И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово - Канал 5

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

На повик на студентите во блокада, денеска во Белград ќе се одржи митинг за поддршка на српскиот народ во Косово.

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

Во Србија денеска се организираат собири за поддршка на Србите во Косово во неколку места, еден ќе го организираат поддржувачи на владата, а друг студенти во блокадата и граѓани кои ги поддржуваат.

Во Косово утре ќе се одржат локални избори.

Центарот за социјална стабилност, близок до властите, објави дека граѓаните кои се противат на блокадите ќе организираат собири во Нови Сад, Суботица, Сремска Митровица, Шабац, Апатин, Крагуевац, Краљево, Врњачка Бања, Бечеј, Сомбор, Чачак, Врбас, Горњи Милановац и на други места.

Студентите во блокада повикаа на социјални мрежи на митинг за поддршка на Србите во Косово, што ќе се одржи поладнево во Белград.

„Ние, студентите во блокадата, кои се залагаме за праведна држава и почитување на Уставот, сме должни да ја потсетиме јавноста дека Универзитетот во Приштина (преместен во Северна Митровица) е дел од нашиот универзитетски систем и да се солидаризираме со нашите колеги и заедно да го разбиеме медиумскиот мрак“, наведоа тие во објавата.

Министерството за внатрешни работи на србија, објави дека ќе ги снима и фотографира учесниците на митинзите во Белград, Кикинда, Чачак, Зрењанин, Сомбор, Крагуевац, Заечар и Пирот.

Во текот на претходните месеци, неколкупати се случи истовремено да се одржуваат собири на противници и поддржувачи на владата, а неколку пати полицијата мораше да интервенира за да спречи конфликти меѓу собраните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на летот за Тел Авив, Израел ги подигна борбените авиони

Авион на „Електра ервејс“ што леташе од Варшава за Тел Авив беше пренасочен кон Кипар откако пилотот погрешно го активираше меѓународното предупредување за киднапирање, што го натера Израел да ги подигне борбените авиони.

Драма на летот за Тел Авив, Израел ги подигна борбените авиони

Авион на „Електра ервејс“ што леташе од Варшава за Тел Авив беше пренасочен кон Кипар откако пилотот во пилотската кабина го активираше меѓународното предупредување за киднапирање.

Според израелската телевизија Н12, Израел ги подигна борбените авиони како мерка на претпазливост и му нареди на патничкиот авион, кој превезуваше околу 180 патници, да не се упатува кон аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, туку да го смени курсот кон Кипар.

Порталот „Јфид“ објави дека пилотот го притиснал копчето за итни случаи за време на летот Варшава-Тел Авив, што сигнализира киднапирање, но брзо ја известил контролата на воздушниот сообраќај дека предупредувањето е активирано по грешка и дека ситуацијата е под контрола.

Авионот полетал од Варшава во 11:35 часот, а откако влегол во воздушниот простор на Романија и Бугарија, бил активиран аларм за киднапирање. Потоа авионот прелетал над Турција и наместо да се упати кон Тел Авив, кружел во воздушниот простор во близина на Кипар, по што го сменил курсот во турскиот воздушен простор.

Иако пилотот подоцна објаснил дека немало киднапирање, израелските власти не сакале да ризикуваат и реагирале според безбедносните процедури.

Во моментов нема официјални информации дали авионот слетал, ниту на кој аеродром.

Поради инцидентот, летот во еден момент бил меѓу најследените на платформата „Flightradar24“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ формираше „Task Force“ за поинтензивна и координирана борба против недозволената трговија со дрога

Недозволената трговија со дрога претставува една од најсериозните закани за општеството, која не ги загрозува само поединците, туку и семејствата, заедниците и иднината на младите генерации.

Директорот на БЈБ формираше „Task Force“ за поинтензивна и координирана борба против недозволената трговија со дрога

Денеска (30.06.2026) директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев согласно своите законски надлежности, формираше Работен тим – Task Force, со цел уште поинтензивно, покоординирано и попрецизно детектирање, идентификување, документирање и разбивање на криминалните групи и поединци кои организирано или самостојно се занимаваат со недозволена трговија со дрога, без разлика дали дејствуваат на локално, регионално, национално или меѓународно ниво.

Со формирањето на овој специјализиран тим, борбата против недозволената трговија со дрога влегува во нова, поенергична и поодлучна фаза. Преку системски, координиран и професионален пристап, во функција се ставаат сите расположливи човечки, оперативни и технички капацитети на полицијата, со единствена цел – бескомпромисна пресметка со оваа форма на криминал.

Недозволената трговија со дрога претставува една од најсериозните закани за општеството, која не ги загрозува само поединците, туку и семејствата, заедниците и иднината на младите генерации.

Со овој модел на работа, надлежните служби ќе дејствуваат обединето, координирано и одлучно против секој поединец и секоја криминална група што го загрозува здравјето, безбедноста и иднината на граѓаните.

Воедно, Бирото за јавна безбедност ги повикува сите граѓани да бидат партнери во оваа борба, нагласувајќи дека секоја информација, сознание или пријава може да придонесе во спречувањето на ширењето на овој вид криминал и во создавањето побезбедна иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум лица се лишени од слобода од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Седум лица се лишени од слобода од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 29.06.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека 69-годишна жена кај нив пријавила дека била физички и психички малтретирана од нејзината ќерка.

На 29.06.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена пријави дека во домот во скопско била физички нападнат од нејзиниот вонбрачен сопруг А.Н..

На 29.06.2026 во 05:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Д.(34) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата партнерка.

На 30.06.2026 во 01:00 часот во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода Т.С.(31) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон членови на неговото семејство и оштетил дел од покуќнината.

На 29.06.2026 во 15:00 часот во СВР Тетово, 51-годишна жена од Тетово пријавила дека околу 12:00 часот во семејната куќа, нејзиниот сопруг упатил закани на неа и нејзината ќерка, по што се обидел да ја запали куќата.

На 29.06.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода И.М.(51) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 19:00 часот физички ја нападнал во семејниот дом. И.М. е задржан во Полициска станица Гостивар.

На 30.06.2026 во 05:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.Ќ., постапувајќи по претходна пријава од неговата 42 - годишна сопруга дека околу 04:00 часот со патничко возило ја скршил влезната врата од домот на нејзините родители, со тврд предмет скршил прозорец од куќата и физички ја нападнал. При извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта.

На 29.06.2026 во 21:40 часот во СВР Куманово, 44- годишна жена од Куманово пријавила дека нејзиниот поранешен партнер Н.М. ѝ се заканувал.

На 30.06.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(48) од Битола затоа што во семејниот дом во Битола физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга.

На 30.06.2026 во 01:10 часот на ул.„Беровска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.А.(43) од Прилеп затоа што упатувал закани на неговиот татко.

На 29.06.2026 во 14:50 часот на Градскиот пазар во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.В.(47) од с.Баница, струмичко, затоа што со дрвен предмет ја нападнал неговата сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер