И Мерц е за забрана на социјалните мрежи за лица под 14 години - Канал 5

И Мерц е за забрана на социјалните мрежи за лица под 14 години

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поддржува забраната на социјалните мрежи за лицата под 14 години, што го побара неговиот коалициски партнер, Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

И Мерц е за забрана на социјалните мрежи за лица под 14 години

„Во ситуација кога 14-годишни деца поминуваат пет часа на ден пред екранот на мобилниот телефон и кога целосната социјализација се спроведува преку социјалните мрежи, не треба да бидеме изненадени кога истите овие деца покажуваат заостанување во личниот развој и социјализацијата“, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц (Христијанско-демократска унија, ЦДУ) во политички поткаст.

Мерц рече дека, иако генерално е против забраните, „има симпатии“ за предлогот на помалиот партнер во коалициската Влада, Социјалдемократската партија на Германија (SPD), која во последните денови поднесе барање за строга регулација на користењето на социјалните мрежи од страна на младите со целосна забрана за лицата под 14 години.

„Прашањето како да се заштитат децата на возраст кога тие пред сè мора да имаат време да играат, да учат и да се концентрираат на училиште мора да биде во преден план“, рече Мерц.

А неговата партија ЦДУ ќе се занимава со прашањето за забрана и ограничување на социјалните медиуми за деца и млади на редовната партиска конвенција во Штутгарт следниот викенд.

Покраинскиот огранок на ЦДУ за Шлезвиг-Холштајн предлага промена во законот што би дозволила забрана за социјалните медиуми за лица под 14 години и строга контрола на пристапот за лица под 16 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење

Гостивар и натаму се справува со последиците од масовното труење..

Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење

. Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, а само во последните 24 часа имало 260 пријави на случаи со стомачни тегоби. Забраната за пиење вода во меѓувреме, останува на сила . Утринава на терен беше и министерот за здравство Сашо Клековски, а оценка за ситуацијата даде и премиерот Мицкоски .

Во Гостивар денеска беше Дејан Трајковски.

Неговиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ин мемориам: Почина великанотТрајан Јовковски

Вчера на ден 17.07.2026, по кратко боледување почина Великанот на МОК, кајакарот Трајан Јовковски. 

Ин мемориам: Почина великанотТрајан Јовковски

Погребот ќе се одржи утре на ден 19.07.2026 на гробиштата во Бутел од 9:30 - 10:30 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разоткриена голема европска мрежа за дрога: Разбиени тајни лаборатории за производство на амфетамин

 При претресот на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази.

Разоткриена голема европска мрежа за дрога: Разбиени тајни лаборатории за производство на амфетамин

Голема меѓународна група за организиран криминал, осомничена за управување со повеќе лаборатории за масовно производство на амфетамини, е разбиена во обемна прекугранична операција поддржана од Европол.

Операцијата била предводена од германското Јавно обвинителство во Крефелд и полицијата во Менхенгладбах, при што во раните утрински часови на 15 јули беа спроведени координирани рации.

За време на операцијата беа претресени десет локации во Германија и три во Холандија, а беа уапсени и неколку осомничени лица.

Истрагата е насочена кон девет лица осомничени за набавка на прекурзори – конкретно основни хемикалии – во количини од неколку тони од 2025 година наваму, наменети за нелегално производство на амфетамини, како и за управување со мрежа од тајни лаборатории.

За време на претресите на просториите и домовите што ги користеле осомничените, истражителите заплениле големо количество докази кои ќе бидат подложени на форензичка анализа.

Полицијата особено се фокусираше на лоцирање на производствените капацитети.

Како резултат на тоа, темелно беа прегледани два магацина во германските градови Калденкирхен и Нидеркрихтен; истражителите веруваат дека тие се користеле за производство и складирање на синтетички дроги.

На денот на операцијата, Европол ангажираше двајца специјалисти обучени за откривање и демонтирање на лаборатории за производство на дрога.

Нивните тимови беа опремени со модерна технологија за откривање хемиски супстанции и обучени за работа во услови на висок ризик, карактеристични за нелегалните лаборатории. Ова овозможи безбедно ракување со опасни материи, како и прибирање клучни докази што ќе се користат во понатамошните правни постапки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер