И пингвините понекогаш се „неверни“, спротивно на верувањето

Пингвините обично се сметаат за „моногамни“ суштества, поради што и важат за „симбол на вечната љубов“... Се чини, тоа е уште една заблуда и илузија на природата.

Научниците од Универзитетот „Монаш“ во Мелбурн, Австралија ги набљудувале малите пингвини на австралискиот остров Филип, коишто од година во година, сепак, често и ги наоѓаат истите партнери. Но, стручњаците забележале дека дури и овде, „стапката на разделби“ може да достигне и 50 отсто во една година. Целата колонија на островот брои повеќе од 37.000 мали пингвини, одбраниот примерок е добар показател за тоа што се случува во пошироки размери, според екофизиологот Ричард Рејна од „Монаш“ - еден од набљудувачите, кој веќе 20 години ја проучува колонијата пингвини.

Истражувачите броеле „разводи“ меѓу пингвините кога означен пингвин од минатогодишната сезона на парење - следната година се појавил со нов партнер.

- При добра година - во поглед на размножувањето, тие често остануваат со своите партнери, иако нешто се случува и „надвор од врската“... Меѓутоа, во лошите сезони тие може да се обидат да најдат нов партнер за следната сезона за да ги зголемат шансите за успешно парење, појасни Рејна.

Во 12 сезони на размножување - меѓу 2000 и 2013 година, имено, научниците изброиле 250 „разводи“ во колонијата, меѓу речиси 1.000 спарени пингвини. Одлуката на пингвинот да замине или остане - често зависи од тоа дали тој пар има младенчиња.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер