Хуманитарна изложба во скопската Зоолошка - Канал 5

Хуманитарна изложба во скопската Зоолошка

 Под мотото „Биди суперхерој за животните“ денеска во скопската Зоолошка ќе се одржи изложба со хуманитарен катарктер. 

Хуманитарна изложба во скопската Зоолошка

На изложбата, што ќе биде отворена во 12 часот, ќе може да се видат уметничките дела што студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија од АУЕ- Фон ги сликаа на лице место во скопската Зоолошка, инспирирани од животните и природата.

- Секој посетител ќе може со одредена донација да стане сопственик на едно од уметничките дела на талентираните студенти, а со тоа да биде општествено одговорен и да се приклучи кон зголемување на благосостојбата на животните во ЗОО Скопје, велат организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моќен старт на Културното лето во Кисела Вода. Вечерва во Расадник- Лозано, Влатко Миладиновски и Таско

Со силна енергија и одлична атмосфера, Општина Кисела Вода синоќа го означи почетокот на овогодишното Културно лето. 

Моќен старт на Културното лето во Кисела Вода. Вечерва во Расадник- Лозано, Влатко Миладиновски и Таско

Под слоганот „Кисела Вода - најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“, свеченото отворање во Драчево покажа како вистински се слави 71-от роденден на општината.

Почетокот на манифестацијата помина во знакот на македонскиот фолклор преку одличниот настап на КУД „Китка“. Одличен концерт потоа одржа Андријана Петрушовска, а вистинско музичко уживање приреди култната „Љубојна“ во придружба на талентирани ученици предводени од Вера Милошевска Јосифовска. За одличниот финиш на првата фестивалска вечер се погрижи минатогодишниот победник на „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ.

Културното лето продолжува и денеска. Од 18 часот, Здружението на пензионери, во паркот Шопен, организира Коријада, каде сите собрани средства од продажбата на нивните печива ќе бидат наменети во хуманитарни цели. Во склоп на настанот ќе се одржи и хуманитарна изложба на ракотворби изработени од деца со посебни образовни потреби. Музичкиот дел од оваа дневна програма ќе биде збогатен со изведбите на фолклорната група „Пензионерски бисери“ и хорот на Вања Лазарова.

Вечерва, Општина Кисела Вода ги поканува сите во паркот Расадник, пред новоотворената сала, каде од 20 часот следува богата музичка програма со истакнати домашни изведувачи.

Агендата започнува во 20:00 часот со настапот на ДЈ Марио Трампет и ДЈ Доријан. Во 21:00 часот пред публиката ќе се претстави познатиот Влатко Миладиновски. Од 22:00 часот следува концерт на една од нашите најголеми и најбарани поп ѕвезди, Лозано, а во 23:00 часот вечерта ќе ја заокружи еден од најактуелните артисти на новата урбана сцена, Таско, сопоштуваат од Општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германија и Унгарија се најтешко погодени од топлотниот бран што ја погоди Европа

Се очекува најмалку 193 милиони луѓе во Европа, вклучувајќи 75 милиони жители на Германија, да бидат изложени на температури над 35 степени Целзиусови во одреден момент денеска, покажаа пресметките на АФП. 

Германија и Унгарија се најтешко погодени од топлотниот бран што ја погоди Европа

Тоа е зголемување во споредба со вчера, со оглед на тоа што топлотниот бран постепено се движи кон североистокот на континентот.

Генерално се очекува максималните температури да надминат 30°C во областите на Европа каде што живеат повеќе од 404 милиони луѓе, што е малку пониско од претходниот ден. Оваа анализа, заснована на прогнозите на Германската метеоролошка служба и проекциите за населението за 2025 година од страна на Заедничкиот истражувачки центар, се совпаѓа со податоците од австриската невладина организација Климадашборд.

Вчера, временскиот модел пресметан во 3:00 часот по Гринич предвиде дека 150 милиони луѓе ќе бидат изложени на температури над 35°C.

Германија и Унгарија најтешко погодени

Меѓу областите најтешко погодени од екстремно високи температури во саботата, се издвојува Германија, каде што се очекува температури над 30 степени Целзиусови да бидат изложени на околу 82 милиони луѓе, од кои 75 милиони ќе мора да се справат со температури повисоки од 35°C.

Во Унгарија, речиси целата земја ќе биде изложена на температури над 35°C во сабота, што ќе влијае на повеќе од 9 милиони жители.

Топлотниот бран зафати и голем дел од Австрија, вклучувајќи ја областа на главниот град Виена, потоа Чешка, особено Прага, и големи делови од Полска.

Од Грција до Скандинавија

Поголемиот дел од Стариот континент, од Грција и Италија до Данска и јужниот врв на Шведска, ќе бидат со температури над 30°C, иако се очекува Лондон, Португалија и делови од Шпанија да останат релативно непроменети.

Симптомолозите во Франција очекуваат температурите да надминат 35°C во област од околу 26 милиони луѓе, што е пониско од претходниот ден.

Методологија: Комбинација од модели и густина на населението

За да ги утврди овие податоци, АФП користеше метод сличен на оној на организацијата Klimadashboard, комбинирајќи го моделот за временска прогноза на Deutscher Wetterdienst (DWD), германската метеоролошка служба, со густината на населението.

Со оглед на тоа што точноста на тој модел е приближно 6,5 км, тој не може целосно да ја одрази состојбата на урбаните топлински острови, изјави за АФП Дејвид Јаблонски од невладината организација Klimadashboard.

Затоа, анализата „веројатно го потценува бројот на луѓе погодени од високи температури во густо населените урбани области“, според веб-страницата на European Heat Tracker.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Нов безбедносен инцидент го потресе стратешки клучниот Ормутски теснец откако неидентификувана ракета погоди комерцијален танкер додека плови, потврди денес Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO).

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на морето по ударот и дека истрагата за сторителите е во тек.

Одмазда за „Евер Лавли“

Овој напад доаѓа во време на ескалација и нови воени конфликти во регионот што се разгореа само неколку часа претходно. Имено, Соединетите Американски Држави извршија обемни воздушни напади на јужниот брег на Иран во текот на ноќта, таргетирајќи ги воените позиции таму.

Пентагон официјално потврди дека иранските ракетни и радарски системи, како и базите на беспилотни летала, биле погодени во таа операција, што беше директен одговор на Вашингтон на иранскиот напад со беспилотни летала врз контејнерскиот брод Евер Лавли, кој плови под сингапурското знаме.

Падот на прекинот на огнот во Исламабад

Техеран не чекаше долго за да одговори на американските воздушни напади. Иранското Министерство за надворешни работи веднаш објави дека неговата војска започнала „одбранбени напади“ против воени цели директно поврзани со американските сили во регионот. Во исто време, тие го обвинија Вашингтон за грубо кршење на Повелбата на ОН и неодамна постигнатиот Меморандум за разбирање од Исламабад, според кој Иран се обврза на траен прекин на воените операции во оваа област.

Бахреин, исто така, се огласи утрово, остро осудувајќи го Техеран откако неколку ирански беспилотни летала го нарушија неговиот воздушен простор рано утрово и ја нападнаа територијата на кралството. Властите во Манама изјавија дека со ваквите потези Иран директно ги поткопува тешко заработените мировни напори и официјално побараа итна интервенција од Советот за безбедност на ОН со цел да се спречи понатамошната ескалација на конфликтот во Персискиот Залив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер