ЖивотИ ти си дел!Еден миг – илјада зборови...Океан - моќен, мистериозен и прогонувачки со величествена убавина која остава без здив и која, за жал, ние ја оставаме без здив и полека се гуши под нашата несовесност. Покарај тоа што окаеаните се најголемата инспирација за создавање на уникатни и единствени уметнички дела во сите области на уметноста, од бои во сите тонови од природата, кои ниту еден генијален, човечки ум не може сам да ги создаде, до магични, подводни пејсажи кои наликуваат на дел од некој друг свет, океаните произведуваат најмалку 50 % од кислородот на планетата и се од клучно значење за живот. Тие се извор на енергија на самата планета Земја, даваат кислород, апсорбираат јаглерод и покриваат повеќе од три четвртини од Земјата, а за жал ние, за возврат, им посветуваме многу малку внимание и во последниве години како да се трудиме да уништиме се’ што создала природата. „UN World Oceans Day” се домаќини на „Одделот за океански прашања” и „Законот за морето на Канцеларијата за правни работи (DOALOS)” На 8 јуни, светски ден на океаните, „UN World Oceans Day” секоја година организираат најразлични настани и активности за подигање на свеста за заштита и ставање на океаните на прво место. На овогодишниот натпревар за најдобра фотографија на „UN World Oceans Day” повторно се докажа поговорката –„ Сликата вреди илјада зборови”, која беше илустрирана со прекрасни фотографии создадени од океанските етузијасти насекаде низ светот, направени во чест на Светскиот ден на океаните. Победничките фотографии кои ја доловуваат величественоста на океаните и магичниот свет и кои оставаат без здив, се поделени во неколку категории: „NO TIME TO WASTE” – НЕМА ВРЕМЕ ЗА ГУБЕЊЕ Photo by: @mekanphotography Победник во оваа категорија е Álvaro Herrero од Шпанија. Победничката фотографија е од Грбав кит во Тихиот Океан, Долна Калифорнија, Мексико. Грбав кит со пловка заплеткана околу неговата опашката, веќе распаднат, умира полека и мачно. Јасен одраз на бавната и болна смрт што им ја даваме на нашите океани, нашата планета. „PUTTING THE OCEAN FIRST” – СТАВАЈЌИ ГО ОКЕАНОТ НА ПРВО МЕСТО Photo by: @tom_shlesinger Победник во оваа категорија е Tom Shlesinger од Израел. Победничката фотографија е од морска желка која е загрозен вид, како го истражува вештачки изградениот расадник со корали „ИГЛУ” во потрага по храна. „THE WONDERFUL WORLD OF TIDES” – ПРЕКРАСНИОТ СВЕТ НА ПРЛИМАТА И ОСЕКАТА Photo by: @gugunderwater Победник во оваа категорија е Chris Gug од САД. Победничката фотографија е од брегот на Кабо Сан Лукас, Мексико. Најубавиот брег кадешто масивните бранови удираат директно на песокот, формирајќи прекрасни форми кои енергично експлодираат. „OCEAN IS LIFE” – ОКЕАНОТ Е ЖИВОТ Photo by: @shanegrossphoto Победник во оваа категорија е Shane Gross од Канада. Победничката фотографија е од мајка и син кои собираат морски ежови за своето семејство при плима на ливада со морска трева во Бали, Индонезија. Морската трева е често занемарено крајбрежно живеалиште важно за безбедноста на храната, биодиверзитетот, заштитата од бури и рибарството. „BIG & SMALL UNDERWATER FACES” – ГОЛЕМИ И МАЛИ ПОДВОДНИ ЛИЦА Photo by: @ostleglenn Победник во оваа категорија е Glenn Ostle од САД. Победничката фотографија е од Морски лав во карпести островчиња познати како Лос Ислотес, Мексико. Коишто се дом на најголемата репродуктивна колонија на морски лавови од Калифорнија (Zalophus californianus) во морето Кортез. „UNDERWATER SEA SCAPES” – ПОДВОДНИ МОРСКИ ПЕЈСАЖИ Photo by: @andy.schmid Победник во оваа категорија е Andy Schmid од Швајцарија. Победничката фотографија е Орка на отворен океан во фјордовите на северна Норвешка, која се храни со харинги, кои претходно ги брка во круг правејќи им мамка, за да ги собере на едно место. ИзворКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветСилен земјотрес ги погоди ФилипинитеЗемјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата. Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри. Засега нема информации за можни жртви или штети.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter