Димитриеска-Кочоска: Состојбите се следат, растот, дефицитот и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите
1Димитриеска-Кочоска: Состојбите се следат, растот, дефицитот и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите
3Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат
УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
2УФЦ шампион преживеа тешка сообраќајка и веднаш потоа отиде на спаринг тренинг: Јас сум идиот (ВИДЕО)
3Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3 Витаминот Д и неговата заштита од сериозни заболувања, време е да ги проверите неговите вредности, тврдат истражувањата
СветИ Мелони повикува на укинување на европската забрана за автомобили на бензинИталијанската премиерка Џорџа Мелони му се придружи на германскиот канцелар Фридрих Мерц во повикот за укинување на забраната за продажба на автомобили на бензин и дизел во ЕУ до 2035 година.Мелони сака рокот да се ублажи за да се овозможи продолжување на продажбата на „plug-in“ хибриди, објави денеска британскиот весник „Гардијан“. Во писмо до Европската комисија, потпишано и од лидерите на Полска, Чешка, Словачка, Унгарија и Бугарија, се тврди дека строгиот рок ќе ја уништи европската автомобилска индустрија која се бори против кинеските ривали за производство на поевтини електрични автомобили. - Нема ништо зелено во врска со индустриската пустош, се нагласува во писмото. Европската комисија во среда треба да се изјасни за 2035 година како рок, кој беше воведен пред само три години, давајќи ѝ на авто-индустријата три години да развие електрични возила. Комисијата соопшти дека писмото на Мерц од пред десет дена со повик да се помести рокот е позитивно примено, што укажува дека рокот ќе биде ублажен, пишува „Гардијан“. Зелените, сепак, велат дека секое одложување на рокот би било уништување на Зелениот договор кој го создаде и во 2022 година го потпиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Тие се поддржани од шведските производители „Волво“ и „Полестар“ и индустријата за полначи за батерии. Мелони и лидерите на уште пет земји-членки повикуваат улогата на „plug-in“ хибридните електрични возила и технологијата на горивни ќелии да се зачува и по 2035 година. Тагови: Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Состојбите се следат, растот, дефицитот и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциитеДо крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџеткиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека состојбите се следат и дека буџетскиот дефицит, растот на БДП и задолжувањата ќе се одвиваат согласно проектираното во Ребалансот на Буџетот. „До крајот на годината не очекуваме позначајни промени и остануваме на проекцијата што ја имавме особено имајќи предвид дека стапката на раст во вториот квартал е 4,3%. Владата во измиантите две години многу посветено и напорно работеше на економијата и мислам дека сето тоа сега дава на некој начин резулати. И во однос на буџетскиот дефицит тоа што ни е проектирано, тоа ќе остане, без оглед на тоа дали ние ќе правиме ребаланс или нема да правиме ребаланс. Доколку се одлучиме и правиме ребаланс на буџетот во истовреме ќе работиме на кратење и на приходна и на расходна страна. Доколку останеме на истата состојба како сега повторно кажувам дека дефицитот нема да оди надвор од предвидено, во истовреме и задолжувањето бидејќи и тоа е дел од Ребалансот, којшто поминал во Собрание и тоа да кажеме се некои рамки во коишто Министерството за финансии мора да се движи“, истакна министерката за финансии во интервју за Македонската телевизија во Њујорк. Потенцира дека се следат будно состојбите и дека се реагира согласно случувањата на глобално ниво. „Ги следиме состојбите и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките. Ние во Министерството за финансии минатата недела имавме состанок со Управата за јавни приходи и Царинската управа во насока на тоа да видиме кои се нашите очекувања согласно состојбите, какви се очекувањата до крајот на годината, како се полни Буџетот и она што може заеднички да го кажеме е во рамките на планиранот, освен кај акцизата заради мерките“, наведе министерката. Министерката, којашто во Њујорк учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026) на Светскиот економски форум, посочи дека мерките што се преземени како одговор на кризата се соодветни и дека имаат влијание на Буџетот. „Она што е очигледно дека најмногу имаме влијание кај акцизата и таму се и мерките најголем период фокусирани, но од друга страна може да потвдиме дека Македонија е една од земјите коишто навистина има највисока стапка на раст и најстабилна и една од пониските инфалции, што јасно покажува дека мерките биле навистина насочени таму каде што треба. Морам да кажам дека низ целата дискусија постојано проверуваше фактот дека ние треба да се фокусираме на долгорочен раст кој се заснова на продуктивност. За да имате добра продуктивност во исто време треба да имате што е можно поевтини параметри или суровини. На некој начин и енергетските суровини се тие што треба да одржат пониски цени за да имаме поголема конкуретност. Така што би рекла дека сме во добра насока, но неизвесноста останува и натаму, а ќе се прилагодуваме согласно состојбите на светско ниво, бидејќи тоа не зависи од нас“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат09:03
БалканСе урна мост во Романија; Сообраќајот веднаш прекинатМост над реката Тротуш во романскиот округ Бакау претрпе сериозни оштетувања во средата наутро, откако преку него помина тешко возило.Сообраќајот на државниот пат што ги поврзува Бакау и Меркуреа Чук е прекинат, а возачите се пренасочуваат кон алтернативни правци. Инцидентот се случи во селото Чобануш, во општина Асау. Според информациите од надлежните служби, мостот над реката Тротуш попуштил откако преку него поминало тешко возило кое немало дозвола за движење на таа делница, пренесува „Телеграф“. „Пожарникари од Бакау беа повикани да интервенираат во селото Чобануш, во општина Асау, по инцидент во кој беше оштетен железен мост. Немаше повредени лица“, соопштија во средата наутро од Инспекторатот за вонредни ситуации (ISU) на округот Бакау. Сообраќајот е запрен, а возачите се пренасочуваат кон алтернативни правци. „За справување со ситуацијата, одредена е заобиколница за возилата. Во моментов, сообраќајот во областа го регулираат полициски службеници. Тимот за техничка поддршка ќе излезе на терен за да ја процени состојбата и да ги утврди потребните мерки“, соопштија од ISU Бакау. Како што е наведено, состојбата ќе биде разгледана од Окружниот комитет за вонредни ситуации, кој е свикан за да се утврдат мерките потребни за воспоставување на сообраќајот и нормализирање на работата. Во погодената област е упатено возило на брза помош. Надлежните органи исто така презедоа мерки за да се осигури дека нема да дојде до доцнење на медицинските интервенции во областите погодени од прекините во сообраќајот.Тагови: „Дурмо турс“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДржавен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторатНиза неправилности и слабости во работењето на Државниот пазарен инспекторат утврдил Државниот завод за ревизија.Недоволен број инспектори, нецелосна дигитализација и неизвесност околу контролите на безбедноста на производите се дел од забелешките.државниот пазарен инспекторат во 2024 година спровел 28.263 инспекциски надзори.од нив, 21.108 биле редовни, 5.106 вонредни, а 2.049 контролни надзори.надзорите ги спроведувале 148 инспектори, од вкупно 313 систематизирани работни места.. Изразено е неповолно мислење за финансиските извештаи за 2024 година. Утврдено е дека апликацијата „е-инспектор“ не е целосно ставена во употреба. Не е воспоставена ниту единствена електронска база со методологија за проценка на ризик. Во периодот од 2022 до 2025 година, од пазарот биле повлечени 40 производи по лабораториски испитувања. Ревизорите предупредуваат дека неизвесно е продолжувањето на овие контроли по завршувањето на проектното финансирање. Констатирани се и недостатоци во финансиската и материјалната евиденција.Ревизијата препорачува зајакнување на човечките ресурси, дигитализација и подобрување на инспекцискиот надзор. Се препорачува и обезбедување услови за безбедно чување на одземените предмети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook