И Илон Маск ја поддржа жената херој на ОИ- се откажа од борба со противник со неодреден пол

Олимписките игри во Париз јасно ќе останат запаметени по одличните резултати, но и по многуте скандали кои ја красат најголемата спортска манифестација на овој свет што се одржува на секои четири години.

Овој пат, скандалот доаѓа под раководство на боксерка чиј пол е непознат и се вика Имане Калиф и нејзината противничка Анџела Карини.

Двајцата се сретнаа во осминафиналето, каде Италијанката Анџела реши да се откаже по 45 секунди од натпреварот. За работите да бидат уште поинтересни, таа реши да се откаже откако доби два удари во главата од Имане.

Анџела се откажала бидејќи, како што рекла, премногу ја болело и не сакала да продолжи да се бори, бидејќи немала жена против себе.

По тој повод се огласи Илон Маск, кој ја поддржа оваа Италијанка. Имено, откако се откажала станала своевиден херој бидејќи решила да им се спротивстави на организаторите и лудите правила.

Да потсетиме, Имане Калиф беше дисквалификувана од Светското првенство бидејќи ѝ било утврдено ниво на тестостерон што го надминува дозволениот максимум, кога почнаа да се сомневаат во нејзиниот пол.

Сепак, Меѓународниот олимписки комитет ѝ дозволи на оваа боксерка да се натпреварува.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер