И Чешка го призна Ерусалим, гори Западниот брег - Хамас повика на Интифада!

Трамп ја отвори пандорината кутија на Блискиот Исток. Расте гневот во Арапскиот свет. Радикалното движење Хамас повика на мобилизација и покренување нова трета Интифада, света војна против Еврејската држава.

- Одлука на САД го уби мировниот процес и е директна агресија насочена кон нас и кон светите места во Ерусалим. Почнуваме со покренување Интифада кон ционистичкиот непријател, изјави Исмаил Ханија, лидер на движењето Хамас.

Израел трупа војска на западниот брег. Израелците стравуваат од оживување на деценискиот конфликт со Палестинците.
- Знам дека многу луѓе во соседството се гневни. И навистина се плашам од војна. Одлуката на Трамп може да донесе војна, жителка на Тел Авив

- Без разлика дали ќе има насилство, Ерусалим ќе остане главен град на Израел, вели жител на Тел Авив

Вашингтон и денеска смета дека одлуката на Трамп е реална и најави брза дислокација на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим. Чешка стана првата земја што им се придружи на САД и го прогласи Светиот град за престолнина на Израел.

- Ги повикувам сите земји да им се придружат на САД во признавањето на Ерусалим како главен град на Израел, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел
Советот за безбедност за утре најави вонредна седница. Осуди против одлуката на Трамп стигнуваат од сите страни.
- Само со визијата на две држави кои живеат рамо до рамо и со Ерусалим како главен град на Израел и на Палестина ќе се постигне легитимни аспирации меѓу двете нации, вели Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН


- Тоа е неприфатлива одлука која ги поткопува мировните напори и ги поништува сите права САД да бидат медијатор во мировните преговори со Израел, вели Махмуд Абас, претседател на Палестина

- Еј, Трамп што сакаш да постигнеш? Па, ти наместо да ги помируваш, ти ги раскаруваш политичарите, а регионот го ставаш во огнен обрач, изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција


- Ова е жална одлука, која Франција не ја признава зашто се коси со меѓународното право и донесените резолуции, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција
Израел секогаш го сметал Ерусалим за свој главен град, додека Палестинците планираа Источниот дел го планираа за престолнина на идната палестинска држава. Сега тој сон практично е прекинат, заради како што вчера појасни Трамп - за доброто на мирот во регионот.


Бајден: Економскиот раст на Кина, Јапонија, Индија и Русија слабее поради ксенофобијата

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека економиите на Кина, Јапонија, Русија и Индија немаат раст бидејќи тие земји се „ксенофобични кон имигрантите“.

„Зошто Кина заостанува економски толку далеку, зошто Јапонија е во неволја, зошто Русија, зошто Индија, затоа што се ксенофобични. Тие не сакаат имигранти. Имигрантите се тие што не прават силни“, рече Бајден на настанот за собирање средства во Вашингтон за неговата претседателска кампања.

„Една од причините зошто нашата економија расте е поради вас и многу други. Зошто? Затоа што им овозможуваме добредојде на имигрантите“, додаде Бајден. /МИА

Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

притисни ентер