил нападнат од диво животно, за кое се сомнева дека е мечка. Сепак, истрагата и обдукцијата открија различни околности и потврдија дека жртвата е убиена со огнено оружје.

По интензивна истрага, спроведена од Одделот за истраги на сериозни кривични дела во рамките на Регионалната полициска управа во Дибер, во соработка со обвинителството, беше разјаснето кривичното дело извршено на 3 ноември 2026 година.

Потоа полицијата ги уапси Садете Фику, сопругата на починатиот, и нивниот син Газмир Фику. Тие се осомничени дека заедно учествувале во убиството.

Во текот на истрагата, полицијата запленила пиштол модел 54, муниција и една чаура, кои биле пронајдени во дворот на семејната куќа.

Делот е препратен до Обвинителството во Дибар поради сомнение за кривични дела „убиство во семејни односи“ и „неовластено држење оружје и муниција“, сторени како соизвршители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина рускиот научник кој го измисли смртоносниот отров „Новичок“- причината за смртта е тајна

Почина рускиот научник Владимир Угљов, кој го измисли смртоносниот нервен отров Новичок што се користеше во озлогласените труења во Солсбери.

Почина рускиот научник кој го измисли смртоносниот отров „Новичок“- причината за смртта е тајна

Угљов го обвини режимот на Путин за употреба на смртоносното хемиско оружје во „напад на државно ниво“ врз Велика Британија во 2018 година.

Угљов, кој живееше во Русија, почина на 26 октомври на 80-годишна возраст. Но, неговата смрт беше објавена денеска, повеќе од една недела подоцна, од независниот руски истражувачки медиум „Инсајдер“.

Причината за смртта е непозната, ниту пак причината за доцнењето во објавувањето на неговата смрт, објавува „Дејли меил“.

Угљов беше дел од тим советски научници кои го развија Новичок, познат како А-234, кој подоцна го користеа шпионите на Путин во обидот за атентат врз рускиот двоен агент Сергеј Скрипал, тогаш 66-годишен, и неговата ќерка Јулија, тогаш 33-годишна, во Солсбери во март 2018 година. И двајцата преживеаја, но британската мајка на три деца, Дон Стерџес (44), почина откако случајно дошла во контакт со Новичок, кој бил фрлен во шише парфем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер