И Канје се засрами од разголената снимка на Бјанка- ја избриша, но не доволно брзо (ФОТО) - Канал 5

И Канје се засрами од разголената снимка на Бјанка- ја избриша, но не доволно брзо (ФОТО)

Канје Вест ги изненади своите следбеници на Инстаграм со фотографија од неговата сопруга Бјанка Ценсори, која ја избриша многу (но не доволно брзо).

И Канје се засрами од разголената снимка на Бјанка- ја избриша, но не доволно брзо (ФОТО)

Фотографијата која се појави во приказната на раперот ја прикажува Бјанка облечена во минијатурен костим за капење кој едвај и ги сокри брадавиците.

18+ објавата веднаш се прошири на социјалните мрежи, но ниту Канје ниту Бјанка не објаснија, што значи дека не е јасно дали фотографијата случајно завршила на Инстаграм или целта била да привлече внимание.

Инаку, Бјанка на почетокот на јануари го прослави својот 30-ти роденден со Канје на Малдиви. На забавата, меѓу другите, била и актерката Пенелопе Круз, со која Бјанка танцувала. Фотографии од дивата забава се проширија низ интернетот, на кои се гледа како Бјанка и Канје страсно се бакнуваат во еден момент. Бјанка беше облечена во проѕирни хеланки и горен дел кој ѝ ги откри градите.

Бјанка е позната по своите разголени комбинации кои не кријат многу.

Таа често се појавува полугола во јавноста, поради што еднаш била пријавена во полиција. Во август 2023 година, Канје и Бјанка беа на одмор во Италија. Тие тогаш престојувале во Венеција, а Бјанка излегувала во оскудни модни комбинации, поради што Италијанците на крајот ја пријавиле во полиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Современа технологија за откривање дефекти во водоводната мрежа

Активностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“.

Јанчев: Современа технологија за откривање дефекти во водоводната мрежа

Ј.П. Комуналец Кавадарци во соработка со Општина Кавадарци, започна со реализација на проект за откривање дефекти и истекувања во водоводната мрежа, со примена на современа технологија за поефикасно управување со водните ресурси.

Во рамки на овие активности, директорот на ЈП Комуналец потпиша Меморандум за соработка со компанијата Ecotip, со цел примена на современи технолошки решенија за откривање дефекти и намалување на загубите на вода во водоводната мрежа. Проектот предвидува поставување на 20 акустични сензори на карактеристични локации во градската водоводна мрежа. Преку 24-часовни мерења и обработка на податоците со специјализиран софтвер, ќе се овозможи попрецизно лоцирање на потенцијалните истекувања и дефекти.

Активностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“, а во наредниот период ќе продолжат и на улиците „Илинденска“, „Тиквешко востание“ и на други локации.

Со примената на оваа технологија ќе се овозможи откривање дефекти што тешко се забележуваат со вообичаените методи, без непотребно оштетување на постојната инфраструктура. Очекуваните придобивки се намалување на загубите на вода, побрзо санирање на дефектите и поефикасно одржување на водоводната мрежа.

Преку соработката со Општина Кавадарци и компанијата „Ецотип“, ЈП „Комуналец“ продолжува со воведување современи решенија за унапредување на комуналните услуги и поодговорно управување со водните ресурси, во интерес на сите граѓани, објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од понеделник почнува примената на Безбеден град на подрачје на СВР Охрид

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надзор Безбеден град започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид.

Од понеделник почнува примената на Безбеден град на подрачје на СВР Охрид

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион нагло загуби височина поради турбуленции- патниците во паника, има повредени (ВИДЕО)

Најмалку осум лица се повредени откако силни турбуленции го погодија авионот што леташе за Њујорк, принудувајќи го да направи итно слетување.

Авион нагло загуби височина поради турбуленции- патниците во паника, има повредени (ВИДЕО)

Авионот на „Авијанка“ полета од Меделин, Колумбија, во четврток во 22:40 часот по локално време кон аеродромот ЏФК, но беше принуден да го промени курсот и да слета во Мајами само три часа по почетокот на летот, објави Ен-Би-Си.

Авионот „Ербас А320“ се искачи на околу 35.000 стапки додека леташе над Јамајка и Куба, упатувајќи се кон север, пред нагло да се спушти околу 2,5 часа по почетокот на летот.

Видео од пилотската кабина објавено од американските медиуми по слетувањето на авионот ги покажа луѓето во состојба на шок.

YouTube video

Авионот се спушти 25.000 стапки (7.500 метри) за само неколку минути, според податоците на FlightRadar24, пред да слета во Мајами.

„Повеќе пациенти се повредени“, изјавија претставници на противпожарната и спасувачка служба во Мајами-Дејд откако авионот слета околу 3:30 часот наутро, а најмалку едно лице е во сериозна состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер