Златеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина
Петрушевски: Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба да разберат дека лагите за Гостивар се на нивна штета
1Златеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина
2Петрушевски: Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба да разберат дека лагите за Гостивар се на нивна штета
СветИ Меркел е за Европска војска Германаската канцеларка Ангела Меркел во Европскиот парламент денеска рече дека ЕУ мора што побргу да изгради своја европска армија и ,,Совет за безбедност на ЕУ”.Меркел објасни дека ЕУ не може да го одбрани своите интереси во светот , доколку не се засили економски и технолошки. Засилување на еврото и одбраната се долгорочни задачи во Еврозоната , рече Меркел , како и развојот на технологијата бидејќи повеќето иновации сега доаѓаат од Америка и Азија. Таа потсети на зборовите на претседателот на ЕК , Жан Клод Јункер , кој претходно изјави дека создавањето на европска армија ќе биде доказ дека веќе ќе нема војни. Канцеларката потенцира дека заедничката армија нема да биде насочена против НАТО , туку ќе соработува со Алијансата , иако изјави дека членките на ЕУ ќе мора да развиваат и произведуваат сопствено вооружување. Идејата на францускиот претседател Макрон во неделата ја поздрави и рускиот претседател Путин , додека претседателот на САД , Трамп , ја искритукува како голема глупост и им порача на европските земји да го дадат својот придонес во НАТО , кој финансиски е на товар на американците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗлатеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната срединаВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните.Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи и одржливи услови за развој на локалните заедници и заштита на природните ресурси. Во таа насока, започната е изведбата на капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река, за што се обезбедни 376 милиони денари. Со уредувањето на оваа делница долга речиси 12 километри, од патот за с. Бојане до вливот во Треска кај с. Глумово, трајно се решава децениски проблем за илјадници граѓани. Успешно е завршено уредувањето на коритото на Мала Рада, а во тек е и реализација на проектот за изградба на водоснабдителен систем во населеното место Лениште, во вредност од над 21 милиони денари. Исто така, проектот за замена на водоводната мрежа на делови од булеварот „Гоце Делчев“ и улиците „Кузман Јосифоски“ и „Ленинова“, во вредност од над 7 милиони денари е во завршна фаза. Со реконструкцијата се намалуваат загубите на вода во системот и се подобрува квалитетот на услугите. Почната е изградба на канализационен систем за отпадни води во село Враништа, општина Струга, инвестиција вредна над 91 милиони денари, целосно финансирана преку Вториот повик од Унгарскиот кредит. Овој проект опфаќа изградба на комплетна примарна и секундарна канализациона мрежа, поставување ревизиони шахти и приклучоци за домаќинствата, како и обезбедување контролиран одвод на отпадните води. Во тек е и изградба на пречистителна станица во Чучер Сандево, која започна минатата година во октомври, а инвестицијата е во вредност од околу 70 милиони денари и значи континуирана надградба на системите за третман на отпадни води, зајакнување на инфраструктурата на локално и национално ниво и поздрава животна средина. Обезбедени се средства и започната е реализација на над 300 инфраструктурни проекти од различен обем, вклучувајќи модерни водоводни и канализациски системи, како и пречистителни станици низ целата држава. Почитувани, Овие проекти се темелите на зелениот пресврт кој го градиме и на кој Владата е целосно посветена. Ќе продолжиме да го зајакнуваме и партнерството со домашните и меѓународните партнери во справувањето со предизвиците од климатските промени, шумските пожари, нелегалната сеча, бесправната градба, нелегалниот лов и другите закани за природните ресурси, со единствена цел за поздрава животна средина и подобар квалитет на живот за сите граѓани, рече Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаПетрушевски: Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба да разберат дека лагите за Гостивар се на нивна штетаЛовците на политички поени, другарите на Филипче треба час поскоро да разберат дека лагите кои ги кажуваат за Гостивар се на нивна штета.Со денови сведочиме како СДС на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар. И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса. Да ги информираме, ако не знаат или да ги потсетиме ако заборавиле, контролата на квалитетот на водата ја прават надлежните локални институции. А, локалната власт во Гостивар е на друштвото СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лиман е кадар токму на оваа дружина. Значи, како што им укажуваме на погоре наведеното извесно време ќе им повториме и во оваа прилика дека одговорност треба да побараат во своите редови, за почеток кај личноста кои тие ја кандидираа на локалните избори. За нивно добро е час поскоро да разберат дека повторувањео на лаги секој ден е на нивна штета. Политики поени со лаги не се добиваат. Во меѓувреме, на санирање на штетата во Гостивар се работи деноноќно, се овозможува технички исправна вода која се користи за лична хигиена и хигиена во домаќинствата, а неделава или кон крајот на неделава се очекува во Гостивар да има и бездна вода за пиење, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЕвропаВонредна состојба во руски град по силното невреме- загина едно лице (ВИДЕО)Во рускиот град Ростов на Дон е прогласена вонредна состојба откако во саботата силно невреме го погоди подрачјето. Налетите на ветер убија едно лице, а бројот на повредени се искачи на 28. Водоснабдувањето, кое беше прекинато, беше нормализирано до недела наутро. Руската агенција ТАСС известува за настанот. Одлука на градските власти Градоначалникот Александар Скрјабин објави дека е воведена вонредна состојба откако силните ветрови во саботата соборија дрвја и ја оштетија електричната мрежа. Одлуката е донесена на седница на градскиот Комитет за вонредни ситуации. „Денес, на вонредна седница на Комитетот за вонредни ситуации, беше донесена одлука за прогласување вонредна состојба во градот“, напиша Скрјабин на својот Телеграм канал. A powerful storm hit Russia's Rostov-on-Don overnight, killing one person and injuring at least 13 others. The storm brought thunderstorms and wind gusts of up to 25 meters per second, toppling more than 170 trees, tearing down power lines and damaging roofs, advertising… pic.twitter.com/vo07QORcIU — Brian McDonald (@BrianMcDonaldIE) July 26, 2026 Биланс од невремето Градоначалникот, исто така, потврди нови податоци за бројот на жртви. Според најновите информации, повредени се 28 лица. Претходно беше објавено дека покрај едно починато лице, повредени се 13 лица, од кои седум се задржани во болница. „Бројот на повредени жители на градот како резултат на невремето се зголеми на 28“, објави Скријабин.Тагови: невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook