И Шпанија со пет екипи следната сезона во ЛШ - Канал 5

И Шпанија со пет екипи следната сезона во ЛШ

Шпанската фудбалска лига следната сезона ќе има пет претставници во Лигата на шампионите, врз основа на резултатите на клубовите во сите три европски клупски натпреварувања оваа сезона.

И Шпанија со пет екипи следната сезона во ЛШ

Дополнително место во Лигата на шампионите добиваат две лиги врз основа на резултатот на клубовите, а откако на 8 април беше објавено дека тоа ќе биде Премиер лигата, по синоќешните резултати и пласманот на Бетис во полуфиналето на Конференциската лига и на Атлетик Билбао во полуфиналето на Лига Европа, потврдено е дека и Ла Лига ќе има пет претставници.

Минатата сезона Италија и Германија добија по едно дополнително место, и во како петтопласирани во националните првенства Болоња и Борусија Дортмунд играа во Лигата на шампионите, која од оваа сезона се игра во нов формат, со 36 клубови според единствена табела. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија го засилува фронтот против пожарите: Над 250 доброволни пожарникари обединети под иста команда на ДЗС

Во пресрет на топлотниот бран кој се најавува од синоптичарите во периодот што следи а со тоа и опасноста од пожари на територијата на Македонија, државата можеби како никогаш досега влегува подготвена за справување со евентуалните огнени стихии.

Македонија го засилува фронтот против пожарите: Над 250 доброволни пожарникари обединети под иста команда на ДЗС

Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва денес се приклучија на тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување. Тие заедно со трите Ер-трактори на Дирекцијата, армиските и полициските хеликоптери како и повеќе од стотина цистерни и најсовремените возила за гаснење на шумски пожари ќе бидат на располагање на државните противпожарни капацитети летово

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека заедно со доброволните пожарникари оваа сезона вкупно ќе има 950 професионални пожарникари на ниво на државата.

„Што се однесува до нашата подготвеност за справување со пожари, оваа сезона сме подготвени како никогаш досега. Поради опасноста од пожарите Владата оваа година благовремено прогласи кризна состојба уште од 1 јули со што на располагање ги имаме сите механизми на кризната состојба како што е непречено учество во справувањето со пожарите на Полицијата и Армијата но и на сите останати национални ресурси“, рече - Стојанче Ангелов – Директор на Дирекција за заштита и спасување.

Ангелов апелира на поголема внимателност во летните денови од страна на земјоделците но и останатите граѓани, но и натаму е потребна будност и околу онои кои и во минатото подметнуваа дел од пожарите...

- Јужните, централните и источните делови на државата особено делот во Штипско, Овче Поле, Св. Николе и Кочанско поле се изложени на најчесто први на летните пожари, бидејќи овде меѓудругото има многу стрниша кои од земјоделците се палат – посочи Ангелов.

Првиот човек на ДЗС уште еднаш истакна дека не очекува тешка сезона летово и како командант на силите за заштита и спасување иднината на гаснењето на пожарите на отворен простор ја гледаа во развој на доброволното пожарникарство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни визи

Македонија самостојно и успешно го решава проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната, дециден е вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни визи

Тој информираше дека веќе се издаваат долгорочни работни визи, а склучени се договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, додека разговорите со Словенија, Австрија и Германија се во завршна фаза. Претходно дел од медиумите во соседството објавија дека Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија испратиле заедничко писмо до Европската комисија со барање за системско решение најдоцна до 10 август. Во однос на овие информации Николоски повтори дека земјава проблемот го решава на експертско ниво

-Ова прашање го водиме самостојно, од причина што други земји е злоупотребено. Дел за естрада, дел за политички поени таму и се што кажаа од тие соседни држави до сега не се реализирапе. Би замолил македонските транспортери за тоа се свесни и им е доволно јасно да не се потпаѓа под туѓи пропаганди и ние да си ја гледаме нашата работа, а во моментов сум апсолутно задоволен како се одвива нашата работа и како се решаваат проблемите за нас,- Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

И превозниците сметаат дека решението треба да се бара преку билатерални договори со секоја земја од Шенген-зоната. Од „Макам-транс“ велат дека имаат доверба во домашните институции и во активностите што ги презема Министерството за транспорт..Како позитивен пример ја посочуваат Хрватска, но додаваат дека сè уште треба да се прецизираат процедурите и потребните документи за добивање годишни визи.

-Уште на првиот состанок пред протестите кажавме дека не станува збор за политичко барање, туку за чисто егзистенцијален проблем кој сакаме да биде надминат. Имаме доверба во работата на нашите државни органи, бидејќи без нив не може да се реши проблемот затоа што сепак тоа мора да биде на билатерална основа,- Билјана Муратовска – генерален секретар на „Макам Транс“.

Во меѓувреме, еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, изјави дека Европската комисија им предложила на земјите членки и на државите од Западен Балкан да се договорат за долгорочни визи за професионалните возачи. Во интервју за Европскиот весник ЕНР, Брунер нагласи дека ова би било привремено решение, додека долгорочно решение ќе се бара преку новата визна политика на Унијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Законот за соодветна и правична застапеност на пленарна седница

Законот за правнична застапеност ја разгори атмосферата во Собранието. 

Законот за соодветна и правична застапеност на пленарна седница

Опозициските пратеници од албанските партии влегоа во кавга со потпретседателката Весна Бендевска, на која и забележуваат зошто по завршување на расправата не го стави законот на гласање туку премина на следната точка од дневниот ред на седницата.

Неколку часа се пријавуваат со процедурални забелешки, како единствена алатка да го кажат нивниот став дека законот се прескокнувал поради отсуство на пратениците од Вреди кои се неопходни за финалното гласање.

Бендевска тврди дека не го крши деловникот. Вели дека точниот датум и час на гласање ќе го одреди претседателот Африм Гаши, а потсети и дека таква пракса имаше и во време на Талат Џафери.

На кратко на седницата се појави и лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој вообичаено присуствува кога треба да се гласаат поважни закони со бадентерово мнозинство.

Законот за правична застапеност, кој доаѓа како замена за балансерот, ќе се носи со т.н. „мал бадентер“, односно покрај мнозинство од присутните пратеници ќе биде потребно и мнозинство од присутните коишто припаѓаат на немнозинските заедници.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер