Стотици граѓани маршираа во Белград за поддршка на Зоран Кесиќ и емисијата „24 минути“, која беше тргната од програмата
2Стотици граѓани маршираа во Белград за поддршка на Зоран Кесиќ и емисијата „24 минути“, која беше тргната од програмата
3Димитриеска-Кочоска: Се движиме по добра траекторија – инвестициите се склучни за економскиот развој
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЗдравјеИ лицата со естетски интервенции да внимаваат при примањето на вакцината против ковид 19 Додека масовната вакцинација против коронавирусот низ светот е во тек, лекарите апелираат покрај оние со одредени алергии, внимателни да бидат и лицата со естетски интервенции на телото .Вакцината против Ковид 19 не се сака со филерите и силиконите. Во декември, кај три жени кои примиле вакцина против ковид 19, а краток период претходно имале ставено додатоци во своето тело завршиле во болница со отоци и гушење. Докторката од пластична хирургија Смиља Туџарова за Канал 5 објаснува дека од четири недели до три месеци да не се ставаат филери пред примање на вакцината. Ова се дел од истражувањата што ги добиле хирурзите од пластична хриругија во светски рамки. Но, не е така црно во делот на разубавувањето, докторка Туџарова објаснува дека и со липофилинг може да се направи подмладување, а воедно да и да се прими вакцината без последици. На клиниката оваа метода се прави пет години и чини од девет до 18 илјади денари. На клиниката во овој период нема естетски операции поради корана панедимијата. Во овој момент се прават само итни операции и операции поврзани со карциноми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПаунов: Карбинци се развива со инвестиции во образованието, инфраструктурата, спортот и младитеЗапочнавме и реализиравме проекти во повеќе населени места во општината.Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани на општина Карбинци, Денес како градоначалник на Општина Карбинци, стојам пред вас за да дадам отчет за сработеното. За мене, отчетноста и транспарентноста не се само зборови. Тие се обврска кон граѓаните. Обврска секој кој ја добил вашата доверба да покаже што ветил, што реализирал и што останува да се направи. Пред скоро една година ја добивме вашата доверба да продолжиме да ја развиваме Општина Карбинци. Денес сакам искрено да ви се заблагодарам за таа доверба. Но, уште повеќе да ви се заблагодарам за секоја сугестија, за секоја критика и за секој разговор со вас, затоа што токму од нив произлегуваат дел од решенијата за проблемите со кои секојдневно се соочуваме. Во изминатиот период работевме одговорно, посветено и со јасна цел – Општина Карбинци да се движи напред. И денес можеме да кажеме дека Карбинци се развива. Не само на хартија, не само преку планови и ветувања, туку преку конкретни проекти кои се гледаат на терен и кои остануваат зад нас. Започнавме и реализиравме проекти во повеќе населени места во општината. Инвестираме во образование,инвестираме во инфраструктура, инвестираме во канализација и водна инфраструктура, инвестираме во спортот, културата и младите. И, пред сè, инвестиравме во подобри услови за живот на нашите граѓани. Еден од најзначајните проекти е изградбата на новата училишна зграда во селото Радање.Ова не е само нов објект. Ова е инвестиција во нашите деца, во нивното образование и во иднината на нашата општина.Продолживме и со инвестиции во предучилишното образование. Ја доградуваме детската градинка „Кокичиња“, со што обезбедицме дополнителен капацитет за околу 100 деца. Тоа значи повеќе места за најмалите, подобри услови за згрижување и директна поддршка за младите семејства. А кога зборуваме за младите, нашата политика е јасна – сакаме младите да имаат причина да останат тука, да создаваат семејства и својата иднина да ја градат во Карбинци. Затоа воведовме конкретни мерки. 5000 денари поддршка за секое дете кое започнува во прво одделение. 5000 денари поддршка за секој ученик кој ја започнува првата година од средното образование. 5000 денари поддршка за студентите кои ја започнуваат првата година на државните универзитети. И 10.000 денари финансиска поддршка за секое новороденче. Ова можеби се финансиски средства кои на прв поглед не изгледаат големи, но за едно семејство значат поддршка во вистински момент. Тоа е нашата порака – Општина Карбинци е тука за своите семејства, за своите деца и за своите млади. Но, развој нема без добра инфраструктура. Затоа во изминатиот период реализиравме и започнавме изградба на нови улици во Карбинци и Таринци. Со поддршка од Светска банка, започнавме со изградба на уште две нови улици во село Таринци, со што продолжуваме да ја подобруваме патната инфраструктура и условите за живот во населените места. Еден од проектите на кој особено се гордееме е новата пешачка патека Таринци – Карбинци, во должина од 1,5 километри. Ова е проект кој поврзува две населени места, но пред сè создава побезбедни услови за движење на пешаците и нов простор за рекреација и физичка активност на граѓаните. Инвестиравме и во спортската инфраструктура. Ја реконструиравме училишната спортска сала, со поставување модерен спортски под и создавање нови, современи услови кои исполнуваат потребни стандарди. Затоа што сакаме нашите деца да растат здраво, да спортуваат и да имаат услови за развој на своите таленти. А спортот во Карбинци не е само инфраструктура.Тоа се и луѓето кои секојдневно работат со нашите деца. Продолживме со поддршка на ФК Карбинци, БК „Киро Ристов“, БК Карбинци и Карате клубот „Синсеј“, затоа што веруваме дека секое дете кое ќе избере спорт е дете кое избира здрава иднина. Но, една од најголемите инвестиции во овој период е и изградбата на каналот Герен во Долни Балван. Станува збор за огромен капитален проект кој решава долгогодишен проблем и ќе има значење за, заштита на животната средина како и дополнително урбан лик во ова населено место. Паралелно работиме и на регулација на реката Брегалница, со изградба на габионските прагови, со што преземаме конкретни чекори за заштита и уредување на речниот тек и подобрување на безбедноста на просторот околу самата река. Го подобруваме и секојдневниот живот во населените места. Работиме на подобрување на уличното осветлување, затоа што безбедноста и квалитетот на животот на граѓаните се создаваат и преку вакви, навидум мали, но исклучително важни работи. Посветуваме внимание и на животната средина и на енергетската ефикасност. Продолжуваме со субвенции за набавка на клима-уреди и субвенции за пелети за домаќинствата, со што им помагаме на граѓаните да ги намалат трошоците и да создадат подобри услови за живеење. Но, една општина не се гради само со улици, објекти и инфраструктура. Општината ја прават и луѓето. Затоа во изминатиот период посветивме внимание и на културата, традицијата и заедничкиот живот.Организиравме и поддржавме културни настани, одбележување на празници и манифестации кои ја негуваат нашата традиција и културно наследство. Посебно место има и нашето Играорно друштво „ЕуроАрт“, кое со својата работа ја претставува Општина Карбинци и ја чува традицијата на нашите простори. Затоа што Карбинци треба да биде општина во која не само што се гради, туку и се живее, се создава и се негува заедништвото. Почитувани граѓани, Една година можеби и не е долг период. Но, една година е доволна за да се покаже дали постои волја, работа и сериозна динамика. А денес зад нас имаме конкретни резултати. Нова училишна зграда. Доградба на градинката „Кокичиња“. Нова пешачка патека од Таринци до Карбинци. Нови улици во овие населени места. Две нови улици со поддршка од Светска банка. Реконструирана спортска училишна сала. Капитален проект – канал Герен во Долни Балван. Регулација на Брегалница. Подобрено улично осветлување. Поддршка за учениците, студентите, младите семејства и новороденчињата. Поддршка за спортот, културата и традицијата. Тоа е само дел од она што го направивме. Но, ова не е крајот. Напротив. Ова е само една година од мандатот и пред нас е уште многу работа. Ќе продолжиме со изградба и реконструкција на инфраструктурата. Ќе продолжиме да инвестираме во образованието и детската заштита. Ќе продолжиме да ги поддржуваме младите и семејствата. Ќе продолжиме да инвестираме во спортот и културата. Решавајќи нормално и проблеми кои со години ги оптоваруваат нашите населени места. И ќе продолжиме да работиме за секое едно населено место во Општина Карбинци. Нашата цел е јасна – модерна, развиена и функционална Општина Карбинци. Општина во која младите ќе имаат услови да останат. Општина во која семејствата ќе имаат поддршка. Општина во која децата ќе имаат подобри услови за образование и спорт. Општина во која секое едно населено место ќе добива внимание и ќе се инвестира. Знам дека има уште многу проблеми. Знам дека има уште многу барања од граѓаните. И знам дека не може сè да се реши преку ноќ. Но, најважно е што Карбинци се движи напред. Ќе продолжиме да се движи напред. Со работа. Со инвестиции. Со одговорност. Со чесен однос кон јавните средства. И со директна комуникација со граѓаните. Затоа што довербата ја добив од вас и ја сметам за обврска. Обврска секој ден да работам за нашата општина Карбинци. За нашите населени места. За нашите деца. За нашите млади. За нашите семејства. И за иднината на целата нашата Општина Карбинци. Ви благодарам за довербата.Ви благодарам за поддршката. Продолжуваме да работиме.Заедно да ја градиме Карбинци каква што ја заслужуваат нејзините сограѓани. Виктор Паунов, градоначалник на Општина КарбинциТагови: Виктор Паунов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСтотици граѓани маршираа во Белград за поддршка на Зоран Кесиќ и емисијата „24 минути“, која беше тргната од програматаСиноќа во Белград, стотици граѓани маршираа во знак на поддршка за Зоран Кесиќ и авторите на „24 минути“, откако новите сопственици на телевизијата „Нова “ ја тргнаа од програмата оваа популарна сатирична емисија. На собирот за поддршка на Зоран Кесиќ и „Њуз.нет“ повика група новинарски здруженија и невладини организации. Новата сезона на „24 минути со Зоран Кесиќ“ од 19 септември ќе оди на јутјуб. Менаџментот на Нова, соопшти дека таа е тргната од програмата поради тоа што била прескапа и поради неуспешниот договор помеѓу екипата на емисијата и компанијата што ја поседува „Нова “, која неодамна доби ново раководство. Кесиќ смета дека зад ваквата одлука стојат политички, а не деловни причини. „Одлуката да им останеме верни на идеалите на новинарството, не чинеше да бидеме сега на улица со вас. Сѐ повеќе нѐ има на улица. Тоа не е добро за оние кои се плашат од улица. Ова не е парастос, туку воскреснување. Нашиот нов почеток стартува на 19 септември на јутјуб. Ова е емисија која одбива да умре“, кажа Кесиќ. View this post on Instagram A post shared by TV NOVA (@novas.tv) Тагови: Зоран Кесиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Се движиме по добра траекторија – инвестициите се склучни за економскиот развојИнвестицискиот циклус којшто го имаме во изминатиот период треба да го зачуваме. Во 10 последователни квартали во континуитет имаме стапка на раст од околу и над 3%, а во последниот квартал стапка на раст од 4,3%. Тоа покажува дека се движиме по една добра траекторија. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на панел дискусија посветена на тема „Од притисокот во еврозоната до фискална отпорност: Буџетски приоритети, реалности во приватниот сектор и регионални лекции“ на Регионалната конференција „Охрид 2026“, каде што потенцира дека поддршката на инвестицискиот циклус оди заедно со спроведување на една постепена фискална консолидација којашто треба да биде приоритет. „Прашањето е дали треба да се стремите кон тоа да имате буџетски дефицит колку што сте предвиделе. Дали е можеби потребно и мало изместување во однос на тоа што сте го испроектирале во насока на тоа да дадете поддршка на оној инвестициски циклус кој трае во еден подолг временски период. И тоа беше еден од најголемите ппредизвици што го имавме како Министерство за финансии при подготовка на последниот ребаланс на Буџетот. Нашата одлука секако беше дека ќе избалансираме. Од една страна дефинитивно ќе помстиме дел од буџетскиот дефицит во нагорна линија, при тоа имајќи предвид дека најголем дел од тој дефицит ќе оди кон финансирање проекти, кои ќе додадат дополнителна вредност за економијата, но во исто време внимателно ќе работиме и на приходната страна, затоа што не е фискалната консолидација само фокус на расходната“, истакна министерката. Таа потсети дека Македонија е една од земјите која имаше оромен буџетски дефицит во 2020 година, меѓутоа во 2021 не успеа да го консолидира дефицитот и за сметка на тоа фискалната консолидација се одвива побавно. Исто така влијание на спроведување на овој процес има и исплатата на расходи кои произлегуваат од стекнати законски права, а кои во минатото ги немало во Буџетот. „Приоритет мора да има фискалната консолидација, затоа што тоа на крајот ќе има влијание и на кредитниот рејтинг, ќе има влијание во иднина и на каматните стапки. Што значи тоа треба да биде приоритет, но не по секоја цена за колкав временски период ќе го оствариме. Не треба да брзаме во остварување на фискалната консолидација - буџетски дефицит под 3% и јавен долг под 60%, а на штета на тоа да направиме пореметување кај инвестициите“, потенцира министерката за финансии. Таа додаде дека инвестициите се клучни за растот и дека доколку се погледнат податоците за растот на БДП во вториот квартал тие покажуваат дека инвестициите се главен двигател на растот. При тоа наведе дека се уште има простор за подобрување, но дека се значајни ако се има предвид од каде се почн во првиот квартал од 2024 година кога стапката на раст изнесуваше 1,6%. Посочи дека растот државата сама не го остварува и дека тука се многу значајни и инвестициите на приватниот сектор. При тоа наведе дека покрај поддршката што се дава преку Развојната банка и преку Законот за финансиска поддршка, секако важна е и предвидливоста. „Имаме еден инвестициски циклус кој треба да го чуваме и да помагаме колку што можеме и како држава. Дали е доволни? Не, се уште има одредени структурни проблеми во економијата и тука треба можеби одредени промени. Преку Развојата банка помагаме на приватниот сектор, кај Законот за финансиска поддршка можеби ќе се менуваат одредени работи во насока на тоа да се поддржат одредени компании од одредени сектори кои сметаме дека треба да се зајакнуваат затоа што не може да зависиме и БДП да ни зависи од оние странски инвеститори кои прд 15 години дојдоа тука, а факт е дека тие се најголем мотор на создавање на БДП. Сме на добра патека но треба се уште да се работи. Има простор и верувам дека во периодот што следи ќе успееме да ги подобриме и овие резултати“, порача министерката. Според неа значаен инструмент во трансформација на економијата има и Планот за раст чие што исполнување значи една поголема трансформација од она што е администрација, легислатива, подобрување на целокупното законодавство и однесување на државата и приближување до европското.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter