И осмиот обид за избор на претседател на бугарското Собрание е неуспешен - Канал 5

И осмиот обид за избор на претседател на бугарското Собрание е неуспешен

Ниту по осмиот обид, 51. состав на Народно собрание на Бугарија не избра свој претседател, јави БТА.

И осмиот обид за избор на претседател на бугарското Собрание е неуспешен

Во вториот круг гласање се соочија Наталија Киселова од „БСП-Обединета левица“ и Силви Кирилов од „Има таков народ“, но ниту еден од нив не доби потребен број гласови.

Киселова доби 87 гласа „за“, 61 „против“, а 88 се воздржаа. При повторното гласање, побарано од Божидар Божанов од „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“, 87 пратеници гласаа „за“, 60 беа „против“, а 90 се воздржаа. Божанов изјави дека поддршката за претседател зависи од спроведување на санитарниот кордон за Делјан Пеевски.

Киселова беше поддржана од ГЕРБ-СДС и „БСП-Обединета левица“, додека „ДПС-Нов почеток“, „Има таков народ“ (ИТН), „Морал, единство, чест“ (МЕЧ) и еден пратеник од ГЕРБ-СДС гласаа против. Пратениците од „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“, „Преродба“ и „Алијанса за права и слободи“ (АПС) се воздржаа.

Силви Кирилов освои 99 гласа „за“, 112 „против“ и 26 воздржани. Повторното гласање покажа исти резултати.

Претседавачот Кирилов по консултациите објави дека следната седница ќе се одржи в среда, 4 декември, во 11:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саторански се јави од болница: „Беше страшно“

Кошаркарот на Хапоел ТА, Томаш Саторански е добро по еден тежок пад.

Саторански се јави од болница: „Беше страшно“

Чешкиот кошаркар опасно ја удри главата при пад на натпреварот меѓу Дубаи и Хапоел во Евролигата, остана да лежи во болки и грчеви, што ги вознемири сите. Глетката беше крајно вознемирувачка.

Еден ден подоцна, Чех преку својот профил на Инстаграм ја сподели добрата вест.

„Здраво на сите, би сакал да одвојам момент за да му се заблагодарам на секој од вас за сите пораки, поддршка и интерес. Посебна благодарност до Кошаркарскиот клуб Дубаи, неговите играчи и стручниот штаб, за брзата реакција и помошта. Навистина сум благодарен. Исто така, голема благодарност до моите соиграчи, стручниот штаб и сите луѓе во Хапоел за сета поддршка и помош. Тоа секако беше застрашувачки момент, но сега се чувствувам многу подобро. Се надевам дека што поскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Чех, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија.

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола. Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби.

Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации.

Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци.

Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите, стои во соопштението од НБРМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеани

Два хеликоптера се судриле во воздух на аеродромот Мекминвил во Орегон, а потоа паднале на поле, нема преживеани.

Во Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеани

Два хеликоптера се судриле во воздух во близина на аеродром во американската сојузна држава Орегон, по што паднале на полето. Во несреќата нема преживеан.

Меѓу жртвите има и пилот-ученик од Велика Британија, чиј идентитет властите засега не го откриваат, сè додека не бидат известени членовите на неговото семејство.

Во несреќата загинаа и 22-годишната Меди Асбо, инструкторка за летање од Тексас, како и 38-годишниот Тајлер Делан Стурдевант, пилот од Њуберг, Орегон.

Според информациите од Канцеларијата на шерифот на округот Јамхил, во еден од хеликоптерите се наоѓале инструктор и британски ученик, додека со другиот управувал Стардевант, кој бил единственото лице во леталото.

Во судирот учествувале хеликоптерот „Робинсон R22“ (Robinson R22), во кој имало две лица, и хеликоптерот „Ербас H125“ (Airbus H125), кој, во зависност од конфигурацијата, може да превезува до шест патници. Двете летала се урнале на земјоделско земјиште во близина на аеродромот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер