ЖивотХуманитарен новогодишен базар за печатење книги на Брајово писмоВо Скопје денеска ќе се одржи Хуманитарен новогодишен базар, а средствата што ќе бидат собрани ќе бидат наменети за печатење книги на Брајово писмо.Базарот е на иницијатива на неколку хумани жени, а го организира Lions Club Светлина од Скопје. Посетителите ќе имаат можност да купат користен накит и други подароци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНагелсман по дебаклот: „Не бегам, не поднесувам оставка“Јулијан Нагелсман останува на клупата на Германија по дебаклот на Светското првенство и поразот од Парагвај на стартот на елиминациската фаза, тој не планира да поднесе оставка и сака да се подготви за идните предизвици.Фудбалската репрезентација на Германија доживеа уште едно фијаско и на третиот Мундијал во низа останува без триумф во нокаут фазата. По титулата во Бразил, Германија беше елиминирана во групната фаза во Русија и Катар, додека сега во САД, Мексико и Канада успеа да ја помине барем првата фаза, пред да налета на Парагвај. Парагвајците досега покажаа малку, но со многу среќа поминаа во втората фаза и таму „покажаа заби“ на Германија, која ја исфрлија на пенали, со што го уништија митот за талентираниот тренер Јулијан Нагелсман. И покрај срамната елиминација Нагелсман не размислува на поднесување на оставка, тој планира да остане на клупата до крајот на договорот. „Тука сум. Ако Германската фудбалска федерација сака да останам до 2028 година, тогаш ќе останам. Ако не, тогаш ќе си одам“, рече Нагелсман. „Не сум некој што бега. Тука сум ако тоа го сака Германскиот фудбалски сојуз. Ако не ме сакаат, мора да ми кажат. Сакам да продолжам. Во фудбалот немате целосна контрола. Ако сакаат да останам, со задоволство ќе се подготвам за Европското првенство и Лигата на нации. Ако не ме сакаат, мора да го кажат тоа“, нагласи Нагелсман, кој е најмладиот тренер на Светското првенство со 38 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАЛос Анџелес Клиперс му врачи отказ на Богдан Богдановиќ!НБА тимот Лос Анџелес Клиперс го отпуштија Богдан Богдановиќ, кој сега е официјално слободен агент. Тие одлучија да ја активираат тимската опција за центарот Брук Лопез во вредност од 9.200.000 долари, потврдувајќи ја намерата на франшизата да го задржи. Според американскиот инсајдер Џек Фишер, клубот нема да ги користи опциите во договорите на Никола Батум и Богдан Богдановиќ, кои стануваат слободни агенти. ЛА Клиперс имаа опција да активираат уште една година од договорот на српскиот кошаркар и да го задржат, но одлучија да не ја искористат. Станува збор за тимска опција вредна 16 милиони долари за следната сезона, која клубот не ја активираше, па Богдановиќ отсега ќе има статус на слободен агент. Французинот Никола Батум имаше опција вредна 5,9 милиони долари. Иако беше стандарден и корисен дел од ротацијата, Клиперси се одлучија за финансиска флексибилност.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЗемјотрес во БиХЗемјотрес со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, 30 јуни, во 6:18 часот во близина на Зеница, Босна и Херцеговина.Според податоците на EMSC, епицентарот бил на 11 км од Зеница, на длабочина од седум километри. Ова се класифицира како плиток земјотрес, кој, и покрај помалата магнитуда, може да се почувствува на пошироко подрачје. Сè уште нема информации за материјална штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook