3Василевска: Дали за СДС патот до ЕУ е преку бегање од работни групи и негласање за реформски закони?
СветИ постари од 60 години можат да служат во вооружените сили на УкраинаПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша закон за воена служба по договор за лица кои ја достигнале старосната граница од 60 години за воена служба.Законот им дозволува на лицата кои ја достигнале старосната граница, но се подготвени да продолжат со службата од здравствени причини, да склучат договор за воена служба, објавено е на веб-страницата на парламентот, пренесе Укринформ. Граѓаните на Украина кои ја достигнале старосната граница за престој во резерва можат, на нивно барање, повторно да се регистрираат за воена служба доколку имаат писмена согласност од командантот на воената единица за прием на воена служба по договор. Според документот, таквите лица ќе можат да служат на позиции на редовни војници, наредници, подофицери, како и на помлади и постари офицери (под услов војниците да се отпуштени од служба по 1 јануари 2015 година). За назначување на офицерска позиција потребна е согласност од Генералштабот на вооружените сили на Украина. Договорот се потпишува на една година, со можност за продолжување. Предвиден е и пробен период од два месеца, а договорот може да се раскине доколку војникот не ги исполни условите или се покаже како неспособен за должност. Врховната Рада го усвои законот за воена служба по договор за лица кои ја достигнале старосната граница за воена служба на 16 јули.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести58- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
МакедонијаЛефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред МакедонијаВенко Филипче повторно покажа дека кога треба да избере помеѓу македонската или антимакедонската политика, тој секогаш ја избира антимакедонската.Филипче не најде за потребно да упати ниту најмала критика кон официјална Софија, иако Бугарија направи дипломатски преседан со објавување документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство. За човек кој секојдневно зборува за европски вредности, денес нема ниту збор за прекршувањето на основните дипломатски правила. Кога треба да се критикуваат бугарските власти, Филипче исчезнува од јавноста. Тоа е истиот Филипче кој никогаш не реагира кога од страна на Бугарија се негираат македонскиот идентитет, јазик и историја. Истиот Филипче кој секогаш наоѓа оправдување за бугарските позиции, но никогаш аргумент во одбрана на македонските интереси. Со ваквото однесување Филипче испраќа порака дека е подготвен да премолчи се што доаѓа од Софија, па дури и да имплементира нивни срамни барања, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКузеска: 2 години Влада на Мицкоски- уништување на македонското земјоделствоДве години Влада на Мицкоски се две години уништување на македонското земјоделство.Нема гранка во земјоделството, нема земјоделец што не нема проблем - сите, и градинарите, и овоштарите, и лозарите, и сточарите, и поледелците. За две години ВМРО покажа тотална негрижа за земјоделците, за луѓето кои што се заслужни што имаме храна, за секторот кој може да даде сериозен инпут во извозот и во вкуната економија. Ветуваа сигурен откуп, загарантирани цени, повисоки субвенции, инвестиции, поддршка за младите земјоделци и заштита на домашното производство. Ги излажаа земјоделците, нитшо не исполнија. Откупот на земјоделски производи од малите земјоделци е намален за 46,2%. Ветија 180 милиони евра финансиска поддршка за земјоделците. Не само што не се 180 милиони евра, туку и ги намалија за 40 милиони евра. За две години цената на млекото се намали за 10 денари а, субвенциите кај кравите се намалија од 12.000 денари на 8.000 денари Две години се крши Законот за вино и не се објавува производната цена на грозјето за двете сорти Вранец и Смедеревка. Две години за лозарите по килограм нема субвенции но затоа две години има за винариите и тоа по 10 денари за килограм грозје. Ветија поголеми субвенции за пченицата и јачменот но не само што не ги зголемија субвенциите туку дополнително ги условија земјоделците ако сакаат да добијат субвенции мора 30% од производството да биде предадено кај регистрирани откупувачи. Ветуваа поголема поддршка за малите земјоделци но им ги зголемија минималните прифатливи површини како услов за добивање на субвенции со што голем број на мали земјоделци нема да можат да добијат субвенции. Не им кажаа на земјоделците дека ќе ја укинат авансната исплата но го направија тоа и сега им должат неисплатени субвенции од 2025 година а законскиот рок за исплата на субвенции до 30 јуни 2026 истекува. Нема повисок и достоинствен доход за земјоделците - земјоделците, луѓето кои работат од утро до мрак на нива, во фарма, се понижени и осиромашени од оваа власт. Ветуваа инвестиции од стотици милиони евра во хидросистеми и модерни системи за наводнување „капка по капка“. Ништо нема - капиталните проекти во водостопанството се целосно стопирани. Нема зголемен сточен фонд. Сточарството во Македонија е пред тотално изумирање, фармите масовно се затвораат поради скапата сточна храна и ниската откупна цена на млекото. Нема неповратни финансиски средства за младите земјоделци. Нема нови откупни центри. Нема максимално искористување на европските фондови. Напротив, ВМРО не посрамоти пред Европската унија со скандалозниот криминал со ИПАРД 3, ни блокираа пари, заради тоа што оваа криминална власт посегна по европските пари. Е тоа е ВМРО! За две години, НУЛА исполнети ветувања во земјоделството, рече Богданка Кузеска од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести58- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
МакедонијаВасилевска: Дали за СДС патот до ЕУ е преку бегање од работни групи и негласање за реформски закони?Со месеци наназад од СДСМ постојано бараат испорака на законите од Реформската агенда, зборуваат за европскиот пат и се обдуваат да се претстават како единствен фактор кој се грижи за евроинтеграциите на државата.Но, кога ќе дојде моментот тие закони да бидат ставени на гласање во Собранието, од СДСМ не гласаат и наместо конструктивност, избираат политички калкулации. На вчерашната собраниска седница беа разгледувани и усвоени повеќе значајни законски решенија кои се дел од Реформската агенда и кои се важни за исполнување на обврските што државата ги презема во процесот на европската интеграција. Дополнет беше Предлог-законот за судска служба со 61 глас „за“ и 12 „против“. Дополнет беше Предлог-законот за јавнообвинителска служба со 62 гласа „за“ и 13 „против“. Усвоен беше Предлог-законот за високи раководители со 62 гласа „за“, а пратениците од СДСМ не гласаа. Дополнет беше и Предлог-законот за користење на енергија од обновливи извори со 62 гласа „за“, додека СДСМ повторно не даде поддршка. Предлог-законот за оружје беше усвоен со 70 гласа „за“, СДСМ не гласаше. Ова јасно покажува дека кога станува збор за конкретни реформи, СДСМ нема намера да придонесе. Лесно е да се зборува за Европа на прес-конфернеции, но многу поважно е како се постапува кога треба да се гласа во Собранието. Кога ќе дојде редот да се работи на реформите , од СДСМ не ги поддржуваат законите, но и избегнуваат да учествуваат и во процесите што треба да доведат до нивно креирање. Така беше со работната група за Изборниот законик, од СДСМ не учествуваа и избраа да ја бојкотираат работната група, иако таа има задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ и ОДИХР и да ги усогласи со стандардите што ги бараат европските институции. Токму овие препораки, се дел од извештаите за напредокот на државата и се важен дел од реформскиот процес. Јавноста има право да знае, дали за СДСМ европски пат е да не се поддржи ниту едно решение и да се бега од работните групи, а и да не се гласа за реформските закони? Почитувани, Европскиот совет и Европската комисија ја препознаваат динамиката со која Македонија ги реализира реформите. Тоа е причината поради која нашата држава доби и најголем износ на финансиска поддршка од Планот за раст, во споредба со останатите земји од регионот. Европската Унија внимателно го следи реформскиот процес и ги поздравува чекорите што ги презема Владата. За жал, за СДСМ ниту оценките од европските институции, ниту конкретните резултати, очигледно не се доволни за да покажат одговорност и да дадат поддршка, рече Иванка Василевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter