И покрај заканите од Иран, Бугарија им дозволи на САД да ги користат базите за напади на Блискиот Исток - Канал 5

И покрај заканите од Иран, Бугарија им дозволи на САД да ги користат базите за напади на Блискиот Исток

Бугарскиот парламент го одобри користењето на воздухопловната база Безмер од страна на американската војска за поддршка на американските операции на Блискиот Исток.

И покрај заканите од Иран, Бугарија им дозволи на САД да ги користат базите за напади на Блискиот Исток

Бугарскиот парламент го одобри користењето на воздухопловната база Безмер од страна на американската војска за поддршка на американските операции на Блискиот Исток, додека некои пратеници стравуваат дека Бугарија би можела да биде вовлечена во војна со Иран.

Претставниците го поддржаа предлогот на владата со 136 гласови „за“, 13 „против“ и два воздржани. Одлуката овозможува распоредување до осум американски авиони за полнење гориво KC-135, до 250 лица и помошна опрема во воздухопловната база Безмер од 24 јули до 1 октомври. Не се потребни дополнителни одобренија.

Базата е оддалечена околу 260 километри од Софија

Базата Безмер се наоѓа околу 260 километри југоисточно од Софија. Според договорот за одбрана меѓу САД и Бугарија од 2006 година, тоа е објект што го користат двете земји. Секој пат кога САД сакаат да ја користат базата за нова намена, потребно е одобрение од бугарскиот парламент.

Новото распоредување на американските сили следеше по барање од амбасадата на САД во Софија. Досега нема официјален коментар од САД.

Премиер: Воени операции нема да се спроведуваат од Бугарија

Пред гласањето, бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека е „категорично исклучено“ воените операции на Блискиот Исток да се спроведуваат од бугарска територија.

Радев на состанокот на кабинетот изјави дека распоредувањето на американски танкери во Безмер е наменето исклучиво за логистички мисии на полнење гориво од воздух надвор од бугарскиот воздушен простор.

Министерот за одбрана Димитар Стојанов им рече на пратениците дека се преземени сите потребни мерки, на национално и сојузничко ниво, за Бугарија да не биде вовлечена во конфликтот.

„Побаравме и добивме гаранции од нашиот стратешки партнер со цел да се намали ризикот за нашата национална безбедност“, рече Стојанов.

Некои земји од ЕУ не сакаат да им помогнат на американските операции

Одлуката доаѓа во време кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со отпор од некои европски сојузници за користење на воздухопловни бази за поддршка на војната на САД со Иран.

Американските авиони KC-135 се користат за полнење гориво во воздух, што овозможува подолги операции на борбени и други воени авиони. Бугарските власти тврдат дека нивната улога ќе биде ограничена на логистичка поддршка и дека нема да се вршат напади на Блискиот Исток од бугарска територија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор

Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира на соопштението на Фондот за здравство за наводна согласност за новиот петгодишен договор..  

Приватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор

-На разговорот не беше постигната согласност. Фондот не прифати ниту еден од нашите предлози, а Здружението не даде согласност ниту за новиот договор ниту за повисоките договорни казни.

Соопштението на ФЗО остава впечаток дека договорите се усогласени со претставниците на сите здравствени дејности. Во делот што се однесува на матичната гинекологија, таквиот впечаток е погрешен.

Бараме ФЗО јавно да појасни дека новиот договор за матичните гинеколози е утврден без согласност од нашето Здружение и да образложи зошто не ги прифати предлозите што ги доставивме – реагираа од Здружението на приватни гинеколози..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка, откако судот го прифати барањето за триесетдневен притвор, потврдуваат од Гостиварскиот суд за Канал 5...

Поради проценка за менталната состојба за обвинетиот мора да има и вештачење во однос на неговата пресметливост, па потоа ќе се знае дали ќе биде вратен за издржување на мерката во Бардовци, брифираат од Гостиварскиот суд.

Според податоците тој претходно бил осудуван, но за кривично дело кражба...

Во меѓувреме, состојбата на неговата четириесет и двегодишна сопруга која според првичните информации два дена била тепана пред да заврши на КАРИЛ, се уште е загрижувачка...

Поради сериозноста на повредите таа е на интензивна нега, има крварење во главата и четири скршени ребра, но е стабилна и контактибилна, информираат од ТОАРИЛУЦ за Канал 5...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано.

Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување.

Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер