И од први септември ќе нема учебници за сите ученици? - Канал 5

И од први септември ќе нема учебници за сите ученици?

Ќе се пресликаат ли старите проблеми и во новата учебна година? 

И од први септември ќе нема учебници за сите ученици?

Постои можност шестоодделенците да ја започнат школската година без учебници, бидејќи бирото за развој задоцнило со испорака на наставната програма до МОН и истата ја доставиле дури во март, а за одредени предмети и во април. Министерот Јетон Шаќири кој пред два дена кажа дека наредната учебна година ќе започне беспрекорно, денеска со поумерена изјава – дека се прават напори први септември да се дочека без проблеми

-Некои од наставните програми, за трето одделение се доставени во 11 месец од претходната година, што значи за трето одделение сме во напредна фаза, но во наставните програми за 6то одделение сме во тоа да го стигнеме први септември, се прават сите подготовки, кога кажуваме за рокот први септември да бидат доставени учебниците. --Јетон Шаќири – Министер за образование и наука.

Директорот на бирото за развој на образованието пак вели дека никаде не заталие, туку ги почитувале процедурите и постапиле навремено, па ако немало повторно проблеми со содржината како лани, учениците ќе добијат книги од први септември.

-Не чувствувам искрено одговорност дека за наставни програми има процедури, имаме правилници, според тие процедури и правилници ние сме постапиле навремено, откако се изработени работните групи, повторно сме ангажирале и второстепена комисија за разгледување на некои пропусти, -Зекирија Хасипи – Директор на биро за развој на образованието.

Сепак, неизвесност не се само учебниците, туку нејасно е и кога ќе започне учебната година. Откако Шаќири понуди три варијанти – меѓу кои и пролетен распуст, денеска СОНК излезе со четврта. Не на први, не кон средината на септември, како што посочи министерот, туку да почне на први октомври бидејќи како што кажа, септември бил убав период за летувања, оцени првиот човек на синдикатот Јаким Неделков.

-Ако веќе зборуваме за подоцна започнување на наставната година од 11 септември чинам министерот предлага, јас би предложил од први октомври да биде, со еден месец подоцна почнување, ќе се избегнат летните горештини, со оглед на глобалното затоплување, јуни веќе не е толку атрактивен за годишни одмори, септември ќе биде поатрактивно овие жешки температури,- -Јаким Неделков – Претседател на СОНК.

Учебниците беа проблем број еден и измината учебна година, бидејќи дел од нив ги немаше речиси до крајот на истата, а и дел од содржините беа проблематични и со погрешни факти. Ваквата состојба доведе до сериозен удар врз образовниот процес, како што се жалеа родителите и учениците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?

Актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ наводно се нашле во центарот на инцидент во познат белградски трговски центар, што ја принудило полицијата да интервенира. 

Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?

Драмата се одвивала во популарна продавница кога во Исидора се посомневало обезбедувањето, кое потоа сакало да ја претресе, пишува Телеграф.

Нејзиниот сопруг Сергеј, јавуваат српските медиуми, реагирал бурно на ова и не им дозволил да ги претресат нејзините работи, што ескалирало во вербален конфликт. Обезбедувањето потоа повикало полициска патрола која го однела парот во полициската станица.

Таа се огласи откако ја напуштила полициската станица

Исидора подоцна сама ја напуштила полициската станица, додека Сергеј, како што се испоставило, си заминал порано. Таа накратко им се обратила на собраните новинари пред станицата.

„Само дојдов да ги земам документите“, рекла кратко, одбивајќи да биде снимена, пренесува Телеграф.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)

Кина отвори индустриски парк за вештачка интелигенција во северниот регион Внатрешна Монголија, за кој инвеститорот тврди дека е најголем во светот.

Кина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)

Комплексот „Envision Galaxy Campus“, сместен во градот Уланкаб, започна со работа во четврток. Компанијата за зелена технологија „Envision Group“ вели дека е најголемиот поединечен центар за податоци со вештачка интелигенција во светот во однос на капацитетот за обработка на токени, објави „Global Times“.

Капацитет и технички спецификации

Новиот комплекс е исто така најголемиот индустриски парк за вештачка интелигенција во Кина, со планиран капацитет од два гигавати. Зафаќа површина од 120.000 квадратни метри и е дизајниран да ја поддржи компјутерската моќ до еден милион единици за графичка обработка (GPU) кои можат да работат истовремено.

Зелена енергија и глобална иницијатива

Компанијата вели дека повеќе од 80 проценти од електричната енергија потребна за работа на центарот доаѓа директно од обновливи извори. Проектот е водечки развоен напор како дел од иницијативата „Mission Gobi“. Со оваа иницијатива, „Envision“ планира да изгради пет гигавати капацитет за зелено пресметување со вештачка интелигенција во пустински и сушни региони низ целиот свет до 2030 година. Планот комбинира големи центри за податоци со обновливи извори на енергија и системи за складирање.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Само 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)

„Lamborghini“ ги комбинира минатото и иднината: V12 хибрид инспириран од една од најголемите икони.

Само 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)

„Lamborghini“ ја претстави специјалната серија „Revuelto Miura 60° Homage“, која ја одбележува 60-годишнината од лансирањето на легендарниот модел „Miura“.

Премиерата ќе се одржи за време на настанот „Monterey Car Week“, а производството ќе биде ограничено на само 99 примероци.

Специјалното издание е развиено од одделот „Ad Personam“, одговорен за персонализација на возилата.

На клиентите ќе им бидат понудени девет бои на каросеријата инспирирани од оригиналната „Miura“, со контрастни детали во златна или сива боја, ексклузивни тркала и значки „Miura 60“ на праговите.

Внатрешноста има седишта со мотиви инспирирани од оригиналната „Miura“, дополнителен кожен тапацир, вез „Miura 60“ и плочка што потврдува дека е еден од само 99 произведени автомобили.

Нема промени под хаубата. „Revuelto Miura 60° Homage“ е напојуван од познатиот „plug-in“ хибриден систем кој комбинира атмосферски 6,5-литарски V12, три електрични мотори и осумстепен менувач со двојна спојка.

Вкупната моќност е 1.015 КС (747 kW), што му овозможува на овој хипер автомобил да забрза од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди, додека максималната брзина надминува 350 км/ч.

Компанијата вели дека специјалната серија претставува комбинација од богатата историја на брендот и модерните опции за персонализација по кои е познат „Lamborghini“ денес.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер