СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ!
1СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ!
Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
1Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
МакедонијаХуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангелиНа 15 јуни со почеток во 19 часот во Градски парк- Кочани ќе се одржи хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели.Настанот има за цел да ја обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за: • Изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“ • Помош и поддршка за семејства од ранливи категории Во рамките на програмата ќе бидат организирани: • Модна ревија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип • Продажба на фустани, при што сите собрани средства ќе бидат наменети за поддршка на хуманитарната цел на настанот 🎼 Музичка програмаТагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ!Антонио Милошоски денес панично го обвинува СДСМ, сакајќи да создаде алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ, чиј рок веќе истече.Милошевски кој денес го обвинува претседателот на СДСМ, не би можел воопшто да одржи прес конференција на тема Изборен законик, доколку беше донесен законот за двојно државјанство - кој панично го повлекоа од процедура за да не останат без министри во Владата ниту без пратеници во Собранието. Човек со бугарско државјанство нема легитимитет да одлучува за изборните правила на македонската држава. Она што денес го гледаме е паника во редовите на ВМРО. Тие брзаат да го донесат законот затоа што нема пари во буџетот, економијата е во колапс, а веќе нема пари ниту за пензии. Затоа им се брза на предвремени избори. Со реформската агенда не направија ништо. Мицкоски лично вети дека сè од реформите ќе биде завршено до 1 Јуни. Како изгледаат нивните „реформи“, јасно покажува фактот дека реформскиот закон за Судски совет, Европа го врати на повторно реформирање. Така изгледаат реформите кога ги спроведува организирана криминална група. Сега, за неисполнувањето на обврските кон ЕУ, повторно бараат алиби кај опозицијата поточно кај СДСМ, како единствена вистинска опозиција. За да им биде јасно на граѓаните каков е овој предлог на Изборен закон, СДСМ уште денес ќе поднесе амамдмани кон текстот на истиот. Сè што прави ВМРО-ОКГ е криминал, па така и овој закон. ВМРО е во паника затоа што веќе загуби 150.000 гласови, рејтингот на Мицкоски е целосно урнат поради секојдневните лаги, пари нема, па единственото што им преостанува е да ги забрзаат предвремените избори. Законот за техничка влада го укинаа на сила, без консензус. Сега го прават истото и со Изборниот законик. Наместо да ги решаваат најважните точки од реформската агенда, повторно прават претстава. Сè е еден голем театар со веќе познати глумци и нивните сателити. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожариВо рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.Денеска (29.06.2026) полициски службеници од СВР Куманово, СВР Штип и Полициското одделение Чашка на подрачјата на општините Липково, Берово, Свети Николе, Пробиштип и Чашка реализираа превентивни активности за заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и внимателност при извршување земјоделски работи. На граѓаните им беше посочено дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и сл. со цел брза и навремена реакција. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, кое соодветно законски се санкционира. Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци и ОВР Делчево во Кавадарци и Делчево пак, реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози технички исправно возило“, при што, беше нагласена обврската за редовно одржување на техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот, додека полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Неготино, во Неготино реализираа превентивна активност на тема „Користи сигурносен појас“, нагласувајќи ја обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. Притоа, на возачите им беше укажано дека користењето на сигурносен појас е законска обврска како за нив, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во Скопје денеска реализираа превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем. Во Виница, превентивните активности беа насочени кон запознавање на граѓаните со последиците што можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека управуваат возило. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИтно слетување на авион со повеќе од 230 лица: Активиран аларм, патниците евакуираниПатнички авион со 232 лица изврши итно слетување во Ерфурт, Германија откако за време на летот се појави чад од непознато потекло и го активираше противпожарниот аларм. Во инцидентот нема повредени.Авион на „Џет2“ со 225 патници и седум членови на екипажот изврши итно слетување на аеродромот во градот Ерфурт во централна Германија поради чад во авионот, но според локалните медиуми, никој не е повреден. Портпаролот на аеродромот во Ерфурт го наведе појавувањето на чад од непознато потекло како причина за итно слетување на патничкиот авион, објавува германскиот неделник „Штерн“. Според достапните информации, авионот „Ербас А321“ на британската авиокомпанија „Џет2“ полета од Грција за Лондон, но за време на летот беше активиран противпожарен аларм, по што авионот безбедно слета во Ерфурт, потоа беше евакуиран, а патниците беа сместени и згрижени на терминалот. „Џет2“ соопшти дека за летот до Лондон ќе биде обезбеден втор авион. Противпожарната служба на аеродромот не потврди дека избувнал пожар во авионот, а портпаролот на аеродромот сè уште не дал поконкретни информации за инцидентот, но Штерн рече дека авионот засега ќе остане во Ерфурт за технички преглед. Извор: Б92Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook