БалканИ гастербајтерите во Србија ќе плаќаат данокПокрај хонорарците данок ќе плаќаат и гастербајтерите?Здружението на хонорарни работници и претприемачи на Србија на својата веб-страница наведува дека, според важечкиот Закон за персонален данок на доход, Србија може да бара даноци и придонеси за пензиско и здравствено осигурување не само од хонорарните работници, туку и од граѓаните кои работат и живеат во странство. Имено, членот 7 од овој закон пропишува дека даночен обврзник на персонален данок на доход е жител на Република Србија, за приход остварен на територијата на Република Србија и во друга држава. Имено, сите граѓани на Србија кои потпаѓаат под дефиницијата жител се должни да плаќаат даноци и придонеси. Законот вели дека жител е физичко лице кое има престој или центар на деловни и животни интереси на територијата на Република Србија или престојува во Србија, континуирано или со прекини 183 или повеќе дена во период од 12 месеци што започнува или завршува во соодветната даночна година . Како што објаснува Здружението на хонорарци и претприемачи на Србија, формулацијата „или“ значи дека е доволно да исполнувате еден од горенаведените критериуми, за да бидете третирани според законот како жител кој мора да плаќа данок и придонеси. На пример, ако сте се преселиле во Германија пред десет години и сте работеле таму, но не сте го одјавиле престојот од Србија. Или сте отишле на привремена работа во земја од Европската унија на 90 дена, сте се вратиле во Србија и повторно сте заминале на работа. Без оглед на тоа што платата сте ја заработиле во странство, Србија ве обврзува да плаќате данок и придонеси за ПИО и здравствениот фонд. Според Здружението, данокот е 10% од даночната основа, а придонесот за ПИО и здравствениот фонд е 25,5%, односно 10,3% од вкупната плата. Оваа пресметка покажува дека Србија би можела да побара да í платите вкупно 443,9 евра од 1000 што сте ги заработиле надвор од Србија. За дванаесет месеци работа во странство, вашиот долг кон Србија би се искачил на 5.326 евра! Ако сте користеле девизна сметка од банка регистрирана во Србија за да ја добиете таа плата, вие сте во регистарот што Даночната управа го добила од тие банки. Во тој случај, може да бидете предмет на даночната контрола што беше најавена во октомври. Ако сте користеле девизна сметка, Србија може да побара информации од странски банки за сметките на нејзините жители. Намерата на Србија е да наплати данок и придонеси за неколку години наназад со камата, што изнесува нешто повеќе од 10% годишно. Здружението објаснува дека ако данокот на вашата плата е платен во друга земја, вие може да бидете ослободени од данокот во Србија, а за тоа постојат два услова. Првиот е Србија да има договор со таа земја за избегнување на двојно оданочување, а второто е да имате доказ дека данокот за вашата плата е веќе платен во странство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
БалканНе стивнуваат студентските протести во Тирана – демонстрантите се судрија со полицијата Трет ден жестоки немири во Тирана во кои демонстрантите нападнаа владини згради, банки, продавници и други објекти.Стотици демонстранти кои протестираа за реформи во образованието оштетитле неколкку владини објекти, меѓу кои и зградата во која е сместен европскиот колеџ. Според тамошните медиуми демонстрантите палеле и излози, а оштетиле и неколку банки и други објекти. Полицијата се обидела да ги растера со солзавец и со водени топови, по што дошло и до жестоки судири, во кои повредени биле 23 полицајци и уште шестмина други луѓе, а 35 демонстранти се приведени... Движењето, познато како „Фламинго“, бара оставка од премиерот Еди Рама поради поради зголемените трошоци за образование и корупцијата. Рама во писмена изјава за Ројтерс посочува дека не планира да поднесе оставка но дека владата е подготвена за дијалог со студентите. Одговорноста за насилството на студентските протести ја префрли на опозициските партии, кои според него сакале да го попречат патот на Албанија кон Европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
ЖивотДали Калифорнија воведува данок за милијардерите? „И онака не го плаќаат – немаме што да изгубиме“Во американската сојузна држава Калифорнија е во тек гласањето на среднорочните избори, а за три недели гласачите ќе одлучуваат на референдум дали милијардерите треба да се оданочуваат врз основа на нивното богатство?Во американската сојузна држава Калифорнија е во тек гласањето на среднорочните избори, а за три недели гласачите ќе одлучуваат на референдум кој би можел да има последици за остатокот од Соединетите Држави: дали милијардерите треба да се оданочуваат врз основа на нивното богатство? Според новинската агенција АФП, предлогот предвидува оданочување на околу 200 милијардери во оваа сојузна држава, со стапка од пет отсто од нивната нето-вредност. Собраните средства би биле наменети за јавниот здравствен систем, на кој се потпираат половина од жителите на Калифорнија. Овој систем моментално е под притисок поради значителните кратења на федералните средства, воведени од американскиот претседател Доналд Трамп. Поддржувачите на оваа мерка се надеваат дека таа ќе послужи како поттик за слични иницијативи и во други делови на САД, во услови на растечко незадоволство поради продлабочувањето на нееднаквоста и брзото трупање богатство кај технолошките милијардери, како што е Илон Маск. Привремениот данок е „само капка во морето на нивното богатство“, изјави за АФП Лорен Фирман, пензиониран графички дизајнер која користи „Медикер“ (Medicare) – здравствено осигурување за лица постари од 65 години. „За нив тоа не значи многу, но за луѓето на кои им е потребна здравствена заштита, тоа значи сè“, додаде таа. Сепак, референдумот предизвикува загриженост во Силиконската долина. Меѓу противниците на предлогот, наречен „Предлог 40“ (Proposition 40), е и ко-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, кој донирал повеќе од 205 милиони долари за кампањата против него. Во телевизиските реклами, противниците постојано предупредуваат дека привремениот данок би можел да стане траен, што би ги натерало најбогатите жители да ја напуштат Калифорнија и би довело до намалување на даночните приходи на сојузната држава. Покрај милијардерите, и други влијателни личности се спротивставуваат на предлогот, вклучително и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом. По повеќе од седум години на чело на сојузната држава, овој демократ – кој има претседателски амбиции за 2028 година – официјално ги повикува гласачите да гласаат против оваа мерка. Моќниот синдикат „Обединети домашни работници“ (United Domestic Workers), кој застапува 250.000 лица што работат како негуватели во домовите или се грижат за деца, исто така ги повика своите членови да гласаат против предлогот. Од синдикатот тврдат дека еднократниот данок, наменет за здравствениот систем, долгорочно нема да го покрие дефицитот од повеќе милијарди долари во буџетот на Калифорнија. Сепак, оваа идеја не е нова. Во текот на изминатите 15 години, Калифорнија во три наврати се обиде да ги зголеми даноците за најбогатите жители преку референдуми, но сите такви предлози беа одбиени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаОсум морнари исчезнати по пожар на брод во Црното море – се истражува дали бил погоден од дронБрод закотвен во романските територијални води се запалил, а целиот екипаж е евакуиран, соопштија романските власти. Засега не е познато дали пожарот избувнал по напад со дрон, а романскиот министер за одбрана Раду Мируца најави истрага за инцидентот. Според првичните информации на бродот имало 12 морнари, од кои осуммина во моментов се водат како исчезнати. Романските спасувачки тимови спроведуваат операција во која се вклучени и пловен објект и хеликоптер. Инцидентот се случува во време кога расте загриженоста поради сè почестите напади во Црното море и сомнежите за вмешаност на Русија. Пред неколку денови два брода беа погодени со дронови во близина на бугарскиот брег на Црното море при што еден од нив потона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook