И ЕСА работи на свој вселенски хиперсоничен авион - Канал 5

И ЕСА работи на свој вселенски хиперсоничен авион

Европската вселенска агенција (ЕСА) го финансира развојот на хиперсоничен вселенски авион, за којшто се очекува да полета до 2031 година, како што се наведува - ако сè оди според планот.

И ЕСА работи на свој вселенски хиперсоничен авион

Авионот се развива во рамките на истражувачката програма „Инвиктус“ (Invictus), предводена од консултантската фирма „Фрејзер-Неш“ (Frazer-Nash), со буџет од 7 милиони фунти (скоро 8,1 милион евра). Конструкторите користеле технологија на „Риекшн енџинс Лтд.“ (Reaction Engines Ltd.) - британска компанија што го градеше џиновскиот вселенски авион „Скајлон“ (Skylon), но беше спречена во тоа поради банкрот минатата година. Клучен дел од технологијата на програма „Инвиктус“ е моторот „САБРЕ“ (Synergetic Air-Breathing Rocket Engine - SABRE), и неговиот дел жаргонски наречен „предладник“ ('precooler').

„Авион што лета со хиперсонична брзина, повеќе од пет пати поголема од брзината на звукот, се соочува со екстремно високи температури поради загревање и триење на воздухот. Типичните авионски мотори не можат да работат во овие услови бидејќи воздухот е премногу топол“, соопшти „Фрејзер-Неш“.

„Предладникот“ го решава овој проблем со ладење на воздухот пред тој да стигне до моторот, дозволувајќи им на конвенционалните авионски мотори да достигнат хиперсонична брзина.

- Хиперсоничниот лет не е само следната граница на воздухопловството, туку е и порта кон нова парадигма за движење, одбрана и пристап до Вселената. Со „Инвиктус“, Европа ја користи можноста да биде лидер во технологиите што ќе го редефинираат начинот на којшто се движиме низ планетата и ќе достигнеме места подалеку од неа. Со совладување на погонот за повеќекратна употреба, ги поставуваме темелите за возила што полетуваат како авиони и достигнуваат орбита како ракети, револуционизирајќи го копнено-орбиталниот пренос, рече Томасо Гидини - раководител на Механичкиот оддел во ЕСА.

Планот предвидува конзорциум предводен од „Фрејзер-Неш“, а ги вклучува и фирмата „Спирит аеросистемс“, Универзитетот Кренфилд и други партнери. Тие треба да испорачаат концепт и првичен дизајн на комплетен систем за летање во рок од 12 месеци. „Целосниот систем за летање“ ќе биде возило за повеќекратна употреба коешто ќе полетува и слетува на писта како авион. Ќе биде оперативен од почетокот на 2031 година и би можел да има различни намени и примени, од економски раст до национална безбедност.

„Инвиктус“ не е единствениот европски вселенски авион во развој. Француската влада и „Дасол авиејшн“ објавија планови за својот авион „ВОРТЕКС“. Владата на САД управува со роботскиот орбитален вселенски авион „Екс-37-Б“, а Кина има сличен летало наречено „Шенлонг“. И британската вселенска компанија „Вирџин галактик“, исто така, користи суборбитален вселенски авион за туризам и истражување. Меѓу другите компании со слични проекти се и „Сиера Невада корп.“, „Дон аероспејс“ и „Рејдијан аероспејс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Компании поврзани со наводната кинеска шпиунка Алис Хуанг која имаше афера со првиот човек на Нвидија финансирале набавка на компјутерска опрема за центри за вештачка интелигенција во Кина, покажуваат документи пишува  „Ројтерс“.

Компании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во Кина

Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион долари.

Голем дел од опремата се наоѓа во центар за податоци во Шангај, развиен во партнерство со технолошкиот гигант „ТЕНСЕНТ“документите покажуваат дека компании поврзани со семејството и соработниците на Хуанг учествувале во финансирањето на кинеската индустрија за вештачка интелигенција.

Случајот добива дополнително внимание поради истрагите дали нејзината компанија „Мегаспид“, со седиште во Сингапур, им помагала на кинески клиенти да дојдат до ограничени процесори на „Нвидиа“.Во понеделникот, американското министерство за трговија ја стави „Мегаспид“ на црната листа за трговија. Нејзината врска со извршниот директор на компанијата, Јенсен Хуанг, предизвика дополнителни проверки на деловните врски на „Нвидиа“ со Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка

Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе присуствува на надзорната расправа посветена на „АЛТА банка“. Како што потврдија од нејзиниот кабинет за Канал 5, нејзината агенда била прилагодена да може да биде присутна на расправата, која почнува во 11 часот во Комисијата за финансирање и буџет, а потоа да се посвети на активностите

За состанокот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони в петок, чиј домаќин е таа.. Вчера од СДСМ ја прозваа Сиљановска дека по втор пат не одговорила на поканата за присуство на расправата.

На првата надзорна расправа која се одржа пред две недели сведочеа Мицкоски, Славески, министерката Димитриеска-Кочоска, вицегувернери, претставници на државни органи и граѓански организации, како и јавниот обвинител Ненад Савески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студено утро, дневната температура ќе достигне до 12 степени

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот променливо облачно, информираат од УХМР.

Студено утро, дневната температура ќе достигне до 12 степени

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на утрешниот ден до недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат умерени, а наместа и пообилни (над 30 l/m² за 24h). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер