Ѝ ја грабнаа чантата на девојче и ја влечеа со мотор, се здобила со тешки изгореници (ВИДЕО) - Канал 5

Ѝ ја грабнаа чантата на девојче и ја влечеа со мотор, се здобила со тешки изгореници (ВИДЕО)

Шеснаесетгодишно девојче заврши во тешка состојба по грабеж во Богота.

Ѝ ја грабнаа чантата на девојче и ја влечеа со мотор, се здобила со тешки изгореници (ВИДЕО)

Несреќното девојче на 28 август била цел на моторизирани крадци, а снимката од инцидентот завршила на интернет.

Сѐ се случило вечерта, а крадците ѝ пришле на девојката и се обиделе да ѝ ја украдат чантата и мобилниот телефон, јавува Лакале Блу радио.

Не е јасно како жртвата се „закачила“ за моторот, но надзорните камери снимиле како криминалците ја влечат по асфалтот најмалку два блока.

Потоа ја оставиле на улица и побегнале, а на помош на тинејџерката дошле случајни минувачи.

Таа е пренесена во болница, додека нејзините повреди не се опишани како сериозни. Локалните медиуми јавуваат дека била испратена дома, а семејството наводно било советувано да ѝ стави ладни облоги на повредите.

Следната недела, сепак, девојката имала силни болки, па била префрлена во друг медицински центар. Таму било утврдено дека има тешки изгореници, како последица од гребење со асфалтот.

Таа е задржана на лекување, додека полицијата трага по криминалците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција добива ново раководство.

Искра Хаџи Василева официјално ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Искра Хаџи Василева денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази.

Примопредавањето ќе се одржи во просториите на обвинителството, по што е предвидена средба со јавниот обвинител Ненад Савески.

Хаџи Василева беше избрана на функцијата на 28 октомври, со освоени 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче.по изборот, таа најави дека приоритет ќе ѝ бидат поефикасниот кривичен прогон на организираниот криминал и корупцијата, подобрата организација на работата и искористувањето на постојните ресурси.

Најави и залагање за дополнителни човечки и материјални капацитети на институцијата.. со денешното примопредавање официјално започнува мандатот на новата раководителка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката

Охридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. 

31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката

Инцидентот се случил во саботата навечер кога девојката била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница.

Според неофијалните информации, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнале меѓусебна расправија.. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет.. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали.. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Променливо облачно со повремени сончеви периоди и температура до 16 степени

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер