МакедонијаИ по една недела од доставувањето до кривичниот суд, адвокатите на обвинетите го чекаат обвинението за КочаниИако пред една недела обвинението за трагедијата во Кочани е доставено до скопскиот кривичен суд, ниту еден од адвокатите на обвинетите го нема добиено.Канал 5 ТВ побара одговор од Кривичен од каде в.д претседателката Даниела Димовска уверува дека до крајот на неделата обвинетите и нивните адвокати ќе го добијат обвинението. -Списите на предметот се дадени на претседател на совет за оценка и до крајот на работната недела обвинителниот акт ќе биде доставен до обвинетите и нивните бранители. По однос на седницата, јавна седница е задолжителна само доколку некој од обвинетите најави признание на вина. Во спротивно судот сам цени дали има потреба од јавна седница или не.- Основен Кривичен суд Скопје Адвокатот Ванчо Шехтански кој го застапува обвинетиот сега министер без ресор Шабан Салиу а поранешен директор на ДЗС, но и уште петмина други обвинети не добил обвинение. -Од тие шест предмети за обвинетите што се немаме добиено за никого обвинителен акт. Мислам дека пред некој ден се испратени предметите во Скопје, во надлежен на Кривичен, и мислам дека дури после феријата е можно да има обвиненија доставени. Не е задржување. Мислам дека е обемен материјал со многу луѓе обвинети и мислам дека постапката има доста заглавено во надлежноста на апелациониот суд Штип, во однос на испраќањето до скопскиот. – Ванчо Шехтански – Адвокат Дел од останатите адвокати кои ги контактиравме исто така велат дека го очекуваат обвинението сомневајќи се во калкулации на судот во период на летни одмори, што велат може негативно да се одрази на рокот за поднесување на приговори. Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска во објава на социјалните мрежи пак пишува дека – Сите изречени притвори и мерки во овој период ќе бидат основа за утврдување повреда на чл.6 од ЕКЧП. Им должиме на жртвите на смејествата, ако не на обвинетите, правична и законита постапка. Откако адвокатите ќе го дбијат обвинението ќе почне да тече рокот од 8 дена за поднесување на приговори. Инаку предметот со кој се опфатени 34 обвинети лица и 3 фирми е во надлежност на скопскиот кривичен суд по одлуката на Врховен откако кочанскиот основен суд побара изземање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВтор ден од изборите во Русија: Гласаат и жителите на Донбас и Новорусија Во Русија, денес и утре продолжуваат изборите за пратеници во Државната дума од деветтиот свик, за законодавните собранија во 39 региони, како и изборите за највисоките фуЖителите на регионот Донбас и на Новорусија за првпат ќе учествуваат на изборите за Државната дума, објави ТАСС. На федералните изборни листи се застапени 10 партии: „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“, „Праведна Русија“, Руската партија на пензионерите за социјална правда, „Комунисти на Русија“, „Родина“, Руската еколошка партија „Зелени“ и Партијата за директна демократија. Истовремено, се одржуваат избори за законодавните собранија во 39 региони, како и избори за највисоките функционери на конститутивните субјекти на Руската Федерација. Во осум региони лидерите се избираат директно, додека во три региони ќе се избираат регионални парламенти. Вкупно, на изборите се достапни околу 23.000 пратенички и други функции. Утринава во седум кинески градови започна предвременото гласање за изборите за деветтиот состав на Државната дума. Според податоците на Централната изборна комисија на Русија, излезноста на изборите за пратеници во Државната дума, заклучно со 20:13 часот по московско време на првиот ден од гласањето, изнесуваше 25,30 отсто. „Сите избирачки места во Русија беа отворени на првиот ден од изборите, а гласањето во рамките на Единствениот ден за гласање започна според планот, и покрај обидите за провокации“, изјави претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, пренесува „РИА Новости“. Повеќе од 2,8 милиони луѓе гласаа преку федералната платформа за далечинско електронско гласање (DEG). Излезноста изнесуваше 70 отсто од регистрираните учесници заклучно со 21:45 часот по московско време, соопшти руското Министерство за дигитален развој, комуникации и масовни медиуми. Повеќе од 380.000 набљудувачи се вклучени во изборите, вклучително и повеќе од 1.000 странски набљудувачи од 133 земји и претставници на 13 меѓународни организации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураВечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 47. издание. Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура во Битола, со проекција на филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, во продукција на „Сестри и брат Митевски“ и ја следи приказната за три генерации жени кои се соочуваат со судирот помеѓу традицијата и современите предизвици, раскажана низ перспективата на 12-годишната Адела, сместена во енергичната ромска заедница во Шуто Оризари. Тензијата во филмот произлегува од судирот со традиционалните вредности и општествената маргинализација, додека ликовите се борат за опстанок, достоинство и заедништво. Главните улоги ги толкуваат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, во соработка со Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноaром, а продуцент е Лабина Митевска. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија и Хрватска, и фондовите „Еуримаж“ и „Медиа“ Во Битола веќе пристигнаа првите гости. Црвениот килим е поставен пред Центарот за култура во Битола. Градот го добива сјајот на филмскиот фестивал во чест на браќата Манаки и е подготвен за вечерашното отворање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на МоскваБелата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го потпишал законот за пакет нови, сеопфатни санкции против Русија, кој претходно беше усвоен од Конгресот. Пакетот санкции доби двопартиска поддршка во Конгресот и има за цел да го зголеми притисокот врз Русија поради нејзината војна против Украина. Мерки насочени кон рускиот извоз на енергенти. Покрај директните санкции насочени кон руски политичари и компании, законот вклучува мерки против рускиот извоз на нафта и гас, кои Москва ги користи за финансирање на војната. Законот, меѓу другото, го овластува Трамп да воведе санкции за петте најголеми купувачи на руски енергенти, како и за петте земји што најмногу ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите во енергетскиот сектор. Овие мерки би можеле дополнително да ги затегнат трговските односи на САД со Кина и Индија, кои увезуваат големи количества руска нафта. Законот го носи името на покојниот американски сенатор Линдзи Греам, кој одигра клучна улога во неговото усвојување. Покрај санкциите против Русија, законот обезбедува и рамка за продолжување на санкциите против Иран до 2031 година. Зеленски му се заблагодари на Трамп Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Трамп за потпишувањето на законот. „Најдобриот начин да се оддаде почит на споменот за Линдзи ќе биде целосното и брзо спроведување на одредбите од овој закон“, напиша Зеленски на социјалните мрежи. „А најдобрата награда за сите што ни помагаат да извршиме притисок врз Русија за да се стави крај на војната, ќе биде мирот“, додаде тој. Кремљ предупредува на последиците од новите санкции. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред Трамп да го потпише законот, предупреди дека дополнителните американски санкции би можеле да ги искомплицираат напорите за постигнување мирно решение во Украина.Тагови: Доналд Трамп русија санкции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter