И по половина година од пресудата, двајца од осудените во „Дурмо турс“ не го почнале отслужувањето на казната - Канал 5

И по половина година од пресудата, двајца од осудените во „Дурмо турс“ не го почнале отслужувањето на казната

И шест месеци по правосилноста на пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 патници, двајцата првообвинети се уште не се во затвор. 

И по половина година од пресудата, двајца од осудените во „Дурмо турс“ не го почнале отслужувањето на казната

Ремзи Мифтари, одговорниот за транспорт во Дурмо турс пред една недела требало но не се појавил во затворот во Идризово да ја издржува десетгодишната затворска казна која досега ја одложуваше поради здравствени причини, односно операција на херниа на тестиси.

-КПУ Идризово во петокот на 7.11.2025 година испрати известување до судијата за извршување на санкциите во Основниот суд Гостивар дека правосилно осудениот Ремзи Мифтари не се јави за одлежување на казната според дадениот рок во упатниот налог од судијата. Ако Гостиварскиот суд го добил известувањето, треба да следи наредба за присилно спроведување на осуденото лице во затворот Идризово--велат оттаму.

Од Гостиварскиот суд за Канал 5 потврдија дека завчера го добиле известувањето од затворот Идризово, но и дека ден претходно од Ремзи Мифтари добиле нова молба за одложување на издржувањето на затворската казна повторно од здравствени причини. Судијата за извршување на санкциите ја одбил молбата, но Мифтари има право на жалба по која треба да одлучи Кривичен совет во судот. Доколку ја отфрли оваа жалба а тој не се појави во Идризово тогаш судијата ќе издаде наредба за негово присилно спроведување, велат оттаму.

Но освен Мифтари, и првообвинетиот газда на Дурмо турс, Дурмиш Белули, исто така правосилно осуден на десетгодишна затворска казна, не е во затвор во Идризово. И тој од исти здравствени причини го одложуваше издржувањето на казната а рокот му истекува за една недела.

Првостепената осудителна пресуда за случајот беше изречена во јануари, но по поднесените жалби, но скопска апелација ја преиначи во делот на висината на казните изрекувајќи им речиси дупло повисоки казни затвор на Мифтари и Белули.

Семејствата на загинатите во несреќата уште во септември излегоа на мирен протест во Гостивар поради неспроведување на пресудата за дел од осудените во процесот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Последниот кат од зградата е зафатен, пожарникарите се на пат!

Видео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувнал во зградата на амбасадата на Пакистан во Белград, дознава српски Курир.

Како што може да се види од видеа објавени на социјалните мрежи, густ црн чад го покрил просторот.

Во моментов нема официјални информации дали има повредени лица во инцидентот, ниту за евентуална материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицотакис во Софија на средба со Радев

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е во официјална посета на Софија.

Мицотакис во Софија на средба со Радев

Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на Радев и Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската влада.

Посетата на Мицотакис на Софија е на покана на Радев, планирана е тет-а-тет средба на двајцата премиери, а потоа и состанок на делегациите на двете земји.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис по средбата и заедничката прес-конференција, од Софија ќе замине за Тиват каде што ќе присуствува на вечера организирана од претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ за лидерите од ЕУ и земјите од Западен Балкан по повод националниот празник на земјата, а во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026

Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година.

Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026

Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната градежна активност низ целата држава, како и за успешната реализација на капиталните инвестиции кои се од клучно значење за економскиот развој.

Особено охрабрувачки е фактот што во сегментот на нискоградбата е регистриран двоцифрен раст од над 20 индексни поени. Овој сегмент ги опфаќа инвестициите во изградба на автопати, експресни патишта, регионални и локални патишта, како и железницата, кои Владата преку Министерството за транспорт ги реализира со високо ниво на посветеност и одговорност.

Растот во нискоградбата е директен резултат на засилените активности на терен и силната динамика со која се реализираат капиталните проекти.

Автопатиштата на Коридор 8 и 10 д, се градат со силна динамика, а паралелно со тоа се инвестира и во железничката инфраструктура, што претставуваат клучен сегмент за долгорочниот економски развој, регионалното поврзување и зголемувањето на конкурентноста на економијата.

Дополнително, Државниот завод за статистика објави дека стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2026 година изнесува 3,1 процент.

Овој резултат претставува јасен показател дека економијата расте, дека инвестициите даваат резултати и дека развојните политики на Владата создаваат реални ефекти во стопанството.

Резултатите што ги објави ДЗС, се потврда дека државата се движи во вистинска насока, градежништвото останува мотор на економскиот развој, а инфраструктурните проекти силно го поддржуваат растот, развојот и креираат подобра иднината на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер