Аеродром со три важни одлуки: Поголема поддршка за младите, награди за учениците и кодекс за одговорност за функционерите
1Аеродром со три важни одлуки: Поголема поддршка за младите, награди за учениците и кодекс за одговорност за функционерите
МакедонијаИ покрај седницата на Советот, синдикатот вели јавен превоз во Скопје во понеделник ќе нема И покрај тоа што Советот на Град Скопје в понеделник ќе оддржи вонредна седница на која треба да се гласа за субвенциите од 11 милиони евра на ЈСП, како единствена точка на дневен ред- сепак автобусите од понеделник нема да сообраќаат.Миќо Стојановски од синдикатот на ЈСП, вели дека единствено не се исклучува можноста да биде пуштена по една линија која би ги однела децата на првиот училишен час од првото полугодие, но тоа ќе биде договорено викендов од страна на раководниот кадар на ЈСП. Покрај возачите ќе штрајкува и администрацијата, а Стојановски посочува дека се што бараат е редовна и загарантирана исплата на платите. „Во моментов пратејќи ги сите чинители и фактори во градот Скопје, јавен градски превоз во понеделник наутро ќе нема. Советот на Град Скопје е тој што носи одлуки и што си игра со нервите и на вработените во ЈСП и на граѓаните на Град Скопје. Ако на некој советник, градоначалник и политичар му е битно за жителите на Градот Скопје и за сите оние стотици илјади доаѓаат во градот да си заработат парче леб за своите семејства, така и ние сакаме да си однесеме парче леб за своите семејства.“ Трајко Славевски претседателот на Советот за Канал 5 потврди дека седницата е закажана за в понеделник во 11 часот. Вели оваа точка се става на дневен ред по втор пат, откако минатиот пат советниците изразиле резерва за исплаќање на целата сума на претпријатието оддеднаш. Според Славевски доколку сега се исплати целата сума, по краток период тие повторно би добиле барање за субвенции, а со тоа постои опасност до 30% од буџетот на градот да оди за ЈСП Скопје. „Очекувам да има амандмани од страна на советниците како и претходно да не се обезбедува целокупниот износ сега наеднаш, на некој начин да се даде сигнал на директорот кој го назначува градоначалничката Арсовска дека од нив се очекува професонално да работат, да ги намалат трошоците а не постојано да чукаат на вратата на Совет на Град Скопје за обезбедување средства, сепак тие имаат и сопствени приходи.“ Градоначалничката Арсовска ова го оцени како креирање на непотребна криза која подоцна Советот би ја решавал. Во гостувањето во Само интервју пред два дена, рече дека Советот манипулира со над 1500 вработени, чекајќи да настане тензија и синдикатите да го кренат својот глас, па потоа да биде изгласани нивните барања. „Јас мојата обврска како градоначалник си ја завршив, буџетот е поминат, средства има, треба само тие средтвата со одлука да ги доделат. Три точки им дадов денеска којшто претходната седница не ги изгласаа, за три јавни претрпријатија за ЈСП затоа што излезе синдикатот сега ќе ја стават на дневен ред и ќе одат и само таа ќе ја гласаат, а останативе две ќе чекаат да има повторно тензии и повторно граѓаниве кои што си работат таму да останат без плата за да креираат нова криза и да ја стават на наредна седница да ја гласаат, што е подигрување со интегеленцијата на луѓето.“ Славевски пак вели дека уште минатата недела Советот бил подготвен да оддржи вонредна седница, но во моментот кога на дневен ред требало да се расправа околу субвенционирањето на ЈСП, ниту градоначалничката, ниту секретарот не биле присутни, па седницата била прекината, а поради празничниот викенд повторно е закажана за в понеделник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАеродром со три важни одлуки: Поголема поддршка за младите, награди за учениците и кодекс за одговорност за функционеритеСоветот на Општина Аеродром донесе три значајни одлуки со кои се унапредува поддршката за младите жители.Советот на Општина Аеродром донесе три значајни одлуки со кои се унапредува поддршката за младите жители, се вреднуваат успесите и талентите на учениците и се воспоставуваат повисоки стандарди за одговорност, отчетност и транспарентност во работењето на локалната самоуправа. На предлог на градоначалникот Дејан Митески, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница изгласа зголемување на старосната граница за ослободување од општинскиот дел од комуналиите за изградба на прв дом, од досегашните 35 на 40 години. Сите млади до 40 години што ги исполнуваат условите ќе можат да остварат целосно ослободување од комуналии, согласно и со мерката на Град Скопје. Другите услови остануваат непроменети и се однесуваат на жителството во Општина Аеродром од најмалку две години, изградба на прв дом за лични станбени потреби и обврска за живеење во него најмалку десет години. Советот донесе и одлука за доделување еднократни парични награди за учениците од VII до IX одделение во општинските основни училишта кои постигнале посебни успеси во науката и технологијата, уметноста и литературата, спортот, како и за учениците со посебни образовни потреби кои покажале исклучителен инклузивен напредок. Право на награда ќе имаат учениците кои ги исполнуваат утврдените услови што ќе бидат објавени навремено во јавен повик. Постигнувањата треба да бидат остварени во тековната или претходната учебна година. За првпат, Општина Аеродром донесе и Кодекс со кој се утврдуваат јасни правила и стандарди за однесување и работење на градоначалникот, претседателот и членовите на Советот, како и на другите носители на јавни функции во Општината. Кодексот ги утврдува принципите на законитост, професионален интегритет, одговорност, отчетност, транспарентност и заштита на јавниот интерес, со цел зајакнување на институционалниот интегритет и зголемување на довербата на граѓаните во работата на локалната самоуправа. Со донесените одлуки, Општина Аеродром продолжува со спроведување конкретни мерки за подобрување на квалитетот на животот, поддршка на младите и препознавање на потенцијалот на децата, паралелно со унапредување на стандардите за одговорно и транспарентно институционално работење.Тагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВенс го презема водењето на преговорите со Иран; Трамп му доделува клучна улога Венс го презема водењето на преговорите со Иран; Трамп му доделува клучна улога – Техеран ги одбива разговорите и се заканува на американските бази во Европа.Потпретседателот на Соединетите Држави, Џеј Ди Венс, презеде водечка улога во преговорите за ставање крај на војната со Иран, а се разгледува и можноста за директна средба меѓу него и Мохсен Резаеи – секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Сепак, Резаеи тврди дека таква средба не е планирана, пренесува „Волстрит џурнал“. Според американски официјални претставници на кои се повикува весникот, претседателот Доналд Трамп го овластил Венс повторно да ги започне преговорите со Техеран. Со тоа, потпретседателот презеде главна дипломатска улога, додека пратениците на Белата куќа, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, се повлечени во втор план. Иако го поддржува продолжувањето на преговорите, Трамп, наводно, смета дека јунскиот меморандум за разбирање со Иран – во чие договарање учествуваше и Венс – бил грешка. Двајца американски функционери изјавија дека претседателот смета оти договорот му овозможил на Иран да закрепне и повторно да остварува приходи од продажбата на нафта. Од друга страна, државниот секретар Марко Рубио и Стивен Милер од Белата куќа – според истите извори – се залагаат за задржување на блокадата против Иран сè додека Техеран не се согласи на отстапки. За разлика од Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет, кои ја бранат одлуката на Трамп во врска со војната, Венс јавно го поврза конфликтот со тешкиот пораз на републиканците на минатонеделните избори за Конгресот. Американските официјални претставници ја опишуваат неговата одлука да преземе водечка улога во дипломатијата со Иран како политички ризичен потег. Успехот во преговорите би можел да донесе значителни политички придобивки, додека неуспехот би можел да има спротивен ефект. Според „Волстрит џурнал“, Трамп се согласува со проценката на Венс дека војната влијаела врз изборните резултати, но сепак продолжува да ја брани воената операција против Иран. Додека Вашингтон ја разгледува можноста за обновување на дипломатските контакти, пораките од Техеран укажуваат на тоа дека во моментов не се водат никакви преговори со Американците. Во интервју за либанскиот телевизиски канал „Ал-Мајадин“, Мохсен Резаеи ги отфрли тврдењата за разговори меѓу двете страни. Тој ги нарече лаги извештаите за наводни преговори во Катар, тврдејќи дека нивната цел е да се намали економскиот притисок врз Иран и да се спуштат цените на нафтата. Иранскиот функционер, исто така, упати директно предупредување до Соединетите Држави, заканувајќи се со напади врз американските воени позиции. „Ако Американците направат грешка и нè нападнат, ние ќе извршиме удари дури и врз оддалечените американски бази“, изјави Резаеи. Тој додаде дека потенцијални цели би можеле да бидат сите бази од кои полетуваат американски авиони, вклучително и оние што се наоѓаат во Европа.Тагови: Џ.Д. Венс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУХаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!Ова е невиден скандал, аматеризам и катастрофа каква што не се памети ни во најнеразвидените држави! Владата и нивното мнозинство вчера направија класичен испад на „пиши-бриши“ откако сфатија дека “случајно” избришале клучни ставови, па сега по итна постапка се враќаат назад во собраниските клупи за да ги кројат законите преку ноќ. Читаат писмени извештаи и се прават неупатени, но директната порака од Европската комисија е сосем јасна: она што тие го прават со законодавството е чист хаос кој ја става Македонија во ред на крајно нефункционални и неспособни држави. Која будала би инвестирала во земја каде што законите се менуваат секој час само за да се задоволат тесни партиски интереси и директиви? Како што јасно потврдуваат и анализите од последниот Извештај на Европската комисија, високата корупција во земјава останува широко распространета, а честите и непредвидливи измени на законите директно ја засилуваат перцепцијата за неказнивост. Наместо борба против криминалот, власта испорачува само добра претстава за јавноста – лажни реформи, неуспешни конфискации и законски решенија кои ја „галат“ корупцијата, наместо да ја казнуваат. Народот ги трпи последиците од оваа неспособност, додека државата губи на секој чекор. „Ова е врв на неспособноста и ќе речам ‘правно дивјаштво’ кое мора да престане веднаш! Прво си изгласаа амнестија за функционерите за да ја заштитат високата корупција, а сега со секојдневните измени во Кривичниот законик по скратена постапка прават хаос, додека за обичниот граѓанин воведуваат ригорозни казни. Добиваме јасни шлаканици од Европската унија бидејќи оваа власт ја претвори државата во приватна зона за тендери и партиски манипулации. Ваквото скандалозно однесување мора да заврши – доста е од погребување на правната држава!“, порача претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. ЛДП бара итно запирање на ова законско лудило, повлекување на досегашните штетни интервенции и воспоставување на вистинско владеење на правото, бидејќи Македонија повеќе нема време за губење во рацете на неодговорни политичари!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34