Хуманитарна велигденска изложба во Делчево - Канал 5

Хуманитарна велигденска изложба во Делчево

Во организација на локалната самоуправа во спомен домот АСНОМ во Делчево е отворена традиционалната хуманитарна велигденска изложба.

Хуманитарна велигденска изложба во Делчево
На изложбата се презентирани стотици експонати од ракотворби, цртежи, велигденски јајца и други украсни предмети.

Градоначалникот на Делчево, Дарко Шехтански, на посетителите и на учесниците на овој настан им го честиташе големиот христијански празник-Воскресението Христово, а на авторите на трите најдобри ракотворби им врачи пригодни награди.

Во хуманитарната велигденска изложба учествуваат ученици од основните училишта. „Св. Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“, децата од Јавната установа - Детска градинка „Весели цветови“, питомците од Дневниот центар за лица со посебни потреби, невладини организации и здруженија на граѓани.

Сите изложени експонати се од продажен карактер, а собраните средства се наменети за Дневниот центар за лица со посебни потреби. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер