КошаркаХусел: Димитријевиќ, потпиша за БаернПлејмејкерот на Зенит, Ненад Димитријевиќ, потпиша договор со Баерн, објави новинарот Роберт Хусел на социјалните мрежи.- Според моите информации, трансферот на Ненад Димитријевиќ во Баерн е комплетиран. Договорот е со важност до крајот на сезоната, напиша Хусел. Дваесет и седумгодишниот македонски кошаркар играше за Зенит од јули 2025 година. Во сезоната 2025/26, тој одигра 10 натпревари во ВТБ лигата, со просек од 11,5 поени, 2,9 скока и 5,7 асистенции. Димитријевиќ претходно играше за Олимпија Милано, УНИКС, Валенсија и Хувентут.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Го пуштивме во употреба „Безбеден град“ – проект што спасува животи и гради побезбедна иднина„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните.Резултатите веќе го потврдуваат тоа. Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40% – од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година. Од почетокот на примената на системот се евидентирани над 130.000 сообраќајни прекршоци, а повеќе од 95% од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Тоа јасно покажува дека најголемата опасност на нашите патишта не се камерите – туку неодговорното возење. Продолжуваме со неговата имплементација низ целата држава, затоа што нашата цел не е да изрекуваме повеќе казни, туку да имаме помалку сообраќајни несреќи, помалку изгубени животи и побезбедни патишта за сите. „Безбеден град“ е технологија што спасува животи. Безбедноста нема алтернатива.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.06.2026 до 03.07.2026 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГолеми пожари беснеат во јужна Европа – во Франција евакуирани 10 илјади луѓеШумските пожари продолжуваат да беснеат низ јужна Европа, принудувајќи илјадници жители да ги напуштат своите домови, додека високите температури и силниот ветер дополнително ја влошуваат состојбата.Најкритично е во југозападниот дел на Франција, во близина на Перпињан, каде што се евакуирани повеќе од 10.000 жители. Повеќе од 700 пожарникари, со поддршка од специјализирани авиони, се борат со огнената стихија, што досега зафати околу пет илјади хектари. ALERTE - La situation est maintenant catastrophique dans les Pyrénées-Orientales. Des villages sont cernés par les flammes. https://t.co/kkegcPR0sK pic.twitter.com/nODqyxpMtz — Infos Françaises (@InfosFrancaises) July 5, 2026 Поради опасноста, француските власти донесоа одлука третата етапа од велосипедската трка тур де франс низ пиринеите да се одржи без присуство на публика. Пожари се активни и во Португалија, Шпанија и Грција. Токсичниот облак предизвикан од пожарот во Орео-Кастро кај Солун со помош на ветерот се прошири на југ кон Атика и стигна дури до Пелопонез поради променливите ветрови.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook