Хурем вљубена во Рустем Паша - купува куќа во Турција, до неговата

Преубавата Мерием Узерли се враќа од Германија во Турција поради нова улога, но не само поради тоа. Таа има нова љубов - актерот Озан Гувен, кој во „Величествениот“ го исраше Рустем Паша.

Мерием и Озен се во врска неколку месеци. Таа деновиве купила вила само на стотина метри од куќата на Озен во Турција.

201220141006157632214_2

Извесно време врската успешно ја криеле, пред да бидат „фатени“ од папараците.

Покрај Озан мерием изгледа среќна.





Таа помина тежок период откако во врската со бизнисменот Кан Атеш роди дете кое тој, кога дозна дека е бремена, не сакаше да се роди. Мерием истиот момент го напушти и него и серијата Величествениот, замина во Германија и ја роди својата ќерка Лара...



За првиот роденден на Лара, Мерием и напиша емотивна порака во која му се заблагодарува на Бога што ја избрал да и биде мајка.

- Моја Лара, моја голема љубов, мое срце, здив, мое се. Пред една година дојде во мојот живот и заедно доживеавме многу. Плачевме, се смеевме, а секој момент со тебе е исполнет со безусловна љубов. Му благодарам на Бога што си тука и што ме избра мене да ти бидам мајка. Среќен роденден и Господ секогаш да те чува - напиша Мерием.


s


Израелски борбени авиони нападнаа воени постројки на Хезболах

Израелската армија денеска соопшти дека нејзини воени авиони синоќа нападнале воени објекти на либанскиот Хезболах.

На платформата „Икс“ беа објавени видеа и список на нападнатите области „Кфар Кила, Ајте ал Шаб, Киама и Марун Ел Раса“.

Погодена е и инфраструктурата во областите на југот на Либан, како што се наведува, со цел „да се отстранат заканите во Таир Харфа и Џибејн“.

Израел и проиранскиот шиитски Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас, редовно разменуваат оган од 7 октомври минатата година, кога палестинските екстремисти предводени од Хамас ја нападнаа јужната израелска територија, по што почна војната во Газа.

Променливо облачно, попладне дожд, грмежи и град

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Аксиос: САД знаеле за изменетиот предлог за прекин на огнот даден на Хамас

САД знаеле за изменетиот предлог за прекин на огнот даден на Хамас, Израел не го информирале.

Израелските власти тврдат дека САД биле запознаени со елементите на изменетиот египетско-катарски предлог за прекин на огнот во Газа, но за тоа не го информирале Тел Авив пред Хамас да го прифати предлогот во понеделникот, пишува американскиот портал Аксиос.

Тројца израелски функционери тврдат дека соопштението на Хамас во понеделникот ја изненадило израелската Влада и дека Израел го добил текстот на одговорот на групата од посредници еден час откако Хамас јавно го објави соопштението.

Кога Израелците го прочитаа одговорот на Хамас, беа изненадени бидејќи видоа дека тој содржи „многу нови елементи“ кои не беа дел од претходниот предлог со кој се согласи Израел и кој пред десет дена САД, Египет и Катар му го претставиле на Хамас, изјавија официјални лица.

„Изгледаше како сосема нов предлог“, рече еден функционер.

Двајца високи израелски функционери велат дека Египќаните му дале нов предлог на Хамас без координација со Тел Авив, за време на престојот на групата во Каиро за време на викендот. Извор запознаен со предлогот рече дека САД ги поканиле Израелците во Каиро во текот на викендот, но Тел Авив одлучил да не го испрати тимот, што според нив е грешка, бидејќи довело по помала видливост на Израел за време на разговорите.

Аксиос наведува дека овој инцидент довел до разочарување и сомнеж кај високите израелски функционери во однос на улогата на САД во преговарањето на договорот за заложници, што може негативно да влијае на идните преговори. Висок американски функционер, од друга страна, тврди дека САД биле во контакт со израелската страна и дека „тоа не било изненадување“. Официјалниот претставник, исто така, рече дека администрацијата на Бајден го гледа одговорот на Хамас како контрапредлог, а не како нов предлог.

притисни ентер