И Мишел во Киев, се одбележуваат 10 години од Мајдан

Средбите во живо се многу важна за да се увиди она што е реално, а Украинците да дознаат каква е позицијата од страна на ЕУ, изјави Мишел на патот кон Киев. 

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска допатува во ненајавена посета на Киев, на 10-годишнината од почетокот на протестите на киевскиот плоштад Евромајдан и во пресрет на Самитот на ЕУ во декември на кој ќе се разгледува предлогот на Еврокомисијата за старт на преговорите за членство на Украина во Унијата.

Мишел пристигна во главниот град на Украина во знак на поддршка за Украина, која денеска одбележува 10 години од масовните протести со кои беше соборен претседателот Виктор Јанукович, поддржан од Москва. - Добро е што се вратив во Киев – меѓу пријателите, напиша Мишел Х.

- Ова е ден од фундаментална важност. Пред десет години, украински граѓани гинеа барајќи здружување со Европската унија, за нивните вредности, нивната иднина, нивната слобода, изјави Мишел пред пристигнувањето во Киев.

Според најавите од ЕУ, на средбите со неговите домаќини, украинскиот претседател Володомир Зеленски и други високи претставници на властите во Киев, Мишел ќе ја повтори решителноста на Унијата да продолжи со поддршка на Украина на долг рок, а ќе разговара и за очекувањата од декемврискиот Самит поврзани со европската иднина на земјата.

- Средбите во живо се многу важна за да се увиди она што е реално, а Украинците да дознаат каква е позицијата од страна на ЕУ, изјави Мишел на патот кон Киев.

Посетата на Мишел на Киев доаѓа во време кога постојат стравувања дека конфликтот на Блискиот Исток, ќе го одвлече фокусот од случувањата во Украина, каде состојбата на бојното поле во голема мерка е во ситуација на ќор-сокак, по делумно успешната украинска контраофанзива претходно во текот на годинава. ЕУ најави засилена поддршка за Украина во пресрет на зимата, особено по стравувањата дека Вашингтон би може да ја намали помошта за земјата.

На почетокот на месецов во посета на Украина престојуваше и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а во исто време ЕК во извештајот за напредокот на земјата препорача отворање на пристапни преговори со Киев.

Протестите на централниот плоштад во Киев започнаа на 21 ноември 2013 година како реакција на одлуката на тогашниот украински претседател Виктор Јанукович да не го потпише Договорот за асоцијација меѓу Европската Унија и Украина, кој претходно со големо мнозинство беше одобрен од Врховната рада.

По тримесечни протести, за време на кои загинаа најмалку 120 лица, а речиси 3000 беа повредени, Јанукович и парламентарната опозиција на 21 февруари 2014 постигнаа договор за формирање влада на национално единство, за спроведување на уставни реформи и за одржување предвремени избори. Уште истиот ден, Јанукович и дел од министрите во неговата Влада го напуштија Киев, по што следниот ден Врховната рада го разреши од должноста претседател и избра привремена Влада. /МИА

Израелците тврдат дека уште 12 заложници се ослободени, од затвор излегуваат 30 Палестинци

Петтата рунда заложници е предадена на Црвениот крст, соопштија денеска израелските одбранбени сили.

Примопредавањето вклучува 10 Израелци и двајца странски државјани, соопшти ИДФ, додавајќи дека ослободените заложници се на пат кон израелска територија.

Во исто време, триесет палестински затвореници се очекува да бидат ослободени од израелските затвори, бидејќи примирјето меѓу Израел и Хамас продолжува, според информациите објавени и од Клубот на палестинските затвореници и од израелските затворски власти.

Меѓу лицата што треба да бидат ослободени се 15 жени и 15 машки деца, кои се под 18 години и се сметаат за деца според меѓународното право, објави Си-Ен-Ен.

На француски медицински брод ќе се лекуваат повредените Палестинци

Брод испратен од Франција се закотви во близина на брегот на Ел Ариш во северниот дел на Синај во Египет.

Брод испратен од Франција се закотви во близина на брегот на Ел Ариш во северниот дел на Синај во Египет и ќе служи како пловечка болница за палестинските цивили повредени во војната меѓу Израел и Хамас во соседната Газа, соопшти францускиот претседател Емануел Макрон.

На бродот Диксмуд има 40 болнички кревети, што претставува дополителни 10 отсто на капацитетот на болничките услуги поставени во пустината на северен Синај, на границата со Газа, изјави француски дипломат за „Тајмс оф Израел“.

Бродот е опремен со хелиодром за да се овозможи брз трансфер на пациенти од египетскиот премин Рафа на бродот.

Планот е Диксмуд биде оперативен во наредните часови или денови, рекол францускиот дипломат, додавајќи дека Париз ги координира напорите со египетските власти и хуманитарните агенции на теренот.

На бродот ќе работат лекари од француското Министерство за одбрана, како и неговата цивилна здравствена санитарна резерва, која за првпат се распоредува во странство.

Ердоган: Израел мора да одговара за воените злосторства извршени во Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во разговор со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека Израел мора да одговара пред меѓународните судови за воените злосторства што ги изврши во Газа. 

Како што пренесуваат британските медиуми, Ердоган во телефонскиот разговор, пред состанокот на Советот за безбедност на ОН за Газа, закажан за утре, му кажал на Гутереш дека „Израел продолжува бесрамно да го гази меѓународното право, правилата на војната и меѓународното хуманитарно право, пред меѓународната заедница“.

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, како дел од таканаречената „контакт група“ на муслимански земји кои разговараат со западните лидери за Газа, ќе присуствува на утрешниот состанок во Њујорк, соопшти претходно Министерството за надворешни работи.

По нападот на Хамас врз јужниот дел на Израел, на 7 октомври, еврејската држава почна воздушна и копнена офанзива против оваа и другите палестински милитантни групи во Појасот Газа, а досегашниот биланс на жртви е над 13.000 убиени Палестинци.

притисни ентер