3Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство
КултураИ американски археолози на античкиот град Градиште крај БитолаНа 12 километри од Битола има град од античко време, град кој егзистирал во времето на македонската држава и подоцна во римскиот период. Македонско-американски тим од археолози, предводени од Енгин Насух, советник кустос археолог во НУ Завод и Музеј-Битола и Николас Ангелоф од Универзитетот Поли Хамболт во Арката, Калифорнија, неодамна на локалитетот Градиште-Црнобуки открија и слој од доцниот енеолит или почетокот на бронзеното време како и една фрагментирана женска фигурина. Според археологот Енгин Насух, градот што го истражуваат со американските археолози и благодарение на специјалната опрема и технологија, обезбедил наоди кои се постари од времето на Филип V, а можеби станува збор за градот Линк, главен град на Линкестида. - Локалитетот Градиште кај село Црнобуки го набљудувам триесет години и секогаш планирам како да се истражува, како да се направи нешто општо корисно, но, за жал, поради објективни и субјективни причини, локалитетот не доаѓаше на ред. Конечно, во 2012 година мали археолошки истражувања извршија професорите Виктор Лилчиќ и Антонио Јакимовски од Филозофскиот факултет во Скопје кои со своите истражувања ни ги потврдија сознанијата кои што дотогаш ги имавме од некои површински случајни наоди. Имено, станува збор за град од античко време, град кој егзистирал во времето на македонската држава, и подоцна за време на римскиот период. Во 2020 година како НУ Завод и Музеј-Битола, надлежна институција за тој простор, успеавме да добиеме мали средства и почнавме со систематски истражувања. Сите овие години со мали вложувања успеавме да дојдеме до резултати. Најголемото придвижување на археолошките активности почнува во 2022 година кога како НУ Завод и Музеј-Битола, успеавме да создадеме соработка со Универзитет Поли Хамболт од градот Арката, Калифорнија-САД. Тогаш во Битола пристигна водачот и лидер на американскиот дел од тимот, професорот Николас Ангелоф, го разгледавме локалитетот и тој беше воодушевен од површинските наоди. Веднаш следеше потпишување на Договор за соработка меѓу НУ Завод и Музеј-Битола и Универзитет Поли Хамболт, а потоа продолживме со заеднички истражувања. Соработката почна да се продлабочува и зголемува, истакна археологот Насух. Пријателството меѓу битолчанецот Енгин Насух и Николас Ангелоф родум од Костур, втемелено на професионализам, почит и посветеност на археологијата овозможи да никне летен археолошки камп во Битола на кој освен наши и американски студенти, годинава учествуваа и млади археолози студенти од Австралија. Минатиот месец, сите учесници на локалитетот Градиште-Црнобуки, истражувајќи постигнаа задоволителни резултати, скромно вели археологот Насух. - Според одредена теорија локалитетот е град кој го основал Филип V и претставува важен стратешки и логистички центар во македонско-римските војни. Но, таа теорија некако почнавме да ја отфрламе бидејќи на самиот локалитет најдовме наоди кои што се постари од времето на Филип V. Значи, не станува збор за нов град. Има теорија дека можеби тука се наоѓа градот Линк, главниот град на Линкестида, а во прилог на таа теорија е податокот за големината на овој град, односно покрај акрополата на градот која моментално се истражува има информации дека и денешното население во селото Црнобуки пронаоѓало извесни остатоци кои се протегаат се до реката Шемница. Следната година ќе пробаме со отворање на контролни сонди во самото село да се обидеме да ги потврдиме тие сведочења и полека да го формираме ареалот на градот. Јасно е дека се работи за градска населба, доста развиена во која досега пронајдовме керамички производи и садови, односно фина керамика која не е работена на ова поднебје, туку е увезена од некои поголеми градски центри. Потоа, пронајдовме монети и освен депото на сребрени монети од римскиот републикански период, ние пронајдовме и многу други монети низ локалитетот кои се од различни периоди, односно од римската република, потоа монети ковани во Солун, во Пела, во Драч и Аполонија, монети од македонските кралеви како што е Филип Петти, последниот македонски крал, а имаме и монети од Александар III Македонски. Тоа потврдува дека во овој град имало богат живот и затоа се надеваме дека со наредните истражувања ќе добиеме и постари монети кои ќе ја потврдат приказната за долгогодишното постоење на градот, посочи Насух. Во депоата на НУ Завод и Музеј-Битола веќе се чуваат монета на Александар Трети Македонски, но и 217 сребрени републикански римски монети кои датираат од 104 година пред новата ера до 41 година пред новата ера. Има наоди кои што се од крајот на старата ера, крајот на римската република и почетокот на империјалниот период. Како постари наоди се камените секири кои што датираат од енеолитот, бронзеното време... многу порано од цивилизираното живеење во градот што покажува дека се работи за една долгогодишна традиција на живеење во Градиште. - Најново можам да кажам, нешто што се уште во јавност не е презентирано бидејќи материјалот се обработува, а тоа е податокот дека пронајдовме слој од доцниот енеолит или почетокот на бронзеното време, односно праисторија. Тоа значајно ни ја поместува долната граница на живеење на овој простор. Тука се работи за керамика специфична за тој период и една фрагментирана женска фигурина. Тоа за нас археолозите е многу значајно. Откритието е од оваа година и останатите монети во моментов се чистат, систематизираат и документираат во Музејот. Можеби нема некоја посебна сензационалност, но камчињата во мозаикот ни овозможуваат да ја формираме сликата за локалитетот Градиште кој се наоѓа на 12 километри од центарот на Битола. Тоа може да биде извонредна културолошка точка. Нашите планови со американскиот тим се движат во таа насока, истражување и презентација на локалитетот. Веруваме во поддршка од локалната самоуправа во смисла на инфраструктурна поддршка и други услови кои ќе овозможат пристап до локалитетот и негова туристичка афирмација. Странските туристи треба да ја знаат приказната од Градиште, заснована на нашите пронајдоци, вели археологот Насух. Соработката со американскиот тим овозможи античкиот локалитет Градиште-Црнобуки да се истражува со поддршка на најсовремена опрема и технологија која првпат се применува на ова поднебје. Во функција ставен е специјален радар (GPR Radar), сопственост на американскиот универзитет кој овозможува подземно истражување на целиот локалитет. Употребена е и ЛИДАР технологија, ласерски апарат кој се става на дрон кој што снима од висина, ја отстранува цела вегетација на теренот и ја снима само цврстата форма, односно станува видлива целата конфигурација на теренот. Исто така, преку оваа соработка имаме пристап до лабораторија во Остин-Тексас, каде се врши хемиска и физичка анализа на остатоци од коски, пепел, дрво, метал и друго. Тоа, појаснува Насух, помага околу одредувањето на хронологијата, како и за тоа како работеле нашите претци. - Оваа успешна приказна за Градиште ја дополнува медиумскиот интерес за овој наш потфат. Со американските колеги успеавме да направиме медиумска кампања за локалитетот Градиште-Црнобуки. Веста беше објавена во американските медиуми, потоа беше преземена од европски медиуми, во последниов период тука работат Си-Ен-Ен и Дојче Веле, и секако од првиот момент со нас е МИА. Оваа медиумска кампања е добра за нашата археологија, и на овој начин ние успеваме да влеземе на археолошката карта на Европа и светот. Стануваме видливи. Добро е вакви соработки да има уште повеќе за да излеземе од нашите локални рамки. Зошто го велам ова?! Затоа што нашите археолози се одлични археолози кои може да стојат рамо до рамо со европските археолози. Нам ни недостига финансиска поткрепа, а знаење и желба за работа имаме. Државата треба да даде свој придонес и да не чекаме само странска поддршка за нашето културно наследство. Медиумската поддршка ни помогна да создадеме нови пријателства, а на следниот археолошки камп ќе бидеме домаќини на студенти и од други држави со оглед на тоа што се залагам за космполитски тим, за мешан студентски тим од светот кој кај нас ќе учи археологија. Тие ќе бидат нашите најдобри амбасадори во светот, нагласи Насух. Соработката на НУ Завод и Музеј-Битола со Универзитетот Поли Хамболт е проширена и со Институтот за старословенска култура-Прилеп. Ние како две институции, создадовме база која овозможува стабилна работа на подолг период. Нашата национална установа ужива висок кредибилитет и интегритет и тоа е гаранција за овој и идни проекти. Фактографијата е потврдена бидејќи движниот материјал пронајден на локалитетот од Градиште-Црнобуки е тука во нашиот град, а во постер форма неодамна беше презентиран на изложба во Корча, Албанија. Постер изложба ќе биде поставена и во САД на Универзитетот Поли Хамболт во градот Арката.Тагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ХороскопДневен хороскоп за 14. ноември 2026 година Дневен хороскоп за сабота, 14. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ги тргнете од дневенред грижите што ве измачуваа и ќе се посветите на љубовта со доверба. Тоа ќе биде чекор напред. Кариера Не заостанувате со свежи идеи, но би сакале промените да се одвиваат побргу. Сепак , се движи во таа насока. Здравје и совет Прифатете ја реалноста. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Додека односто со партнерот се одвива мирно и познато, наеднаш ви паѓаат на памет сосема откачени идеи. Кариера За да ја збогатите работата или проектот на кој што работите , ќе се послужите со својата интуиција , од каде ќе црпите идеи. Здравје и совет Верувајте во себеси. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ја комбинирате реалноста со фантазијата. Така на посебен начин ќе го збогатите својот однос со саканата личност. Кариера Кога на некои им оди , им оди. Немате грижи , многу работи се одвиваат и подобро отколку што сте се надевале. Здравје и совет Немојте да се препуштате на неодговорноста. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Дококлку сте подготвени да му се препуштите на партнерот и со доверба да му се препуштите на неговите идеи , ќе биде одлично. Кариера Веројатно ќе ви предложат нов договор или нови содржини на работното место , а за тоа ќе треба нешто да потпишете. Прво пручете го договорот. Здравје и совет Пад на имунитетот . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Она што ви недостига во односот со саканата личност ќе се обидете да го надоместите со фино однесување и љубезност. Кариера Ќе има се повеќе работа , а можно е да видадат и нови задачи или некого ќе заменуварте на работното место. Здравје и совет Одморајте се редовно. Овен 21.3-20.4. Љубов Добар пријател или пријателка денеска ќе ви предложи нешто интересно што ќе го вклопите во вашата љубовна врска. Кариера Главно ќе делувате од сенка. Тоа моментално ви одговара. Шансите за истакнување ќе дојадат подоцна. Здравје и совет Послушајте го својот внатрешен глас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Леснотијата со која ќе се дружите со пријателите ќе биде голема. Некои преку нив ќе најдат нова љубов. Кариера И натаму сте во фаза во која не сакате да се истакнувате. Некои од вашите колеги тоа ги изненадува , но вам ви е добро. Здравје и совет Опуштајте се редовно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Се е во рацете на вашиот партнер, а на вас е оставено што подобро да се прилагодувате. Кариера Доколку ви понудиле нов договор , земете го овој видекнд за размислување и не носете одлука пред понеделник. Здравје и совет Мирувајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Сметате дека некои потреби на саканата личност се претерани и дека не може да ги исполните. Тоа уште повеќе ќе ве оддалечи. Кариера Можно е денеска да работите повеќе од вообичаеното , зашто има многу работа. Нема да ви биде тешко. Другите ќе се опуштат. Здравје и совет Пресметајте си што имате на сметката. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска ќе покажете луцидност и сентименталност во исто време. Нежната страна на вашиот карактер ќе изклезе на виделина на радост на саканата личност. Кариера Веројатно ќе добиете шанса за да го искажете својот талент .Ќе биде кратко , неочекувано и возбудливо , така како што сакате. Здравје и совет Радувајте се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе биде силна потребата за блискост. Ќе се потрудите да бидете сами со саканата личност на место што го сакате. Кариера Своите атрактивни идеи ќе успеете да ги вклопите во сивото секојдневие. Ќе најдете за тоа и финансиски средства. Здравје и совет Пазете се од провев . Вага 24.9.-23.10 Љубов Не се сомневајте во своите љубовни способности. Личноста која ви се допаѓа е исто така заинтересирана за вас. Кариера Оние кои сакаат да сменат нешто на работното место, на чекор се до исполнување на тој план. Треба само да одредите на кој начин. Здравје и совет Зајакнувате и со духот и со телото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаИзвадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео) Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар во приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор.По трагичниот инцидент, полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и добро познат корисник на TikTok. Животното ја загуби контролата Нападот се случил во среда вечерта на фарма во населбата Кана, кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот. За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој претрпел повреди опасни по живот. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал, објавува Bild. Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за да снима видео содржина за социјалните медиуми. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир. Таткото и братот на починатиот млад човек, кој исто така работел на фармата, наводно биле присутни на нападот. View this post on Instagram A post shared by Arab News Pakistan (@arabnewspk) Покрената е кривична постапка Во жалбата поднесена од таткото на жртвата се наведува дека тигарот бил изваден од кафезот за да учествува во снимањето, што е забрането со прописите во пакистанската покраина Пенџаб. Чувањето големи мачки во таа покраина е предмет на строги правила. Животните мора да бидат регистрирани и микрочипирани, додека јавното прикажување на животни надвор од затворените простори е изрично забрането. По нападот, полицијата ги уапси сопственикот на фармата, Фејза, и TikToker-от, а трето лице подоцна беше приведено. Истражителите проверуваат дали сопственикот имал важечка дозвола за чување на тигарот, какви безбедносни мерки биле спроведени на имотот и дали имало небрежност што довела до смртта. Покрената е и кривична постапка. Властите запленија и 33 лавови Тигарот беше предаден на надлежните служби за заштита на дивите животни, додека, според пакистанските медиуми, од фармата беа запленети и 33 лавови. Медиумските извештаи наведуваат дека лиценцата за работа на фармата истечела во 2025 година. Полицијата истражува и вели дека по нападот, бил направен првичен обид сериозните повреди на младиот човек да се прикажат како резултат на напад од куче, а не од тигар. Сè уште не е познато кој се обидел да ги прикрие вистинските околности на инцидентот или од која причина. Истрагата за околностите на трагедијата е во тек.Тагови: тигар Тик Ток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноТинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)Полицијата во американската сојузна држава Џорџија соопшти дека двајца 13-годишници предизвикале застрашувачки инцидент на саемски рингишпил, во кој се повредени неколку лица, меѓу кои и две деца. Тинејџерите ги игнорирале предупредувањата да не се грабнуваат и влечат еден на друг за лулашките за време на возењето. Поради ова, како што се наведува, настанал „целосен хаос“ - патниците неконтролирано се свртеле и налетале еден на друг. Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија изјави за локалните станици CBS WRDW и WKRC дека 13-годишните деца биле предупредени пред да започне возењето да не се фаќаат еден за друг и да не ги свртуваат седиштата еден кон друг. Сепак, тие го направија тоа, пренесуваат медиумите. Против двајцата тинејџери се поднесени кривични пријави, јавува Law&Crime. На видеото кое стана вирално и објавено на Јутјуб и на социјалните мрежи, рингишпилот на есенскиот саем на округот Колумбија во Гроутаун може да се види како се врти надвор од контрола додека патниците се во паника. Кристен Марфи, мајка чии две деца биле на вртелешката, изјавила за WRDW дека сè изгледа како „тотален хаос“ и дека се плаши дека средството ќе „се распадне“ пред нејзините очи. „Не знам дали некогаш повторно ќе одам на саем“, рече Марфи. „Овие уреди постојано се поставуваат и се симнуваат. Ги оставате децата да ве зборуваат да одите на возење, мислите дека тоа е добра идеја. А потоа, следниот момент, се случува вакво нешто“, додаде таа. Новинарката на WRDW Мередит Андерсон во саботата објави на Фејсбук дека една жена била повредена кога се судриле лулашките и била однесена од саемот со брза помош. Подоцна, таа извести дека жената сè уште е во болница. Според извештаите, најмалку две деца се повредени. На видеото се гледа како рингишпилот ги врти патниците наоколу и успорува додека две лица на одделни висечки лулашки се обидуваат да се држат еден за друг, според WRDW. Според медиумот, се чини дека рингишпилот станал нестабилен додека лулашките се вртеле околу централната структура. Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави за WRDW дека истражителите веруваат дека тинејџерите намерно предизвикале рингишпилот да изгуби контрола. На нивните родители им била доставена документација со детали за обвиненијата, а двајцата тинејџери потоа им биле предадени на нивните родители. Властите не дадоа дополнителни детали за обвиненијата. Според WKRC, тинејџерите биле обвинети за непристојно однесување. Погледнете ја снимката од овој хаос: 🚨 The Columbia County Sheriff’s Office has charged two 13 year olds following an incident at the county’s fall fair. Deputies believe the teens intentionally grabbed onto one another while on a swing ride, despite prior warnings from staff not to do so. As the ride slowed, it became unstable, causing swings to slam together violently. A woman was injured and taken from the fairgrounds in an ambulance, while two children were treated for minor injuries. #ColumbiaCounty #FairSafety #PublicSafety #CrimeNews #GeorgiaNews — Amy Leigh (@IAmyLeigh) November 8, 2026 Тагови: рингишпил тинејџери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20