Хутите задржале 19 вработени на ООН во Сана, организацијата бара ослободување - Канал 5

Хутите задржале 19 вработени на ООН во Сана, организацијата бара ослободување

 Најмалку 19 вработени во Обединетите нации се задржани од страна на Хутите за време на акциите на, поддржаната од Иран, јеменска група против канцелариите на ООН во главниот град Сана, соопшти портпаролот на организацијата Стефан Дујарик.

Хутите задржале 19 вработени на ООН во Сана, организацијата бара ослободување

Осумнаесет од задржаните се јеменски државјани, а еден е странски државјанин. Дујарик побара нивно итно ослободување.

Акциите против канцелариите на агенциите на ООН за храна, здравство и деца во Сана следеа по израелскиот воздушен напад во четвртокот, во кој беа убиени премиерот на владата на хутите, Ахмед ар-Рахауи, и неколку министри.

Хутите се во војна со меѓународно признатата влада на Јемен, поддржана од коалиција предводена од Саудиска Арабија, од 2014 година, кога ја презедоа контролата врз Сана и поголемиот дел од северен Јемен. Хутите, официјално познати како Ансар Алах, се шиитска политичка и воена организација што настана во Јемен во 1990-те. Под водство на верскиот водач Хусеин ел-Хути, Хутитското движење се појави како опозициско движење на тогашниот јеменски претседател Али Абдула Салех. Во 2003, под влијание на либанската шиитска политичка и воена организација Хезболах, Хутите го усвоија својот службен слоган: „Бог е голем, Смрт на Америка, Смрт на Израел, Клетва на Евреите, Победа на исламот“. Пружајќи отпор на наредбата на Салех за негово апсење, Хути бил убиен од јеменската војска во Саада во 2004, по што започна бунт. Оттогаш, освен во еден краток период, движењето е предводено од неговиот брат Абдул-Малик ел-Хути.

Надежите за мировни преговори се намалија по нападот на „Хамас“ во јужен Израел на 7 октомври 2023 година, кој предизвика израелска воена операција во Газа. Хутите започнаа напади врз бродови во Црвеното Море во знак на поддршка за Палестинците во Газа, што доведе до одмазднички удари од САД и Израел во областите контролирани од бунтовниците.

Специјалниот пратеник на ООН, Ханс Грундберг, за време на посетата на Маскат, Оман, се сретна со главниот преговарач на хутите, Мохамед Абделсалам. Дујарик истакна дека Грундберг го осудил задржувањето на вработените и насилниот упад во канцелариите на ООН, предупредувајќи дека овие акции сериозно ја загрозуваат способноста на организацијата да испорачува хуманитарна помош во Јемен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови правила за јавните набавки - цената веќе не е единствен критериум

Повисоки прагови за набавки без редовна тендерска постапка, поголем акцент на квалитетот и вештачка интелегенција за „ловење“ на  злоупотреби. Собранието ги усвои измените на Законот за јавните набавки.

Нови правила за јавните набавки - цената веќе не е единствен критериум

Повисоки прагови за набавки без редовна тендерска постапка, поголем акцент на квалитетот и вештачка интелегенција за „ловење“ на злоупотреби. Собранието ги усвои измените на Законот за јавните набавки,

Прагот за набакви на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера. Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година.

Очекувањата на властите се дека измените кои се дел од Реформската агенда, ќе ги поедностават постапките, ќе ги намалат административните трошоци и ќе придонесат за поквалитетно трошење на јавните пари.

Сепак, од граѓанскиот сектор реагираат дека измените биле донесени без јавни консултации, ниту била објавена анализа која би го оправдала двојното зголемување на праговите.

-Не беше консултирана, да кажам, ниту стручната експертска јавност, граѓанскиот сектор. Ние поради тоа испративме еден допис до Собранието протестирајќи против таквиот начин на изработка на измените и на донесувањето, меѓутоа ништо не се случи во меѓувреме. Потребна е анализа којашто покажала дека треба двојно да се зголеми прагот. Значи, како е одредено дека од 1.000 евра сега е 2.000 евра? Да видиме анализа, да прочитаме дали е тоа изработено врз основа на некоја анализа или така е, паушално,- Герман Филков – центар за граѓански комуникации.

Измените предвидуваат и примена на критериумот цена – квалитет, односно при изборот на понудите да не се одлучува само според најниската цена, туку и според квалитетот што се добива. Предвидено е и унапредување на дигитализацијата и користење на вештачката интелегенција за анализа на податоци и препознавање ризични образци.

- Со примена на нови алатки и механизми како што е и вештачката интелигенција, може дополнително да се утврдуваат тие, да кажам, ризични процеси, ризични моменти во јавните набавки, како што се сега црвените знамиња, и дополнително тоа да значи, да кажам, некаква брана, некакви механизми за намалување на злоупотребите во јавните набавки,- Герман Филков – центар за граѓански комуникации.

Според граѓанскиот сектор и адвокатската комора, спорни се и измените во жалбените постапки со кои надоместоците за жалби се зголемуват од 50 до 200, на 150 до 600 евра, а фирмите нема да можат да ги надоместат адвокатските трошоци дури и кога би докажале дека жалбата им е основана. Адвокатите предупредуваат дека ова може да ги обесхрабри фирмите да ги оспоруваат спорните тендери.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог – закон за трансформација на работниот однос на пет илјади вработени на неопределено време

Околу 5.000 вработени со договор на дело во јавниот сектор да добијат редовен работен однос на неопределено време предлагаат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од каде во Собранието доставија нов предлог закон за трансформација.

Предлог – закон за трансформација на работниот однос на пет илјади вработени на неопределено време

Околу 5.000 вработени со договор на дело во јавниот сектор да добијат редовен работен однос на неопределено време предлагаат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од каде во Собранието доставија нов предлог закон за трансформација во редовен работен однос по скратена постапка. Според пратеникот Бојан Стојаноски целта е да им се помогне на илјадници лица кои со години работат со државните и јавните институции на определено време, а немаат како што рече сигурност на работното место, ги немаат сите права на платен одмор, социјално и пензиско осигурување.

- Станува збор за лица ангажирани со договори на определено време, договори на дело, авторски договори, преку агенции за привремени вработувања и други договори за извршување работа. Со решението се опфаќаат органите на државната власт, определени јавни установи од областа на здравството, културата, детската и социјалната заштита, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, заводите, фондовите и другите институции утврдени со законот, изјави - Бојан Стојаноски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Правото на трансформација ќе се однесува на лицата кои имаат важечки договор на денот на влегувањето во сила на законот и чиј договор останува важечки во моментот на трансформацијата, кажа Стојаноски.

Законот предвидува институциите да не смеат да ги раскинуваат договорите на опфатените лица додека не стапат во сила нивните решенија за вработување, освен во случаите на повреда на договорните обврски согласно законот.

-Институциите ќе имаат обврска во рок од 90 дена од стапувањето во сила на законот да ги склучат договорите, односно да ги донесат решенијата за вработување. Притоа, трансформацијата ќе се реализира фазно. За најмногу 50 проценти од опфатените лица, договорите или решенијата ќе стапат во сила веднаш со нивното потпишување, односно донесување. За преостанатите лица, договорите и решенијата ќе стапат во сила најдоцна до 31 декември 2027 година, објасни Стојаноски.

Од законското решение предвидени се и конкретни исклучоци. Изземени се акционерските друштва, воениот и цивилниот персонал на служба во Армијата при Министерството за одбрана, основните и средните училишта, ученичките и студентските домови, како и високообразовните и научните установи. Од листата исто така изземени се МВР Агенциите за национална безбедност и за разузнавање, БЈБ и уште неколку други.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“ - девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификување

Две нови обвиненија против вкупно девет лица за злоупотреби поврзани со даночните контроли во дискотеката Пулс во Кочани.

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“ - девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификување

Тамошното обвинителство поднесе обвинителен акт против три лица – двајца даночни контролори од УЈП кои побарале и примиле очила и рачен часовник со цел да го информираат за ненајавени вонредни контроли во фирмите каде третообвинетиот бил одговорно лице. Според информациите станува збор за инспекторите во штипската дирекција на УЈП, Драган Паунов кој инаку е брат на претседателката на скопскиот Кривичен суд Даниела Димовска, и Дуле Димитриев. Додека Михаил Јованов, синот на Дејан Јованов Деко, е одговорното лице во објектите. Информациите околу даночната постапка кои законски не смееле да ги оддаваат, иснпекторите на Михал Јованов му ги пренесувале преку вибер пораки.

-Двајцата даночни контролори се обвинети и за – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, бидејќи при извршена контрола во правниот субјект во кој одговорно лице бил третиот обвинет, на 06.03.2024 година утврдиле даночни неправилности и нерегистриран промет, но во записникот не ја внеле откриената незаконитост. Со ова на буџетот му нанеле шета од 98.400 денари кои останале како ненаплатена глоба кај прекршителот,- -ОЈО Кочани.

Дел од пораките меѓу Јованов и инспекторите, ИРЛ објави лани во септември. Комуникацијата посочуваше на дојави до дискотеката пред да има инспекциски контроли и подмитувања со подароци. Обвинителството тогаш потврди дека пораките се дел од доказниот материјал.

Шест лица пак се опфатени во обвинителниот предлог - четворица даночни контролори и инспектори од УЈП, и една вработена во ДПИ кои ги вршеле контролите во Пулс и фирмите на кои реален сопственик е Дејан Јованов – Деко, кој е шестообвинет.

-Констатираните неправилности не ги евидентирале и фалсификувале извештаи за извршените надзори. Со тоа на фирмите не им се наплаќале законски предвидените глоби. Во дејствијата на злоупотреба им помогнал и самиот реален сопственик,- -ОЈО Кочани.

Кривичната пријава првично опфаќала уште четири лица за злоупотреба на службената положба. За две лица постапката е запрена поради застареност, додека за другите две е утврдено дека нема дејствија на ова или на друго кривично дело што се гони по службена должност, велат од обвинителството.

Со овие две, за кочанската трагедија со пожарот во дискотеката Пулс каде загинаа 53 лица, досега има шест обвиненија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер