Хурем султанката го сменила изгледот со пластични операции: „Парализирана“ од ботокс - Канал 5

Хурем султанката го сменила изгледот со пластични операции: „Парализирана“ од ботокс

Турската актерка Меријем Узерли стана позната во јавноста по улогата на Хурем султанката во серијата „Сулејман Величествениот“, но во последно време со својот изглед ги изненади фановите.

Хурем султанката го сменила изгледот со пластични операции: „Парализирана“ од ботокс

Не станува збор за фотошоп или совршено обработени фотографии, туку за пластични операции кои ги направила на лицето. Иако убавината е во очите на набљудувачот – на многу нејзини обожаватели не им се допадна нејзината трансформација.

Цртвенокосата султанка беше симбол за природна убавина, а за време на снимањето на серијата што ѝ ја донесе славата, таа немаше направено никакви корекции на лицето, па затоа нејзиниот нов изглед ги изненади многумина.

Сосема нормално, Узерли (41) како и секој човек старее, но актерката решила да ги „запре“ брчките и да го посети пластичниот хирург.

„Парализирана“ од ботокс

„Изгледаше фантастично, а глумата ѝ беше извонредна. Сега се има уништено со пластични операции.“

„Мислам дека корекциите ѝ се релативно умерени, а и серијата е снимана пред 15 години, па веројатно само малку остарела. Често прави фотографии од многу блиску, па затоа разликата е повидлива. На фотографии од поголемо растојание изгледа исто, само малку „парализирана“ од ботокс, хаха.“

„Само не ми се допаѓа што ги загуби округлите образи – можеби тоа е резултат на стареењето, но ми се чини дека имало и намерно подигање“, пишуваше на Редит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кувајт: Ирански проектил погоди електрична центарала и погон за вода

Кувајтска електрана и постројка за десалинизација беа погодени од ирански ракетен напад, при што беа оштетени објектите.

Кувајт: Ирански проектил погоди електрична центарала и погон за вода

Кувајтска електрана и постројка за десалинизација беа погодени од ирански ракетен напад, при што беа оштетени објектите, беше предизвикан пожар и беа уништени голем број единици за производство на енергија, соопштија денеска кувајтските власти.

Пожарникарите го ставија пожарот под контрола, додека техничките тимови започнаа со работа за проценка на штетата, обезбедување на постројката и рестартирање на погодените единици што е можно поскоро, соопшти Министерството за електрична енергија, вода и обновлива енергија.

Иран денеска соопшти дека извршил нови напади врз американски објекти на Блискиот Исток, вклучувајќи го и својот прв директен напад во Сирија, по шестата ноќ по ред американски напади врз иранските воени објекти. Рано утрово, иранската војска соопшти дека нападнала американски објекти во Бахреин и Кувајт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златан Ибрахимовиќ по долго време се појави во јавност со партнерката Хелена- се сликаат со Ѓоковиќ

Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ и неговата партнерка Хелена Сегер беа снимени во Њујорк на премиерата на документарецот за тенисерот Новак Ѓоковиќ. 

Златан Ибрахимовиќ по долго време се појави во јавност со партнерката Хелена- се сликаат со Ѓоковиќ

Бидејќи ретко се појавуваат заедно во јавност, нивното доаѓање привлече внимание.

Се сликаа со Ѓоковиќ

Вчера, Ибрахимовиќ и Хелена Сегер присуствуваа на премиерата на филмот наречен „Новак Ѓоковиќ: Волкот во зима“. Двојката изгледаше расположена, а на црвениот тепих се фотографираа и со самиот Ѓоковиќ, со кого Ибрахимовиќ е долгогодишен пријател. Ова заедничко излегување им се допадна на многу фанови на поранешниот фудбалски напаѓач.

Тие се заедно од 2002 година.

Љубовната врска меѓу Златан Ибрахимовиќ и Хелена Сегер е една од најдолгите во светот на спортот. Тие се заедно од 2002 година, а се запознале откако Ибрахимовиќ ја блокирал нејзината со својот автомобил, што започнало жестока расправија.

Во истата година, тие започнале врска која продолжува и денес. Пензионираниот фудбалер еднаш откри дека ѝ предложил брак на својата партнерка, но таа го одбила. Иако не се официјално во брак, нивната врска е позната како многу силна и стабилна со години. Двојката има два сина, 20-годишниот Максимилијан и 18-годишниот Винсент. Тие ги држат своите деца, исто како и нивниот љубовен живот, подалеку од очите на јавноста. Токму затоа фановите со задоволство ги дочекуваат ретките прилики кога можат да ја видат познатата двојка заедно, како што беше случајот на премиерата на документарецот за Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пропадна примирјето: САД шест дена го бомбардираат Иран, Техеран возврати со ракети

Примирјето постигнато пред еден месец веќе не постои. Шести дена американската војска напаѓа цели врз Иран, а прв пат, како што објавуваат иранските агенции е сериозно погодена цивилна инфраструктура.

Пропадна примирјето: САД шест дена го бомбардираат Иран, Техеран возврати со ракети

Уништени биле шест мостови, железничка станица и аеродром и пристанишна кула, каде загинале најмалку осум цивили. Главна мета била јужната провинција Хормозган, чии мостови водат кон крајбрежјето на Ормутскиот теснец. САД засега не ги потврдуваат ваквите тврдења, иако американскиот претседател Трамп тоа неодамна го најави. Во синоќешното обраќање до нацијата само кусо рече.

-Постигнуваме голема победа во Иран и ќе ги видите резултатите многу наскоро. Америка се врати и се справува многу добро. Се уште имаме голем предизвик на кој мора итно да се одговори. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Техеран соопшти дека возвратил со проектили врз американски воени објекти во Кувајт, Бахреин и Оман, а мета прв пат од почетокот на војната била и источна Сирија, на границата со Јордан, каде бил погоден американски команден центар. Од обновувањето на конфликтот, Иран досега пријави 40-ина загинати и 600 повредени.

-Се што остана недопрено поради нашата воздржаност, односно целата инфраструктура низ регионот, ќе биде уништено од железните удари на моќните воени сили на Исламската република Иран. , изјави Ебрехим Зулфагари, портпарол на иранската војска.

Откако стана јасно дека мировните преговори се пропаднати, дел од западните аналитичари сметаат дека неопходна е промена на американската стратегија, чиј приоритет треба да биде суштинска промена на режимот.

-Сега мислам дека Трамп сфаќа дека преговорите се бескорисни и дека не може да ги постигне со Иранците. Тој треба да најде начин да постигне победа преку економски притисок, пошироки воени напади насочени кон Револуционерната гарда. Не мислам дека Американците имаат целосна стратегија за победа, изјави Петер Јенингс, безбедносен аналитичар за Скај Њуз.

По ескалацијата на конфликтот, Ормутскиот теснец останува практично затворен. Западните медиуми објавија дека вчера само три брода успеале да поминат низ клучната нафтена рута, чија блокада се заканува повторно да ги вивне цените на нафтата како по почетокот на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер