Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Шоу бизИ покажа ли среден прст Ди Каприо на филмската академија?!22 години чекаше и дочека. Шеста среќа за Леонардо Ди Каприо за стоечки овации во Долби театарот во Лос Анѓелес.41-годишниот актер ја доби златната статуетка за улогата во филмот Повратник, за ликот на Хју Глас, кој со месеци преживува во дивина. Дали холивудската ѕвезда навистина и покажа среден прст на Академијата поради предолгото чекање на наградата веќе не е ни важно. Важна беше глобалната порака што актерот ја испрати синоќа за опасноста од климатските промени. -Снимањето на Повратник беше врска меѓу човекот и природата. 2015-та беше регистрирана како најтопла во историјата. За време на снимањето ние постојано се движевме кон југ, за да најдеме снег. Благодарам за оваа прекрасна награда вечерва. Ајде да не ја сфаќаме оваа планета здраво за готово, како што јас оваа вечер не ја сфаќам така. Благодарам, изјави Леонардо Ди Каприо. Голема причина за славје имаа и припадниците на седмата сила. Филмот „Под лупа“ го доби оскарот за најдобар филм, што е прв пат по 70 години филм посветен на новинарите да земе Оскар, овој пат за исклучителната драма, во која група новинари од Бостон откриваат педофилски скандал кој со години се одвива во Католичката црква. -Овој филм го посветивме на сите новинари кои се и продолжуваат да бидат одговорни, исто како и на жртвите, чија храброст и волја да ги надминат тешкотиите се навистина инспиративни, изјави Том Мекарти, режисер на филмот „Под лупа“. Приматот за најдобар режисер го понесе Алехандро Гонзалес Ињариту за филмот Повратник, кој беше номиниран во дури 12 категории. Наградата за најдобра женска улога ја доби Бри Ларсон за улогата во филмот за ликот на мајка која со 5-годишниот син бега од заробеништво. -Им благодарам на сите кои учествуваа во создавањето на филмот „Соба“, на сите кои го погледнаа, на сите фанови и на сите оние кои одат во кино, изјави Бри Ларсон, најдобра актерка за 2015. Иако во сенка на големите имиња, сепак најголемо изненадување на 88-то доделување на оскарите е филмот Лудиот Макс, автопат на бесот, кој освои најмногу, дури шест статуетки во техничките категории. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
АвтомобилизамФиат направи нов Папамобил- има црвен тепих и седиште на вртењеВо текот на протоколарните обврски при посетата на Уругвај, папата ќе вози во специјално адаптиран Фиат Титано, пикап кој до неодамна се склопувал во таа земја.Папата Лав XIV за време на неговата посета на Уругвај од 6 до 8 ноември, тој ќе користи специјално адаптиран Фиат Титано. Пикапот се претвора во папамобил со отворени страни, електрично склопливи скали и седиште кое може да се ротира и прилагодува по висина, пишува Motor1. За време на посетата, папата треба да ги посети Монтевидео, Пајсанду и Флорида. Возилото за неговиот транспорт се подготвува во објектите на Нордекс во Монтевидео, каде што специјализирани техничари и локални експерти вршат модификации според барањата на Ватикан. Бела кожа, црвен тепих и транспарентен покрив Отворените страни ќе им овозможат на собраните подобар поглед на папата. Покрај подвижното седиште, ќе бидат инсталирани уште две, а пристапот до задната платформа ќе биде олеснет со електрично склопливи скали. Седиштата и рачките ќе бидат покриени со бела кожа, додека подот ќе биде покриен со црвен тепих. За заштита од лоши временски услови е обезбеден транспарентен покрив. На предните страни од возилото ќе има знамиња на Ватикан, а на вратите грбот на Ватикан. Деталите на решетката на ладилникот, рамките на светлата за магла и делови од предниот и задниот браник исто така ќе бидат обоени во бело. Перформанси што не можат да се купат Папин Титано се разликува од серискиот модел по неговата единечна кабина. Ваквите перформанси не се достапни во ниту една јужноамериканска земја. Бразил, најголемиот пазар за овој модел, и Аргентина, каде што се произведува, нудат само верзија со двојна кабина. Интересно е и тоа што Титано воопшто не се продава во Уругвај. Нордекс го склопуваше таму до средината на 2025 година од делови увезени од Кина, но сродниот Рам Дакота се нуди на уругвајскиот пазар. Може да има дизел мотор со 200 КС Не е потврдено на која верзија е базиран идниот папамобил. Тркалата се совпаѓаат со оние на верзијата Volcano AT 4x4, која се продава во Бразил. Доколку тоа послужи како основа, Титаното на Папата ќе биде напојувано од 2,2-литарски турбодизел мотор со 200 КС и 450 Nm вртежен момент. Оваа верзија има осумстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала со автоматско вклучување и редуктор. Тагови: папамобил фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаСо „Ролс-ројс“ возел со 194 км/час на автопатот Гостивар- Тетово, гостиварецот е приведен Мобилната единица на МВР со полициски пресретнувач откри возач кој управувал „ролс-ројс“ со брзина од 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово.Вчера во 12:05 часот, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале патничко моторно возило „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки, кое се движело со брзина од 194 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. Возачот Б.М. (44) од Гостивар е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се соодветни мерки и активности, а против него ќе биде поведена соодветна постапка согласно закон. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли на територијата на целата држава, вклучително и со употреба на специјалните полициски возила – пресретнувачи, со цел навремено откривање и санкционирање на несовесните возачи, унапредување на безбедноста на патиштата и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. Непочитувањето на ограничувањата на брзината претставува еден од главните фактори за предизвикување сообраќајни незгоди, кои неретко имаат сериозни последици по човечките животи, здравјето и имотот. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на патиштата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПет минути ужас во православната црква во Јордан – убиени се најмалку 7 верници (ВИДЕО)Сцени на паника во црква во регионот Карак во Јордан се снимени на видео од внатрешноста на зградата во моментот на вооружениот напад во кој загинаа седум лица, а најмалку 34 беа повредени, од кои некои сериозно.Видео снимката што е објавена во јавноста покажува толпа верници како трчаат во паника и бараат засолниште штом се слушнале првите истрели, објави Прототема. Најмалку едно лице се чини дека паѓа мртво од огненото оружје на напаѓачите, кои влегле во областа со оружје во рацете. Двајца вооружени лица (со трето лице) излегле од возило и отвориле оган за време на погреб во селото Хамуд во покраината Карак, соопштија јорданските власти. - Најмалку седум лица се убиени во пукотница во грчка православна црква во селото Хамуд, во покраината Карак. Дирекцијата за јавна безбедност соопшти во соопштение. Очевидец изјави за телевизиската мрежа Ал-Мамлака дека напаѓачите пукале пет минути пред да избегаат. Тој рече дека меѓу 150 и 200 луѓе биле присутни во и надвор од црквата во времето на пукотницата. A heinous terrorist attack against Saint George Greek Orthodox Church in Jordan has killed six people and injured many others. When an al-Qaeda commander is elevated to the presidency of a neighboring country, the consequences extend far beyond its borders. https://t.co/cxaHmFUUms — Greco-Levantines World Wide (@GrecoLevantines) October 23, 2026 Повеќето од жртвите биле на возраст меѓу 50 и 70 години. Во тек е истрага за идентификување и пронаоѓање на напаѓачите. Областа Карак, со население од околу 375.000 жители, е дом на голема христијанска заедница. Ваквите насилни напади не се вообичаени во Јордан, иако имало неколку крвави инциденти.Тагови: Јордан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook