ЖивотХуманитарна акција за Дневниот центар за деца на улица „Израдувај дете од улица“ е акцијата која Здружението за заштита на правата на детето „Лице в лице“ ја организира за децата од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, во која граѓаните, организациите, компаниите и сите кои сакаат да помогнат и да ги израдуваат овие деца – носејќи им храна. - Целта на оваа активност е да се поттикат граѓаните да се вклучат во помош и поддршка на стотина деца кои се згрижени во Дневниот центар за деца на улица. Се надеваме на нови „лице в лице“ дружби, директно запознавање со проблемите и можностите за помош и поддршка, но и поттикнување на константна грижа, истакнуваат од Здружението. Граѓаните кои ќе се приклучат, ќе можат да го посетат Дневниот центар во Шуто Оризари на 18 и 25 декември од 11 до 15 часот, како и на 20 и 27 декември од 12 до 15 часот, кога ќе можат да се дружат со децата, но и лице в лице, да ги слушнат нивните приказни, состојбата во која се наоѓаат, и да ги израдуваат носејќи им храна која ќе ги задоволи нивните основни потреби за оваа зима. -Годинава, за разлика од претходниве две години, имаме и повеќе деца кои се згрижени во Дневниот центар, па затоа, очекуваме да се вклучат сите оние кои сакаат да споделат храна, но и шалче, капче, ракавички, кукла, количка, или други ситни нешта кои носат радост. Секако, тука се и задолжителните насмевки, гушкања и дружби. Важно ни е, овие деца, кои поради повеќе причини не ја добиваат потребната грижа од своите блиски, да имаат можност да доживеат радост и среќа, дружење и добрини со вас, солидарните граѓани кои сакаат, знаат и можат да придонесат за подобар живот и поубав свет, велат од „Лице в лице“. Во Дневниот центар има повеќе од 100 деца, а просторот нема услови за готвење. Од Здружението препорачуваат да не се носат супи, тестенини или останати производи кои треба да се варат или печат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВечерва на сцената на Македонската филхармонија два оркестра, два града „Профундис“ од Скопје и „Камерата“ од Нови Сад вечерва за првпат заедно на сцената на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица ДашиќСКОПЈЕ, 19.11.2026: Вечерва, во 20:00 часот, во Големата сала на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Музичарите од двата града ја споделуваат сцената во изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Наместо два ансамбли што настапуваат еден покрај друг, публиката ќе слушне една музичка целина, изградена од искуствата, изведувачките сензибилитети и уметничката енергија на двата оркестри. „За мене, посебната вредност на овој концерт е во тоа што на сцената нема да имаме два оркестри кои само настапуваат еден покрај друг, туку два ансамбли кои преку заедничката работа создаваат една музичка целина. Соработката со Камерата ни овозможува да го прошириме музичкиот простор, да ја почувствуваме силата на поголемиот ансамбл и да создадеме изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Верувам дека публиката ќе ја препознае енергијата, посветеноста и музичката комуникација што стојат зад овој проект“, вели маестра Ѓурѓица Дашиќ, основач и диригент на „Профундис“. Вечерната програма обединува четири дела од различни епохи и стилови. Публиката ќе ја доживее возвишената и полифонична звучност на „Фантазија на тема од Томас Талис“ од Ралф Вон Вилијамс, ритмичката динамика и современиот израз на „Последен круг“ од Освалдо Голијов и „Свита за гудачки оркестар“ од македонскиот композитор Стојан Стојков, а вечерта ќе ја заокружи темпераментната и виртуозна „Свита Кармен“ од Жорж Бизе, во оркестарска обработка на Родион Шчедрин. Од суптилноста на музичките линии до ритмичката енергија и драматичните контрасти, секое дело носи поинаков предизвик и ја покажува ширината на изразните можности на заедничкиот ансамбл. Со ваквите проекти, „Профундис“ продолжува да ја развива својата уметничка мисија, да воспоставува меѓународни соработки и да ја збогатува концертната сцена со внимателно осмислени музички продукции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евраПретседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за Украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет. Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година. Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривични пријави за два слуачи поврзани со силување децаПолицијата поднесе кривични пријави за два случаи во кои биле силувани деца.. Едниот случај се случил во февруари 2026 година, а другиот во јули 2025 година.„СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во февруари 2026 година, пријавениот извршил полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата. Втората пријава е поднесена протов двајца сторители. „СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(47) и А.Т.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во јули 2025 година, пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook