Филипче: Македонија не е на продажба – Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата!
2Филипче: Македонија не е на продажба – Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата!
СветИ Илон Маск се спомнува во новите документи за предаторот Епштајн: Беше повикан на островот Демократите во американскиот Конгрес објавија нови документи поврзани со покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн.Демократите во американскиот Конгрес објавија нови документи поврзани со покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, во кои се споменуваат милијардерот Илон Маск и британскиот принц Ендру, објавува Би-Би-Си. Документите, доставени од страна на наследниците на Епштајн до Комитетот за надзор на американскиот Претставнички дом, содржат делумни записи, вклучувајќи телефонски пораки, копии од дневници на летови и манифести на авиони, финансиски записи и дневниот распоред на Епштајн. Еден запис, датиран на 6 декември 2014 година, гласи: „Потсетник: Илон Маск на островот на 6 декември (дали ова е сè уште релевантно?)“. Маск претходно негираше дека некогаш бил на приватниот остров на Епштајн, иако призна дека бил поканет. Принцот Ендру е исто така во документите Одделно, манифест на летот од 12 мај 2000 година, евидентира дека принцот Ендру патувал со Епштајн и неговата блиска соработничка Гислејн Максвел од Тетерборо, Њу Џерси, до Вест Палм Бич, Флорида. Максвел беше осуден во 2021 година за помагање на Епштајн во трговија со девојки за секс. Според тогашните најави од Бакингемската палата, Ендру отпатувал во Њујорк на 11 мај 2000 година на прием од Националното друштво за спречување на суровост кон децата, а се вратил во Велика Британија на 15 мај. Принцот постојано жестоко негирал какво било кривично дело. Во документите се споменува и планиран ручек со интернет претприемачот Питер Тиел во ноември 2017 година и појадок со Стив Бенон, поранешен советник на Доналд Трамп, во февруари 2019 година. Исто така, се споменува и можна средба со основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, во декември 2014 година. Гејтс изјави за Би-Би-Си во 2022 година дека средбата со Епштајн била „грешка“. Не е сугерирано дека луѓето споменати во документите биле свесни за злосторствата на Епштајн. Случај што не запира Епштајн изврши самоубиство во затвор во Њујорк во август 2019 година додека чекаше судење по обвинението за трговија со луѓе за сексуална експлоатација. Во 2008 година, тој се спогоди со обвинителите откако родителите на 14-годишно девојче пријавија дека тој ја злоставувал во неговиот дом во Палм Бич. Тој беше повторно уапсен во јули 2019 година. Портпаролката на демократите во Претставничкиот дом, Сара Гереро, ја повика американската државна обвинителка Пам Бонди да објави повеќе документи. „Мора да им биде јасно на сите дека Џефри Епштајн бил пријател со некои од најмоќните и најбогатите луѓе во светот. Секој нов документ носи нови информации додека се обидуваме да им донесеме правда на преживеаните и жртвите“, рече таа. Републиканците, од друга страна, ги обвинија демократите за „политизирање на случајот на сметка на жртвите“ и најавија дека наскоро ќе го објават целиот сет документи.Тагови: Епштајн Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Забава„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерацииПо досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата во Ѓорче 2026.Програмата ќе се одвива на Корзото, кај амфитеатарот и во Реонскиот парк, со музика, улични изведби, балет, хорско пеење, базар и детски работилници за посетители од различни генерации. Вечерва, на 18 септември, програмата на Корзото и кај амфитеатарот започнува во 18:00 часот со „Баскерфест“. Во 18:30 часот ќе настапи „Ребис“ – балетско студио, а во 19:00 часот хорот „Фрида“. Во рамките на „На Базар“, посетителите ќе можат да разгледаат што нудат поставените штандови, додека за најмладите ќе бидат организирани детски работилници. Музичката програма на „Октоберфест“ ќе се одржи во Реонскиот парк. Во 20:00 часот ќе настапат „Суперхикс“, во 21:30 часот „Пауза за ракија“, а вечерта ќе ја заокружи DJ Галоски, со настап од 23:00 часот. Програмата продолжува и во сабота, на 19 септември, во Реонскиот парк. The Crew ќе настапат во 19:00 часот, по што во 21:00 часот следува концертот на „Ареа“. Во 22:30 часот ќе настапат „Куку Леле“, а програмата ќе ја затворат трубачите „Левис“, со почеток во 23:30 часот. Преку различните културни и музички содржини, „Звуците на културата во Ѓорче 2026“ ја збогатуваат програмата на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ и создаваат простор за дружење и забава за сите генерации. Настаните се во организација на Општина Ѓорче Петров.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на БихаќкаСДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се соработници на криминалот и корупцијата.СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите во Мала Речица и на Бихаќка, тие се нивните соработници на криминалот и корупцијата. Мал дел на судии и обвинители блиски до СДС и ДУИ, го корозираат правосудниот систем и носат одлуки спротивни на правдата, но на иста линија со нивните наредбодавци. Дозволете да се потсетиме на неколку судии и обвинители, поточно на Катерина Коларевиќ, обвинителката која го затвори случајот Мазут, а чиј татко беше избран за државен правобранител од влада на СДС, а чија мајка беше избрана за уставен судија во време на коалицијата на СДС и на ДУИ. Пајазит Пајазити, судијата близок до ДУИ, кој одлучуваше во случаите со Блерим Рамадани, упадот во контролата на летање и Иџет Мемети. Да се потсетиме и на Даниела Алексовска Стојановска, судијката која во својата куќа, имаше сместено штаб на СДС. И секако, да не го заборавиме Ислам Абази комшијата на Ахмети од Зајас, кој одработи за функцијата шеф на ОЈО ГОКК, со затворање на случајот со модуларната болница. Ете, ова е системот кој СДС и ДУИ го градеа со години, со ставање на свои луѓе на високи позиции во правосудството. И за овој систем мора да има одговорност. Ние не забораваме. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаФилипче: Македонија не е на продажба – Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата!Македонија не е на продажба, а земјата, рудите и водата не се приватна сопственост на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.„Мицкоски најавува распродавање на земјата и ги нуди рудните богатства на странски инвеститори. Јасно и гласно му порачувам: не смее да ги распродава националните богатства. За отворање рудници прво мора да бидат прашани граѓаните“, рече Филипче. Тој нагласи дека жителите на населените места каде што се планираат рудници мора на референдум да одлучат дали прифаќаат такви проекти во близина на своите домови. „Во време кога илјадници граѓани во Гостивар беа затруени од загадена вода, кога и во Струмичкиот регион има места со неисправна вода, кој може да гарантира дека токсични материи, како антимонот, утре нема да завршат во водата? Такви одлуки не смеат да се носат зад грбот на граѓаните“, рече Филипче. По целосниот дебакл на економските политики, Мицкоски нема право спасот да го бара во распродажба на природните ресурси, додаде претседателот на СДСМ. „Тоа што во моментов ја води Владата не значи дека може да располага со националните богатства како да се негова приватна сопственост. Како што водата ја ветил за изградба на дата-центри, така сега сака да ги распродава земјата и рудите за да ги покрие своите лоши економски политики“, истакна Филипче. Во однос на најавените дата-центри, тој посочи дека власта крие суштински информации: кој ќе ја користи водата од Вардар, што ќе се случи со земјоделството, колку електрична енергија ќе трошат центрите, дали ќе поскапи струјата и каква корист ќе имаат граѓаните од проекти што отвораат само неколку работни места. „Ние не сме против технолошкиот развој на државата. Ние сме против приватните бизнис-интереси на оваа власт да се остваруваат на штета на граѓаните. Водата од Вардар, земјата и рудите им припаѓаат на сите граѓани, а не на приватни компании и луѓе блиски до Мицкоски“, рече Филипче. „Македонија не е на продажба. Граѓаните мора да одлучат дали ќе има рудници во близина на местата каде што живеат. Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Филипче: Граѓаните на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови Граѓаните треба на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, по најавите на премиерот Мицкоски за изградба на рудници и експлоатација на рудното богатство. Филипче посочи дека националните богатства не се приватна сопственост на премиерот и дека за вакви прашања мора да се слушне гласот на граѓаните. „Премиерот Христијан Мицкоски најавува распродавање на земјата. Вчера го слушам, кажува како ние сме биле богати со руда, надевајќи се дека ќе привлече инвеститори кои што тука ќе градат рудници. Сакам јасно и гласно да му порачам - не смее да ги распродава националните богатства. Прво, за рудници треба да се прашаат граѓаните“, рече Филипче. Тој додаде дека граѓаните мора да имаат право директно да одлучат дали во нивната непосредна околина ќе има рудници, особено во услови кога веќе постојат сериозни проблеми со квалитетот и безбедноста на водата. „Треба граѓаните во средините во кои што живеат да се изјаснат на референдум дали сакаат или не сакаат, близу до нивните места на живеење, да се градат рудници.Сега кога имаме случај на загадување на водата, сега кога после толку месеци и пет илјади отруени луѓе во Гостивар кои што пиеја вода загадена со фекалии, сè уште немаме податок дали водата е чиста на хартија. Да се види тоа, сега кога секојдневно се отвораат сега и во струмичкиот регион, неколку места во кои што водата не е исправна, дали е потребен дополнителен ризик од загадување со екстремно токсични материи, како што е антимонот, и кој би гарантирал тој процес, дека ќе биде безбеден, и дека утре антимон нема да се најде во водата, ако се отворат такви рудници, без да се прашаат граѓаните“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ нагласи дека Владата не смее националните богатства да ги користи како излез од сопствените економски проблеми и неуспеси. „Нема право премиерот, кога има сега целосен дебакл во сферата на економските политики, да мисли дека може да ја распродава земјата. Тоа не е негова приватна сопственост. Тоа што тој во моментов ја води владата, не значи дека треба да располага со националните богатства на земјата за да се спаси во делот на лошите економски политики. Така како што очигледно дека ги има ветено водите за изградба на дата центри, така сега сака да ја распродаде и земјата. Јасно и гласно кажуваме - граѓаните треба да одлучат на референдум дали ќе има или ќе нема рудници близу до местата каде што живеат“, рече Филипче. Скопје, 18.09.2026 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook