И купил на девојката карти за „RHCP”, а потоа следувал шок (видео) - Канал 5

И купил на девојката карти за „RHCP”, а потоа следувал шок (видео)

Британецот Данкан Роб, од Честерфилд, уште во декември купил карти за концерт на „ Red Hot Chili Peppers”, кој на 10 февруари се одржувал во Белфаст. Поминал прилично евтино, бидејќи картите чинеле само 40 фунти.

И купил на девојката карти за „RHCP”, а потоа следувал шок (видео)
Бил многу среќен поради тоа, бидејќи имал намера концертот на неговиот омилен бенд да биде подарок за неговата девојка, која исто така ги обожава “RHCP”, за Денот на вљубените.

Меѓутоа, неколку дена подоцна пред концертот, кога сакала да дознае кои се предгрупите на овој голем бенд, девојката на Данкан не можела да најде било какви информации за концертот на Red Hot Chili Peppers во престолнината на Северна Ирска.

После долго пребарување преку интернет, сфатила дека Данкан, всушност купил карти за концерт на групата „Red Hot Chili Pipers”, најголемиот гајдаџиски бенд на светот.

Бидејќи веќе имале карти и за концертот и лето за до Белфаст, овој пар отишол на планираниот романтичен викенд, што Данкан го документирал со снимка од концертот кој го објавил на својот твитер профил.

И покрај тоа што си поминале одлично, Данкан Роб и понатаму не може да верува како можел да направи ваков пропуст.

Случајот го привлекол вниманието на Даглас Гилеспи, агентот на „Red Hot Chili Pipers”, кој изјавил дека ова не е прв пат на некој да направи ваква грешка.

„Секогаш сме многу внимателни кога ги рекламираме концертите. Членовите на бендот на фотографиите секогаш се облечени во килтови и имаат гајди. Не сакаме да се “провлекуваме“ како „Red Hot Chili Papers” – премногу ги почитуваме за такво нешто“ – изјавил тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Едно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, Саудиска Арабија., пренесува Би-Би-Си.

Видео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад

Загинатиот е државјанин на Пакистан, соопштија саудиските власти.

Проектил погодил една од патничките сали, по што избувнал пожар.одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути.Тие соопштија дека користеле ракети и беспилотни летала.

Хутите тврдат дека нападнале и нафтени постројки и аеродромот во Дамам.Во претходниот напад врз аеродромот во Ријад загинаа 13 лица, а 308 беа повредени.

Саудиската коалиција најави одговор на нападите. Трамп најави брза одлука за можни воени дејствија против Хутите. И Велика Британија најави можност за дополнителна поддршка на Саудиска Арабија.

Македонската амбасада упати апел до македонските државјани во Саудиска Арабија да ги следат безбедносните препораки и да постапуваат според упатствата на локалните власти, дежурен телефон. +971 56 441 7532.Поради влошената безбедносна состојба, се препорачува избегнување патувања во ризичните области.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Од денеска, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Почнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Според информациите што ги сподели министерот за внатрешни работи при неодамнешната посета на Охрид, во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Столе Наумов на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе Наумов

притисни ентер