Хуманоиден робот го удри програмерот: Терминаторот започна (ВИДЕО) - Канал 5

Хуманоиден робот го удри програмерот: Терминаторот започна (ВИДЕО)

Хуманоиден робот за време на демонстрации во Кина го шутна човекот што го управуваше и му го собори далечинскиот управувач од рака. 

Хуманоиден робот го удри програмерот: Терминаторот започна (ВИДЕО)

Видеото од необичниот момент го објави Fox News, а сцената веднаш предизвика бројни шеги за Терминаторот и Скајнет на социјалните мрежи.

Видеото прикажува човек со далечински управувач во раката додека хуманоиден робот пред него изведува серија брзи движења. Во еден момент, роботот ја замавнува ногата кон програмерот, удирајќи го и соборувајќи го далечинското од рака. Потоа роботот продолжува да ги извршува движењата додека човекот се оддалечува.

„Сара Конор нè предупреди“

Снимката привлече голем број коментари, а сцената веднаш потсети многумина на научнофантастични филмови за роботи кои се свртуваат против луѓето.

„Само да имаше филм од 80-тите што се обидуваше да нè предупреди...“ се пошегува еден корисник.

„Сара Конор нè предупреди, но ние едноставно не сакаме да слушаме“, напиша друг корисник, осврнувајќи се на Терминаторот.

„Скајнет станува свесен за себе“, „И велат дека Скајнет е невозможен“ и „Никој што го гледал Терминатор не е изненаден од ова“, се само некои од коментарите.

Други се потсетија на филмот „Јас, Робот“. „Јас, Роботот почна“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Дали никој не го гледаше Јас, Роботот? Ова е само почеток!“

Дали човекот само му се пречел на патот на роботот?

Сепак, некои корисници предупредија дека видеото не покажува дека роботот решил сам да го удри човекот. Со оглед на тоа што човекот го држи далечинскиот управувач во рака, можно е роботот едноставно да извршувал дадена низа движења, а човекот се приближил премногу до него.

„Повеќе изгледа како човекот само да му се пречел на патот на сопствениот робот откако притиснал копче на далечинскиот управувач“, коментирал еден корисник.

„Тој стартувал програма што била инсталирана, а потоа му се пречел“, се согласил друг.

„Зошто на роботите им се предаваат боречки вештини?“, прашал еден корисник, додека друг коментатор едноставно ја опишал целата ситуација како „механички дефект“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).

Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.

Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба.

Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој  престојува во официјална посета на земјава.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации.

Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер