ТехнологијаХуманоиден робот знае да ги услужи и расположи луѓето со вицови (ВИДЕО)Хуманоидниот робот Пепер , висок 1,20 метри , знае да препознае основни човечки емоции и да ги расположува луѓето , ако забележи дека се несреќни.Пепер знае да кажува вицеви , да разговара и да препознава со каков тон му се обраќаат луѓето. Пепер комуницира со глас и со пораки на таблет. Претставен е пред четири години , а сега со помодерни карактеристики , се користи банки , на аеродроми , универзитети , а најмногу го користат во ресторани. Softbank Robotics најавува дека нивниот робот ќе добие нова работа следната година. Тој ќе работи во едно кафуле што ќе се отвори во Токио. Тоа нема да биде целосно „роботско“ кафуле, но роботите во него треба да работат со луѓе. Тие ќе им служат на гостите кои ќе можат во пракса да видат како ќе изгледа иднината во која нашите видови би коегзистирале со роботите: „Наша цел е да создадеме простор каде луѓето ќе можат да живеат заедно со роботи и да уживаат во еволуцијата на роботите“, соопштија од Softbank Robotics во најавата за отворањето на кафулето. Местото ќе се вика „Пепер салон“ и ќе продава кафе и вафли. Креаторите на „Пепер“ забележуваат дека роботите нема да работат во нивното кафуле за да ја зголемат ефикасноста и да ги заменат луѓето, туку дека Пепер ќе донесе нови можности за услуги и „ќе ги израдува луѓето“. Несомнено е дека роботот ќе се снајде добро во новата улога, бидејќи покрај тоа што е достапен на аеродромите, банките и слично, тој веќе работел како келнер. Поточно, во Будимпешта роботот ги служи гостите, додека во кинескиот „Pizaa Hat“ прима нарачки за гости. Исто така, хуманоидниот робот е присутен во многу домаќинства, и кога неговата продажба почна во Јапонија пред четири години, сите 1.000 парчиња - колку што беа достапни , се распродадоа за помалку од една минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВтор ден од посетата на Македонија на индиската претседателка МурмуПретседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град СкопјеПретседателката на Индија Друпади Мурму на вториот ден од официјалната посета на земјава, денеска заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто се обратија на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди. По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во стариот град на Охрид. Вчера, на првиот ден од посетата на индиската претседателката заедно со владината и бизнис делегацијата, на средба во Вила Водно со Сиљановска Давкова, ги потврдија пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија. Ова е прва посета на индиски претседател на државава. Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЕвропаПоследната порака на Олександр Сирски Во контраофанзивите оваа година, Украина успеа да поврати 700 километри од својата територија, соопшти денес началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина во заминување, Олександр Сирски.Тој на својот канал на платформата „Телеграм“ потврди дека ја напушта функцијата началник на Генералштабот и истакна дека на својот наследник, Михаил Драпати, му ја препушта армијата која „не само што ја одржува одбраната, туку и дејствува офанзивно“, пренесува „Ројтерс“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека денеска ќе биде официјализирана неговата одлука Михаил Драпати да биде назначен за нов главен командант на Вооружените сили на Украина, со што ќе го замени Олександр Сирски. „Заедно со Михаило, Јевгениј Хмар и Павло Палис, утврдивме како треба да се реорганизира Генералштабот на вооружените сили на Украина. Факт е дека Олександр Сирски постигна резултати за Украина во одбраната на Киев, офанзивата кај Харков и операцијата во Курск. Изминавме долг пат, одбраната на Украина продолжува и кон секој борец мора да се постапува достоинствено“, изјави Зеленски во објава на платформата X.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Фудбал„Тепачот“ Паредес конечно проговори по хаосот во финалето против ШпанијаАргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес даде изјава по драматичното финале на Светското првенство.Паредес беше иницијатор на агресивните напади на Аргентинците кон шпанските фудбалери по последниот судиски свиреж. Тој ја шокираше јавноста со своето прегрубо и „валкано“ однесување, физички напаѓајќи го Гави и упатувајќи навреди кон другите фудбалери од противничкиот тим. Сега, тој се огласи на социјалните мрежи. „Ти благодарам, Аргентина; Те сакам сега и засекогаш. Денес пишувам со длабока тага во душата, бидејќи не успеавме да ја донесеме радоста што нашата земја толку многу ја заслужува, но сепак срцето ми е полно со гордост знаејќи дека го дадовме максимумот и уште еднаш гордо го кренавме нашето знаме! Ви благодарам на сите што беа дел од оваа репрезентација – на оваа група играчи кои дадоа сè од себе за да го претстават овој дрес, борејќи се до последната секунда од секој натпревар! Беше чест да се биде дел од најдобрата аргентинска репрезентација во историјата!“, напиша Паредес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter